Скијачка федерација на Македонија - Ski federation of Macedonia

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Скијачка федерација на Македонија - Ski federation of Macedonia

Скијачка федерација на Македонија - Ski federation of Macedonia Официјална страна на Скијачка федерација на Македонија

10 години традиција, спорт и победнички дух: Заврши јубелејното 10-то издание на FIS Rollerski Cup „Тоше Проески“! 🇲🇰🏆Ви...
25/08/2026

10 години традиција, спорт и победнички дух: Заврши јубелејното 10-то издание на FIS Rollerski Cup „Тоше Проески“! 🇲🇰🏆

Викендов, Крушево повторно блесна во знакот на ролер скијањето. На овогодинешното издание учествуваа повеќе од 50 натпреварувачи од Македонија и странство. Особено се истакна нашиот најдобар нордиeц Ставре Јада, кој триумфираше на двете сениорски трки.

РЕЗУЛТАТИ:

Ден 1 - 22.08.2026

7,5км, мажи:
1. Ставре Јада (МКД)
2. Јоанис Карамихос (ГР)
3. Георгиос Анастасиадис (ГР)

5км, жени:
1. Жанет Бочукова (БГ)
2. Милена Николова (МКД)

3км, мажи U14:
1. Николаос Цафас (ГР)
2. Филипос Пасхалидис (ГР)
3. Василиос Хрисохоидис (ГР)

3км, жени U14:
1. Симона Денинска (БГ)
2. Елени Кутаропулу (ГР)
3. Сиана Парапунова (БГ)

2км, мажи U12:
1. Илин Попоски (МКД)
2. Георгиос Цафас (ГР)
3. Христијан Неев (БГ)

2км, жени U12:
1. Спасимира Шошова (БГ)
2. Ања Трајковска (МКД)
3. Елени Петру (ГР)

1км, мажи U10:
1. Теон Попоски (МКД)
2. Петрос Дука (ГР)
3. Џексон Флер (БГ)

1км, категорија жени U10:
1. Елина Коева (БГ)
2. Нина Петровска (МКД)
3. Ева Ѓорѓиевска (МКД

Ден 2 - 23.08.2026

10км, мажи:
1. Ставре Јада (МКД)
2. Стефан Ѓорѓевиќ (МКД)
3. Георгиос Ѓанулакис (ГР)

3км, мажи U14:
1. Николаос Цафас (ГР)
2. Филипос Пасхалидис (ГР)
3. Василиос Хрисохоидис (ГР)

3км, жени U14:
1. Симона Денинска (БГ)
2. Сиана Парапунова (БГ)
3. Елени Кутаропулу (ГР)

2км, мажи U12:
1. Илин Попоски (МКД)
2. Георгиос Цафас (ГР)
3. Христијан Неев (БГ)

2км, жени U12:
1. Ања Трајковска (МКД)
2. Спасимира Шошова (БГ)
3. Елени Петру (ГР)

1км, мажи U10:
1. Теон Попоски (МКД)
2. Петрос Дука (ГР)
3. Џексон Флер (БГ)

1км, жени U10:
1. Елина Коева (БГ)
2. Нина Петровска(МКД)
3. Ева Ѓорѓиевска (МКД)

Благодарност до сите кои придонесоа јубилејното издание на FIS Rollerski Cup „Тоше Проески“ да биде организирано на највисоко ниво. А, посебна благодарност до Министерството за спорт, FIS, УНИБанка и Општина Крушево, како и до клубовите Ски Нордиски и Скии Рис за нивната поддршка и посветеност кон овој значаен спортски настан. ❤️💛

Крушево, повторно, покажа дека е вистинскиот дом на нордиското скијање во Македонија.

До следниот пат, #ЗаедноДоВрвот!

Крушево е подготвено за 10-тото јубилејно издание на FIS Rollerski Cup „Тоше Проески“! 🏆⭐️Во организација на Скијачка фе...
20/08/2026

Крушево е подготвено за 10-тото јубилејно издание на FIS Rollerski Cup „Тоше Проески“! 🏆⭐️

Во организација на Скијачка федерација на Македонија, на 22 и 23 август 2026 година, по десетти пат ќе се одржи меѓународниот Ролерски куп „Тоше Проески“.

