30/09/2026
👏🤾♂️ 🏟️ Сцена каква што ретко се гледа на ракометните терени, а особено пред страствената битолска публика, го одбележа моментот кога голманот на Ла Риоха, Жоан Ледо, доби аплаузи од битолските навивачи 👏👏👏
🚫 🧤 По одбранетиот зицер на Колаковиќ, голманот Жоан Ледо, кој натпреварот го заврши со дури 22 одбранети удари и три постигнати гола, доби искрени аплаузи од трибините.
👉 Шпанскиот чувар на мрежата го препозна овој прекрасен гест, ги крена рацете и со аплауз и почит ѝ се заблагодари на битолската публика, покажувајќи дека вистинскиот квалитет и спортски дух секогаш се ценети во „Боро Чурлевски“ 🙌 💯
#ракомет