PSK H2O Healthy Hike Outdoor

PSK H2O Healthy Hike Outdoor Една љубов-планината. Една цел-безбедно омасовување на планинските спортови и рекреативни активности на планина. За големи и мали! За сите!
(1)

Планинарскиот спортски клуб Х2O ја продолжува 37 годишна традиција на безбедно организирано планинарење и уживање во природните убавини и богатства на Македонија и светот. Безбедно продолжуваме кон целта, омасовавување на планинските спортови со едукација на нашите членови, и организирање на еднодневни и повеќедневни планинарски излети, акции и експедиции. Нашите членови знаат да знаат да одберат соодветна облека и обувки за акциите, успешно се движат по означени патеки и беспаќа, активно користат лична и заедничка планинарска опрема во летни и зимски услови, препознаваат временски (не)прилики на планина, ја чуваат и почитуваат планината и околината. Наши членови се сите вљубеници во планината, децата, младинците, нивните родители, нивните наставници, полнолетни лица со желба, но без искуство, или со голема желба и големо искуство, активни планинари, неактивни планинари, мажи, жени, другари, другарки, сестри, браќа, дедовци и баби кои делат една љубов-љубовта кон планината и активното уживање во природата. Љубовта која го мотивира и движи напред Х2O.

Планинското плажирање оваа недела го продолживме на плажите од Доброшките водопади. Привилегија е да бидеш меѓу ретките ...
27/07/2026

Планинското плажирање оваа недела го продолживме на плажите од Доброшките водопади. Привилегија е да бидеш меѓу ретките кои ја почуствувале со сите свои сетила оваа природна убавина, скриена длабоко во прегратките на Шар Планина. Патеката започнува од с. Доброште. Се оди 6км по широк колски пат од каде благодарение на ПК Скардус од Тетово кои ги имаат уредено последните 600м, водопадите се достапни за секого. Планинарски поздрав до следна дружба.

Опис на акцијата: Оваа недела, ќе ве носиме да плажираме на едни од скоро достапни водопади за пошироката јавност, Добро...
22/07/2026

Опис на акцијата: Оваа недела, ќе ве носиме да плажираме на едни од скоро достапни водопади за пошироката јавност, Доброшките водопади.

Опис на патеката: Тргнуваме од паркингот кај ресторанот Relax ( 700 мнв) кој се наоѓа во с.Доброште. Се движиме во правец северо запад по широк земјен пат од десната страна на реката Поника, од каде после 6 км ќе свртиме западно движејќи се по уредена планинарска патека уживајќи во убавините на трите водопади. Враќањето ќе го изведеме по истата патека.

Напор: Акцијата е лесна, погодна за планинари почетници

Висинска разлика: 900м D+

Должина на Патеката: 13 км

Времетраење на акцијата (вкупно): 6 часа
Опрема (задолжителна):
• Високи планинарски чевли
• Планинарски стапчиња
• Облека соодветна на времето
• Очила за сонце, крем со заштитен фактор

Храна: Од ранец (сендвичи, чоколадо, житарки, суво грозје...).

Вода 2 л

Тргнување од: Акцијата започнува во 07:30ч 26.07.2026 од с.Доброште. Зависно од бројот на пријавени, превозот ќе биде организиран со сопствен или со организиран превоз од паркингот пред Пошта 2 на железничка станица во Скопје, во 05:45ч

Планинарски водичи: Х2О

Пријавување: ЗАДОЛЖИТЕЛНО најкасно до петок 24.07.2026
Бројот на учесници е ограничен.

Лица за контакт: Јоцо 070/864-555, Зуп 070/245-535

Напомени:
• Во случај на неповолни временски услови акцијата навремено ќе биде откажана
• Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици
• Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите
• Водичите го заддржуваат правото на промена на условите на објавената акција

12/07/2026
Опис на акцијата: Продолжуваме и оваа недела со  #планинскоплажирање на Боговињско Езеро, кое e најголемо од 27 леднички...
09/07/2026

Опис на акцијата: Продолжуваме и оваа недела со #планинскоплажирање на Боговињско Езеро, кое e најголемо од 27 леднички езера на Шар Планина. Езерото се наоѓа во сливното подрачје на Боговињска Река, односно самата река поминува низ езерото. Лоцирано е на надморска височина од 1941м.
Езерото се наоѓа меѓу Бриставец и Мала Смрека. Боговињското Езеро спаѓа во групата на валовски акомулациони езера, со должина од 452 м, ширина од 225м и длабочина од 2,20 метри.