Церемонијалното отворање е предвидено за петок, пред спомен-куќата на македонската музичка легенда Тоше Проески. Купот традиционално ќе помине во знакот на спортски трки, дружење меѓу натпреварувачите и промоција на спортските вредности. Свеченото доделување на наградите и официјалното затворање се закажани за недела (23 август) на Градскиот плоштад во Крушево.

🏅 Натпреварите ќе опфатат повеќе дисциплини и должини:

⛷️ Мажи: 7,5 км и 10 км
⛷️ Жени: 5 км и 7,5 км
⛷️ Деца: У8, У10, У12 и У14

FIS Rollerski Cup „Тоше Проески“ не само што ќе понуди врвни спортски достигнувања, туку и ќе ја афирмира убавината на Крушево како дестинација за туризам и спортови под отворено небо. 🇲🇰❤️💛

Поддржувачи на настанот се Министерството за спорт, УНИБанка, Меѓународната скијачка федерација (FIS) и Општина Крушево, а технички организатори се клубовите Скии Рис и Ски Нордиски.

🙌🏻 Следете нè на социјалните мрежи и почувствувајте дел од атмосферата!

#СкијачкаФедерацијаНаМакедонија

Честит Ден на Републиката! ❤️💛   #СкијачкаФедерацијаНаМакедонија
02/08/2026

Честит Ден на Републиката! ❤️💛

#СкијачкаФедерацијаНаМакедонија

Генералниот секретар на Скијачка федерација на Македонија, г-дин Борче Јаневски, учествуваше на техничкиот состанок на F...
05/05/2026

Генералниот секретар на Скијачка федерација на Македонија, г-дин Борче Јаневски, учествуваше на техничкиот состанок на FIS во Порторож.

Во рамки на настанот, беше остварена и значајна средба со претседателот на FIS, г-дин Јохан Илиаш, на која се разговараше за развојот на скијањето во Македонија, унапредување на инфраструктурата и можностите за поголема меѓународна соработка.

- #ЗаедноДоВрвот! ⛷️🏔️

Честит Велигден! ❤   #СкијачкаФедерацијаНаМакедонија
11/04/2026

Честит Велигден! ❤

#СкијачкаФедерацијаНаМакедонија

Кога поддршката е вистинска, резултатите се историски! 🇲🇰🔥Со УНИБанка покрај нас, го остваривме најуспешниот период во и...
08/04/2026

Кога поддршката е вистинска, резултатите се историски! 🇲🇰🔥

Со УНИБанка покрај нас, го остваривме најуспешниот период во историјата на македонското скијање:
🏆 најдобри резултати досега
🎿 рекорден број учесници на Олимписки и Параолимписки игри

Ова е само почеток.

& - #ЗаедноДоВрвот! 🤜🏻🤛🏻

⛷️ Нов македонски рекорд за Јана Атанасовска во Словенија! 🇲🇰🇸🇮Нашата скијачка, Јана Атанасовска, круниса уште еден исто...
24/03/2026

⛷️ Нов македонски рекорд за Јана Атанасовска во Словенија! 🇲🇰🇸🇮

Нашата скијачка, Јана Атанасовска, круниса уште еден историски викенд на FIS трките во Рогла, Словенија. 🏆

На првиот велеслалом, Јана покажа врвна форма и го освои високото 4то место. Посебно блесна во второто возење, каде постигна второ најдобро време на целата патека, со само 0,09 секунди заостанок зад светски познатата Ноа Шолош. Со овој настап, таа освои неверојатни 33,20 FIS точки, што претставува нов македонски рекорд во дисциплина велеслалом. 👏🏻

Успешната серија продолжи и на втората трка, каде во силна конкуренција Јана се пласира на 7та позиција со освоени 39,99 FIS точки.

Честитки до Јана и до нејзиниот тренер Александар Атанасовски - Чаве! Овие резултати се потврда дека македонското скијање чекори по вистинскиот пат кон светскиот врв. 🗻⛷️

- #ЗаедноДоВрвот! ⛷️🏔️


#МинистерствоЗаСпорт

🇲🇰 Јана Атанасовска триумфираше во Австрија и Италија - ИСТОРИСКИ ФИС поени за Македонија! 🇲🇰Македонската скијачка гордо...
19/03/2026

🇲🇰 Јана Атанасовска триумфираше во Австрија и Италија - ИСТОРИСКИ ФИС поени за Македонија! 🇲🇰

