04/01/2026
04.01.2026
Сезоната 2026-та Официјално отворена
Маркови Точакџии заедно со Вело Че и останатите браќа по точак традиционално по 7-ми пат на Маркови Кули како што означува и самото име на здружението
Благодарност до сите кои присуствуваа на заедничкото отворање на вело сезоната
Среќна Нова година и Божиќни празници
🚴♂️🇲🇰⛰️🚴♂️🇲🇰⛰️🚴♂️🇲🇰⛰️
11/09/2025
Фамилија Маркови Точакџии на одмор во Грција со точачината, малку возење 580км, малку одмор, малку море.
Прилеп - Дојран - Лептокариа - Воден - Битола - Прилеп
🇬🇷🚴♂️🇲🇰☀️🌊💪😎⛰️☕️🚴♂️
27/08/2025
По повод празникот Успение на Пресвета Богородица традиционално на 28.08. возиме до манастирот Трескавец. Тргнувањето е во 08.00 часот од бензиска Салида во Варош.
Спортски поздрав! 🚵🚵
25/08/2025
24.08.2025
Одличен ден низ прекрасната природа на Кожуф, од долги нагорнини со многу прашина, па спуст од 15км за на крајот да заврши со ручек и ладно пиво. Голема Благодарност до домаќините K3 Bike Hike and CampingК3 од Кавадарци за организацијата и гостопримството се гледаме на наредна тура
🌲⛰️☀️🇲🇰📷🚴♂️💪☀️🌲
21/07/2025
20.07.2025
Прекрасен ден низ прекрасната Шарпланина со сите нејзини убавини и посета на Лешница - Кривошијски Кади
И одлична дружба со екипата од Скопје и голема благодарност за дружбата со нив
🇲🇰🏔️🚴♂️💪🌊🌲🌱☀️🏔️📷🚴♂️
14/07/2025
Во недела (20.07.2025) возиме на Шар Планина со крајна цел Кривошијските кади на Лешница. Фантазија од предел, со пејсажи како никаде на друго место. Кој што не бил, ова е одлична можност да ужива во прекрасната природа на Шар Планина, а за доволно храбрите можност да влезат во ледените води на Кривошијскиот водопад.
Стартот е од 9 часот од Попова Шапка, возиме до водопадот и се враќаме по истата патека. Долга е 38 километри, 1200 елевација, со тежина 7/8 од 10.
Добредојдени се сите кои се доволно спремни, кои се љубители на природата и се отворени за добра дружба.
Вода и храна секој си носи во ранец, во зависност од неговите потреби. Сите возиме на сопствена одговорност!
Спортски поздрав! 🚵🚵
07/07/2025
06.07.2025
Прекрасна мтб тура низ пределите на преубавата Јабланица. Од стрмни искачувања па до брзи спустови и посета на Вевчанска Локва под самиот врв Црн Камен. И покрај големата жештина прекрасно поминавме благодарение на дебелите сенки низ шумите на Јабланица.
И секако голема благодарност до организаторите Rupicapra MTB Adventure team за одличната организација и гостопримството како и секогаш
🇲🇰🏔️🚴♂️💪😎
22/06/2025
Го посетивме Русево Бачило на Славеј Планина каде не пречекаа МТБ Kрали Марко како прави домаќини... услови идеални за педалирање, природата прекрасна, а Бачилото во екстра издание!
Се на се прекрасен ден, честитки за Крали Марко за одличната тура! 🚵🚵
ПС. Ова со имево треба да го продискутираме со пиво! 😁
09/06/2025
Другари и другарки по точак од цела Македонија, викендов се одржа третото издание на планинската велосипедска тура Ramnishte Cave MTB 2025 и од срце ви се заблагодаруваме на вашето присуство!
Топлото време не нѐ спречи да имаме одлична дружба на овој авантуристички настан. Одличната траса по која што се движи патеката, комбинираниот терен, прекрасните пејсажи, истражувањето на самата пештера Рамниште која беше целосно осветлена, повеќето пунктови кои што ја држеа групата компактна и овозможија учесниците ентузијасти да се дружат и при самото педалирање создадоа фантастична атмосфера, а многуте насмевки и позитивната енергија за време и по завршувањето на турата беа доволен доказ за тоа, што претставува мотивација, но и наша обврска следното издание да го издигнеме на уште повисоко ниво!
Уште еднаш се заблагодаруваме на сите учесници, затоа што сепак вие сте причината за организацијата на овој настан. Дружењето, забавата, позитивната енергија, создавањето пријателства и конекции низ цела Македонија е она што е најбитно. Тоа што сите нас нѐ спојува е љубовта кон планинскиот велосипедизам и само заедно можеме да создадеме подобра приказна!
Ве очекуваме наредната годината на четвртото издание на нашата Рамниште тура. Ветуваме нови сегменти на патеката и нормално уште подобра дружба. Искрено ваши, тимот на Маркови Точакџии.
08/06/2025
Локацијата ве води до село Оревоец
Потоа ориентирајтесе по табличките по патот
Ве очекуваме
Ramnište Cave mtb 2025
41°23'05.5"N 21°37'48.8"E
Find local businesses, view maps and get driving directions in Google Maps.