Рк.Младост Јуниори-Ресен

Рк.Младост Јуниори-Ресен Рк.Младост Јуниори Натпреварување во Машка Кадетска и Младинска лига.

25/08/2025

Градот Ресен доби нов клуб во името на ГРК Преспа, кој ќе се натпреварува во лигите на РФМ.

25/08/2025

Ресен доби нов ракометен клуб, во името на ГРК Преспа кој ќе почне со натпревари во новата сезона во прволигашката конкуренција Клубот е фузија на Преспа Вардар и М....

Ракометните школи се обединија,во ГРК ПРЕСПА!Нека е аирлија.
25/08/2025

Ракометните школи се обединија,во ГРК ПРЕСПА!
Нека е аирлија.

Градот Ресен доби нов ракометен клуб, во името на ГРК Преспа кој ќе почне со натпревари во новата сезона. Клубот е производ на спојување на СРК Преспа-Вардар и Младо....

Турнирот во Бијелјина заврши. Кога пристигнавме бевме одлично дочекани , а и однесувањето на сите луѓе кон нас како гост...
19/08/2025

Турнирот во Бијелјина заврши. Кога пристигнавме бевме одлично дочекани , а и однесувањето на сите луѓе кон нас како гости беше супер.Нашите момци го одиграа секој натпревар одлично и докажаа што знаат, но за жал не остварија победа, и покрај тоа што се натпреваруваа со доста постари и поголеми деца натпреварите завршуваа со мала гол разлика. Покрај поразите научивме многу за ракометот затоа што со секоја грешка и неуспех се станува посилен и се достигнува нов успех. Покрај тоа еден од нашите играчи- Благоја Јончевски беше и најдобар стрелец за генерација 2008 со постигнати 21 голови на 3 натпревари. Нашите судии Даскаловски Николче и Љубомир Ќулумовски беа пофалени како одлична судиска двојка. Голема благодарност до домаќинот. Дружбата и убавите моменти од овој турнир нема никогаш да се заборават !! Младост !💚💛

Голема благодарност, на домаќинот Обренко Милијкович, и ракометниот клуб Рк. Бијелјина за нивната покана и нивното госто...
16/08/2025

Голема благодарност, на домаќинот Обренко Милијкович, и ракометниот клуб Рк. Бијелјина
за нивната покана и нивното гостопримство до ракометниот клуб Младост Ресен 2002!

Уморни после долгиот пат.
14/08/2025

Уморни после долгиот пат.

Екипата на РК Младост Ресен 2002 во Среда ќе отпатува на престижниот меѓународен ракометен турнир во Бјелина.Благодарени...
11/08/2025

Екипата на РК Младост Ресен 2002 во Среда ќе отпатува на престижниот меѓународен ракометен турнир во Бјелина.Благодарение на домаќинот за поканата,нашата екипа ќе се натпреварува во машка конкуренција за генерација 2008.Противници во нашата група Ц ќе бидат двете екипи од Босна и Херцеговина и една екипа од Бугарија.Притоа во четврток ќе одиграме пријателски натпревар против домаќинската екипа односно РК Бјелина.Со нас ќе отпатува и судиската двојка Николче Даскаловски и Љубомир Ќулумовски.Ќе се потрудиме и ќе дадеме се од себе да покажеме и докажеме што знаеме и да го претставиме нашиот град Ресен и нашата држава Македонија !! Младост !💚💛

РК Младост Ресен 2002 ќе учествува на престижниот турнир во Бјелина од 13ти до 18ти Август. Екипата на Младост Ресен 200...
04/08/2025

РК Младост Ресен 2002 ќе учествува на престижниот турнир во Бјелина од 13ти до 18ти Август.

Екипата на Младост Ресен 2002 ќе учествува на престижниот меѓународен ракометен турнир во Бјелина во Република Српска на кој ќе учествуваат 85 екипи од цела европа.Екипата на Младост ќе учествува во машка конкуренција по покана на домаќинот односно организаторот на турнирот.Ова е одлична можност младите ракометари на Младост да ја претстават нашата република и град и секако да се стекнат со нови знаења и искуство во ракометната игра. Покрај нас на турнирот учествуваат екипи од Србија,Хрватска,Маџарска,Полска,Црна Гора и уште многу други.Му благодариме на домаќинот за поканата,ќе дадеме се од себе успешно да го претставиме нашето знаење и со тоа да потврдиме дека сме екипа која солидно го познава ракометот и во такво светло ќе се претставиме.Со нас ќе дојде и судиската двојка Николче Даскаловски и Лубомир Ќулумовски.Им благодариме на сите што се со нас! Поздрав од ракометарите и раководството на клубот.Младост !💛💚

Рк Младост заврши уште една успешна сезона во кадетската машка и женска ракометна македонска лига и на ракометни турнири...
05/07/2025

Рк Младост заврши уште една успешна сезона во кадетската машка и женска ракометна македонска лига и на ракометни турнири надвор од државава. Ова го означуваме како една успешна сезона поради тоа што пред 10 дена две наши талентирани ракометарки го напуштија клубот. Едната потпиша за ЖРК Пелистер, а другата за ЖРК Стружанка. Ова е уште еден доказ дека во овој клуб се работи систематски и секогаш мораме да речеме произведува квалитетни млади играчи. Покрај тоа нашиот голман во младинска категорија Јовановски кој беше позајмен во Охрид беше избран за најдобар голман во Македонија,додека Трајановски ќе замине во Вардар Скопје. Од следниот понеделник вршиме уписи на машки и женски кои го сакаат овој спорт и сакаат да напредуваат, истите треба да бидат од 8-16 години. Ве очекуваме во спортската сала во Ресен во 11 часот. Повелете! Младост! 💚💛

Address

Resen
7310

Telephone

+38976452179

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Рк.Младост Јуниори-Ресен posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category