ВелоЛисец - Радовиш

ВелоЛисец - Радовиш Adventure awaits, just one pedal away!

🚵🏻‍♂️ ⛏️ ВО ЧЕСТ НА РУДАРИТЕ- НА ДВЕ ТРКАЛА!Денес, по повод 28 Август Денот на рударите, членовите на ЗГ „ВелоЛисец“ Рад...
28/08/2026

🚵🏻‍♂️ ⛏️ ВО ЧЕСТ НА РУДАРИТЕ- НА ДВЕ ТРКАЛА!

Денес, по повод 28 Август Денот на рударите, членовите на ЗГ „ВелоЛисец“ Радовиш успешно ја извозивме рутата до Рудник „Бучим“ (Боров Дол) + Мантово круг и на наш начин им оддадоа почит на луѓето чија работа со децении е дел од идентитетот на нашиот крај.

Голема благодарност до Рудник „Бучим“ за прекрасниот пречек, гостопримството, освежувањето и подароците за нашите велосипедисти. Ни беше особено драго што бевме пречекани како вистински пријатели и што имавме можност кратко да одмориме и да ја почувствуваме атмосферата на денешното одбележување.

На сите рудари им го честитаме празникот и им посакуваме здравје, среќа и пред се безбедна работа! ⛏️

Воедно, на сите православни христијани им го честитаме големиот празник Успение на Пресвета Богородица- Голема Богородица 🙏🏻
Нека донесе мир, здравје и благосостојба во секој дом.

ОДЕМЕ ЈАКО И САМО ПОЈАЧУВАМЕ!

🚴‍♂️ НАСТАНОТ МОЖЕТЕ ДА НИ ГО ПОПРЕЧИТЕ. ДУХОТ НЕ! 💪🏻 Поради актуелната забрана за движење низ шума бевме принудени да ј...
09/08/2026

🚴‍♂️ НАСТАНОТ МОЖЕТЕ ДА НИ ГО ПОПРЕЧИТЕ. ДУХОТ НЕ! 💪🏻

Поради актуелната забрана за движење низ шума бевме принудени да ја откажеме организираната вело тура планирана за 9ти август.

Но денот не помина без велосипед.

Околу 15 членови на ВелоЛисец решија на свој начин да го одбележат денот и ја извозија предвидената рута.

Без бина.
Без стартен број.
Без организација.
Само велосипеди, километри, пријателство и она што не спојува сите овие години!

Затоа што ВелоЛисец не е само организатор на настан.
Не е само датум во календарот.
ВелоЛисец е екипа. ВелоЛисец е енергија. ВелоЛисец е љубов кон велосипедот, природата и авантурата.

Понекогаш околностите ќе ни ги сменат плановите, но нема да ни ја сменат желбата да возиме напред.

💙💛 ОДЕМЕ ЈАКО И САМО ПОЈАЧУВАМЕ 💪🏻

Уште еден прекрасен викенд исполнет со прекрасна природа, предизвици и одлично друштво! 🚵‍♂️🌿Овојпат бевме дел од велоси...
29/06/2026

Уште еден прекрасен викенд исполнет со прекрасна природа, предизвици и одлично друштво! 🚵‍♂️🌿

Овојпат бевме дел од велосипедската тура ,,Мистериите на Беласица“, во организација на ВК Актив - BC Active VK Aktiv. Благодарност до организаторите за одличната организација, топлото гостопримство и прекрасната енергија што ја создаваат.

Посебен впечаток остави саботното дружење и забавата во нивниот камп- уникатна приказна што од година во година ја градат со многу љубов, посветеност и визија, а секоја година изгледа се поубаво и поубаво.

Ваквите настани не се само возење велосипед. Тие се дружење, откривање на нови предели и создавање спомени што остануваат долго.

Се гледаме на следната авантура! 💙💛🚴🏻‍♂️
#ВелоЛисец #ВКАктив #МистериитеНаБеласица #Велосипедизам #одемејако #самопојачуваме

17/06/2026
Зад секој успешен настан стојат луѓе и компании кои веруваат во идејата и несебично ја поддржуваат. ВелоЛисец Камп-Аут 2...
15/06/2026

Зад секој успешен настан стојат луѓе и компании кои веруваат во идејата и несебично ја поддржуваат. ВелоЛисец Камп-Аут 2026 не би бил тоа што беше без помошта од нашите пријатели и поддржувачи.

Посебна благодарност до нашиот генерален спонзор дисконти МАКОМ, кој втора година по ред застана зад настанот и ги обезбеди стартните пакети за сите учесници. Вашата доверба и поддршка ни значат неизмерно многу.

Голема благодарност и до мобилна галантерија ЦОЦЕ, која со значителен придонес помогна во обезбедувањето на наградите за Вело-Полигонот и донесе дополнителна радост кај најмладите учесници.

Благодарност до ЕВРОПРИНТ, кои ги обезбедија наградите за сите учесници до 8-годишна возраст и се погрижија секое дете да си замине со насмевка.

За вкусниот дел од викендот се погрижија ресторан АМБАСАДОР со преубавата скара за ручек, пекара ЛУКАС-ТРЕЈД со највкусното лебче, пекара ДИАНА со своите препознатливи и вкусни пирошки, МЛЕКАРА ЃОРГИЕВИ со најдобриот јогурт, како и пиљара ПАМЕЛА со свежо и вкусно овошје.

Прекрасните медали кои ќе останат траен спомен за учесниците беа донација од ЦНЦ ГРАВИРАЊЕ.

Вашата поддршка не е само помош за еден настан. Таа е инвестиција во децата, спортот, здравите навики, природата и иднината на нашата заедница.

Искрена благодарност до манастирот „Св. Архангел Гаврил“ и свештенството кое не пречека со отворени врати, овозможувајќи ни да го реализираме ВелоЛисец Камп-Аут во нивниот прекрасен манастирски двор. Вашата поддршка, разбирање и гостопримливост беа значаен дел од оваа прекрасна приказна.

Благодарност и до Општина Радовиш за поддршката на годишната програма на ВелоЛисец. Се надеваме дека вложениот труд, растечкиот број на учесници, промоцијата на Радовиш и позитивните ефекти кои овие настани ги создаваат кај децата, младите и целата заедница се доволен показател дека ваквите иницијативи заслужуваат уште поголема поддршка во иднина.

Од срце Ви благодариме што сте дел од приказната наречена ВелоЛисец 💙💛

Address

Radovis
2420

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ВелоЛисец - Радовиш posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ВелоЛисец - Радовиш:

Shortcuts

Share

Category