Македонската скијачка гордост, Јана Атанасовска, оствари извонреден успех на ФИС натпреварите во Австрија и Италија, поставувајќи најдобри ФИС поени во историјата на македонското скијање - и во женска и во машка конкуренција! 🔥

Резултати од тркитe:
🏆 Мар 19, 2026 - Хинтеррајт (Австрија) - слалом - 1-во место, 23.40 ФИС поени
🏆 Мар 19, 2026 - Хинтеррајт (Австрија) - слалом - 1-во место, 26.45 ФИС поени
🏆 Мар 17, 2026 - Пампеаго (Италија) - слалом - 1-во место, 23.00 ФИС поени
🥉 Мар 16, 2026 - Пампеаго (Италија) - слалом - 3-то место, 30.66 ФИС поени

Честитки до Јана и до нејзиниот тренер Александар Атанасовски - Чаве, за посветеноста и извонредниот труд! 👏

Овој успех е голема инспирација за македонското скијање и за сите млади спортисти - со овој успех, Македонија пишува историја! 🚀

- #ЗаедноДоВрвот! ⛷️🏔️


#МинистерствоЗаСпорт

Државно првенство на Македонија во нордиско скијање - Попова Шапка 2026! 🇲🇰⛷️Вчера, 15 март, снежните патеки на Попова Ш...
17/03/2026

Државно првенство на Македонија во нордиско скијање - Попова Шапка 2026! 🇲🇰⛷️

Вчера, 15 март, снежните патеки на Попова Шапка блескаа под сончевите зраци и вистинската спортска енергија! Младите и искусни скијачи од различни категории се натпреваруваа со целосна посветеност и страст, покажувајќи неверојатна издржливост и волја за победа.

Од најмалите до најголемите, секој натпреварувач го даваше својот максимум на патеките, создавајќи незаборавни моменти за сите присутни. ✨

Официјални резултати:

Жени, 5км:
🥇 Ана Цветановска
🥈 Росана Кировска Коруновска

Мажи, 5км:
🥇 Ставре Јада
🥈 Стефан Ѓорѓевиќ
🥉 Коста Петроски

У-14, девојчиња, 3км:
🥇 Кирјана Димитриевска
🥈 Олгица Кованцалиев
🥉 Доминика Иванов

У-12, девојчиња, 2км:
🥇 Ања Трајковска

У-12, момчиња, 2км:
🥇 Христијан Ицоски
🥈 Дамјан Николовски

У-10, девојчиња, 1км:
🥇 Нина Петровска
🥈 Ева Георгиевска

У-10, момчиња, 1км:
🥇 Илин Попоски
🥈 Никола Стојановски
🥉 Бојан Ицоски

У-8, девојчиња:
🥇 Иларија Јованоска

У-8, момчиња:
🥇 Теон Поповски

Честитки до сите натпреварувачи! 👏

„Нашите скијачи го носат вистинскиот дух на спортот и со секоја трка докажуваат дека македонското нордиско скијање има светла и блескава иднина. Огромна благодарност до сите клубови, тренери, родители и поддржувачи - заедно создаваме генерации што ќе освојуваат нови врвови и ќе инспирираат идни спортски ѕвезди!“ - изјави г-дин Дејан Пановски, Претседател на СФМ.

Настанот го организираше Скијачка федерација на Македонија со поддршка од Министерството за спорт и УНИБанка.


#МинистерствоЗаСпорт #СкијачкаФедерацијаНаМакедонија

Државно првенство на Македонија во нордиско скијање 2026! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰Во недела, 15.03.2026, на снежните патеки на Попова Шапк...
12/03/2026

Државно првенство на Македонија во нордиско скијање 2026! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Во недела, 15.03.2026, на снежните патеки на Попова Шапка ќе се одржи Државното првенство на Македонија во нордиско скијање. Нашите скијачи ќе се натпреваруваат, покажувајќи ја својата техника, издржливост и спортски дух.

Овој настан е дел од нашата мисија за развој и промоција на нордиското скијање во Македонија, со учество на натпреварувачи од различни клубови.

Голема благодарност до Министерството за спорт и УНИ Банка за поддршката.

Следете нè на социјалните мрежи и почувствувајте дел од магијата на патеките. 🏔️⛷️❄️

- Заедно ја градиме иднината на зимските спортови! 🤜🤛

#СкијачкаФедерацијаНаМакедонија

#МинистерствоЗаСпорт

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Скијачка федерација на Македонија - Ski federation of Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category