🏔️Опис на патеката: Поаѓаме од с.Ново Село, следејќи живописна планинска патека покрај Боговињска река ( се движиме од десна страна по течение а симнуваме од лева страна) сè до Боговинското Езеро. Патеката е кружна со постојан благ до умерен наклон, минува низ прекрасна природа, букова шума и покрај планински поток, нудејќи одлични пејзажи и можности за одмор.

💪Напор: Акцијата е лесна, погодна за планинари почетници

Висинска разлика: 1000м D+

Должина на Патеката: 16 км

⏱️Времетраење на акцијата (вкупно): 6-8 часа

🥾Опрема (задолжителна):
• Високи планинарски чевли
• Планинарски стапчиња
• Облека соодветна на времето
• Очила за сонце, крем со заштитен фактор

🥪Храна:
Од ранец (сендвичи, чоколадо, житарки, суво грозје...).
💧Вода 2 л

📍Тргнување од: Акцијата започнува во 07:30ч 12.07.2026 од с.Ново Село 1200мнв. Зависно од бројот на пријавени, превозот ќе биде организиран со сопствен или со организиран превоз од паркингот пред Пошта 2 на железничка станица во Скопје, во 05:45ч

🧭Планинарски водичи: Х2О

Пријавување: ❗️ЗАДОЛЖИТЕЛНО најкасно до петок 11.07.2026 - 12:00часот

Бројот на учесници е ограничен.

☎️Лица за контакт: Ивана 078/343-371
Зуп 070/245-535

⚠️Напомени:
• Во случај на неповолни временски услови акцијата навремено ќе биде откажана
• Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките на водичите. Во спротивно самите се одговорни за несаканите последици
• Водичите имаат право да исклучат учесник/-ци на акцијата на почеток или во текот на акцијата доколку не ги почитуваат објавените насоки, не ја поседуваат соодветната планинарска опрема и не ги почитуваат насоките на водичите
• Водичите го заддржуваат правото на промена на условите на објавената акција.

Тема: КампувањеСекое верифицирано искачување, преку скенирање на QR кодот давате допринос со садница плус засадена на кр...
07/07/2026

Тема: Кампување

Секое верифицирано искачување, преку скенирање на QR кодот давате допринос со садница плус засадена на крајот од настанот.

Напомени: Однесувајте се одговорно кон себе си и планината. Не фрлајте отпадоци, носете планинарски кондури со непролизгувачки ѓон. Внимавајте каде газите, хидрирајте се и обавезно понесете челна ламба или друг извор на светлина и полн мобилен телефон. Сакајте се себе и другите. Секој доаѓа на сопствена одговорност.

Апелираме на присуство без моторни возила. Рампата на средно Водно ќе биде затворена

Враќањето во Корапскиот масив за нас не претставува само ден поминат на планина обземени од убавините што не опкружуваат...
29/06/2026

Враќањето во Корапскиот масив за нас не претставува само ден поминат на планина обземени од убавините што не опкружуваат. Има места каде го пронаоѓаш душевниот спокој, места кои ти предизвикуваат убоо на душата при секоја посета, места од кои никогаш не се заситуваш и се навраќаш постојано. Барем за кратко оваа недела ја споделивме Корапската магија со нашите пријатели на кои им се заблагодаруваме што со нивното присуство и енергија ја направија оваа идилична планинарска слика. До наредна дружба, Ве оставаме да уживате во спомени од Корапската бајка. Планинарски поздрав. 💚

Address

Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when PSK H2O Healthy Hike Outdoor posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to PSK H2O Healthy Hike Outdoor:

Shortcuts

Share