09/07/2026
Ракометниот клуб Радовиш ги потпиша првите договори со играчите кои ќе го носат дресот на клубот во новата сезона.
Дел од ракометарите кои настапуваа за нашиот клуб и во изминатата сезона остануваат дел од тимот, а особено нѐ радува што доверба добија и неколку перспективни млади ракометари од нашата младинска школа, кои со својата работа и посветеност заслужија место во сениорскиот состав.
Во сезоната 2026/27, РК Радовиш ќе се натпреварува во Првата ракометна лига на Македонија, со јасна цел да изгради силен и конкурентен тим кој ќе ги исполни поставените амбиции и достојно ќе ги претставува клубот, градот и нашите навивачи.
Досега договори со клубот потпишаа:
🔹 Филип Костадинов – бек
🔹 Александар Ристов – голман
🔹 Иванче Ончев – бек
🔹 Стојанче Ристов – крило
🔹 Васе Петров – бек
🔹 Илија Димов
🔹 Стефан Трајанов – бек (кадети)
🔹 Трајче Манасиев – пикер (кадети)
🔹 Стефан Велков – бек (кадети)
🔹 Александар Ѓоргиев – крило (кадети)
Во наредниот период ќе ги претставиме и останатите ракометари кои ќе бидат дел од ростерот, со што ќе биде комплетиран играчкиот кадар. Паралелно со тоа, ќе започнат и подготовките за новата сезона, како и одигрувањето на контролни натпревари, преку кои стручниот штаб ќе ја подготви екипата за предизвиците што нѐ очекуваат.
💙❤️ Веруваме во нашите момци, во заедничката работа и во поддршката од нашата публика.
Ова е само почеток - заедно кон нови успеси! 🤾