19/06/2026
🩸 Дарувај Крв – Дарувај Надеж! 🏔️
Драги планинари, љубители на природата и промотори на хуманоста,
ФПСМ ве поканува да се приклучите на хумана акција за дарување крв!
Едно дарување крв може да спаси до три животи, затоа, ајде да покажеме дека планинарите имаат големо срце!❤️
🗓️23.06.2026, од 08:30 часот
📍Оддел за трансфузиона медицина при ГОБ „8ми септември“ – Скопје (поранешна Воена Болница, влез- Поликлиники, прв кат)
☎️ Задолжителна пријава на [email protected]
+389 2 3165 540
Потребно е:
✅ Да сте одморени
✅ Да понесете лична карта (да имате од 18 до 65 години)
✅ Да имате над 50 кг
✅ Да сте здрави, без акутни инфекции
✅ Се препорачува внес на течности и лесен оброк пред дарувањето
✅Во текот на денот да се избегнува престој на топло.
Дарувањето крв трае неколку минути, но значи цел живот за некого.
Повикајте ги вашите пријатели, членови од клубовите и споделете ја оваа порака. Да покажеме дека планинарскиот дух е хуман! 🤝
🎁За секој дарител следува симболичен подарок🥰
Однапред благодарни,
ФПСМ и ГОБ “8ми септември”