Пелагона Прва - Pelagona Prva

Пелагона Прва - Pelagona Prva Создаваме позитивни општествени промени преку планински активности и ја зајакнуваме улогата на жената во спортот.

Мал, но важен чекор за жителите на општина Кривогаштани
23/09/2026

Мал, но важен чекор за жителите на општина Кривогаштани

Од жените -за децата и иднината!  Lions Clubs InternationalLions District 132 North Macedonia Lions Club Prilep
19/09/2026

Од жените -за децата и иднината!

Lions Clubs International
Lions District 132 North Macedonia
Lions Club Prilep

Чувството дека повторно се враќам на високите планини е посебно, а особено кога станува збор за Хималаите.

Овој пат, чекорите ги правам како претставничка на Македонија, дел од хуманитарната акција  , посветена на создавање под...
15/09/2026

Овој пат, чекорите ги правам како претставничка на Македонија, дел од хуманитарната акција , посветена на создавање подобри можности за децата кои немаат еднаков пристап до образование.

Како дел од Здружението Пелагона Прва, веруваме дека спортот, планината и личните предизвици можат да имаат многу поголема смисла кога се претвораат во поддршка, можности и надеж за другите.

Особено за децата, девојчињата и жените – затоа што образованието и еднаквите можности се темел на посветла и поправедна иднина.

Затоа овој врв не го гледам само како лично достигнување.
Го гледам како симбол на надеж, храброст и можност.

Овој пат – за децата во Индија. 🇮🇳❤️

За оние кои немаат еднаков пристап до образование.
За нивните соништа.
За нивната шанса да создадат подобра иднина.

И за сите девојчиња и жени кои заслужуваат да имаат можност да го изберат својот пат, да сонуваат големо и да стигнат до својот врв.

Пелагона Прва – чекор по чекор, врв по врв, за една посветла иднина. ❤️⛰️
💫 Ut Kangri 6.070 mnv, Himalaya



Lions District 132 North Macedonia
Lions Clubs International
Маријана Ѓорѓиевска

Дали ова е табу тема или не?!
07/09/2026

Дали ова е табу тема или не?!

Атлетичарка доби менструација сред маратон, па продолжи без пауза и со крв на нозете стигна до целта за 2 часа и 35 минути. Прочитајте повеќе.

21/08/2026

Вчера во еден локал во центарот на Прилеп доживеав ШОК.
Влегов во женскиот тоалет и таму ме пречекаа влошки и влажни марамчиња — достапни за секоја жена на која во тој момент ѝ се потребни.
Толку едноставно.
Толку нормално.
А сепак, кај нас — толку ретко.
Менструалната правда не е нешто што некој треба да ни го „додели“ или да ни пресуди дека го заслужуваме. Таа се создава преку нашите секојдневни одлуки. Преку начинот на кој се грижиме едни за други. Преку малите промени кои на некого можеби му изгледаат безначајни, а на друг можат да му значат многу.
Затоа што промените не секогаш почнуваат со големи зборови. Понекогаш почнуваат со една мала кутија на вистинското место. ❤️
Браво, Паб Клуб Тераса! 👏🏻
#менструалнаправда #менструалнодостоинство #позитивнивредности

Со Општина Кривогаштани / Municipality of Krivogashtani започнавме соработка преку проектот за јакнење на локалниот женс...
20/08/2026

Со Општина Кривогаштани / Municipality of Krivogashtani започнавме соработка преку проектот за јакнење на локалниот женски активизам, а денес направивме уште еден чекор кон нејзино продлабочување и создавање нови можности за заедницата 🤝

Веруваме дека ова е само почеток на една успешна приказна.

Зашто кога локалната самоуправа има слух за потребите на своите граѓани и отвореност кон граѓанските организации кои сакаат да придонесат, се создава простор за вистински промени и убави приказни. 🌱
Игор Каравилоски - градоначалник на Општина Кривогаштани

Бидете дел од Културното спортско лето во Општина Кривогаштани
11/08/2026

Бидете дел од Културното спортско лето во Општина Кривогаштани

Општина Кривогаштани со задоволство ги поканува сите граѓани и посетители да бидат дел од овогодишното Културно-спортско лето во Кривогаштани, програма исполнета со спорт, култура, музика, театар, традиција и забава за сите генерации.

Во рамките на манифестацијата ќе се одржи турнир во мал фудбал, кој ќе ги собере љубителите на спортот и ќе донесе натпреварувачки дух и дружење во нашата општина.

Посебно место во програмата има концертот на отворено „Врбјанска Чука“, кој е организиран од Центарот за истражување на предисторијата, во соработка со Општина Кривогаштани. Овој настан е можност за уживање во музиката и дружењето под отворено небо, на самиот археолошки локалитет.

Љубителите на театарот ќе имаат можност да уживаат во претставата „Девојките на Марко“, реализирана во соработка со Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

Спортската програма продолжува со меморијален турнир во баскет, во организација на здружението ,,Урбано Гнездо Кривогаштани” кој ќе биде уште една можност за спортско натпреварување.

Традицијата и локалните производи ќе бидат во центарот на вниманието на Фестивалот на пиперката, организиран во соработка со ,,ЛАГ Агро Лидер''. Фестивалот има за цел да ја промовира пиперката како значаен земјоделски производ и да ја истакне локалната традиција, производството и вредностите на нашиот крај.

Културно – спортското лето ќе заврши со „Бела ноќ“, која и оваа година ја организира ,,Урбано Гнездо Кривогаштани'' со поддршка од Општина Кривогаштани. Вечер исполнета со музика, забава и дружење ќе биде убаво заокружување на целиот месец со активности.

Ве покануваме заедно да го прославиме летото во Кривогаштани, со спорт, култура, музика, традиција, дружење и добра енергија.

https://krivogastani.gov.mk/?p=9026

Вакви ресурсни центри ни се потребни на сите граѓански организации, во сите општини. Посакуваме успешна работа!TAKT - To...
30/07/2026

Вакви ресурсни центри ни се потребни на сите граѓански организации, во сите општини.
Посакуваме успешна работа!

TAKT - Together Advancing Common Trust 🫂👍🏻

30/07/2026

For lasting change to happen, women's rights organisations need trust, space to grow, and partnerships that evolve alongside the challenges they face. 🤝
Поточно кажано од ова не може! 👏🏻

Address

Prilep

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Пелагона Прва - Pelagona Prva posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share