28/01/2024
Cycling Federation of Macedonia
Cycling
28/01/2024
28/12/2023
Полека ја привршуваме и оваа година. Една од најуспешните. Велосипедската федерација ја доби Златната Олимпија и прогласена е за Најуспешна федерација во унапредување на родова еднаквост за 2023 година.
Оваа приказна ја започнавме уште во јануар кога нашиот женски национален тим замина на зимски припреми во Турција. Следуваа учества на UCI трки, меѓународни натпревари во женска конкуренција, сребрен и бронзен медал на Балканскиот шампионат во друмски велосипедизам во категорија жени елит,
учесво на женскиот национален тим на светското првенство во Глазгов и многу други настани.
Како потврда на стратегијата за развој на женскиот велосипедизам имавме за прв пат државна ранг листа на девојчиња во категоријата до 13 години.
Следната година продолжуваме уште посилно поттикнати од признанието кое го добивме.
Им изразуваме огромно признание на сите девојки кои беа дел од Велосипедската федерација на Македонија во изминатите години.
22/11/2023
Изминатава година огромен број на велосипедисти се обратија до Велосипедската федерација со барање да ја набават официјалната опрема која ја носи нашата репрезентација.
За да им излеземе во пресрет обезбедивме одредена количина која ја пуштаме во продажба.
Се работи за идентична опрема со највисок квалитет од белгискиот производител Долчини.
Цената на дводелниот комплет е 160 Евра а на едноделниот 150 Евра. За повеќе информации може да се обратите кај секретарот на ВФМ на следниов телефонски број 070332281.
02/11/2023
Во соработка со светската велосипедска унија (UCI) започнуваме голем проект за развој на уште една многу популарна олимписка дисциплина BMX во Македонија. Ќе следува изградба на Free Styl Park и други пропратни елементи неопходни за одржување на натпревари по правилата на UCI.
09/10/2023
Во одлична организација на велосипедскиот клуб Скај рајдерс од Прилеп се одржа меѓународната трка Toptash Downhill Cup во чии рамки се одржа и државното првенство во спуст.
Разултатите од трката може да се видат на следниов линк:
https://timingsense.mk/index.php/2023/10/07/toptash-downhill-cup/
Резултати од велосипедската трка Куп на Град Скопје може да се видат на следниов линк:
https://timingsense.mk/index.php/etn/kup-na-grad-skopje/
25/09/2023
На 30 септември со почеток во 16:00 часот ќе се одржи Куп на Град Скопје, традиционалниот вечерен критериум во центарот на Скопје.
Една од најинтересните трки за натпреварувачите но и за публиката.
Ве каниме да бидете дел од годинешното издание.
https://cfm.org.mk/proposition/88?fbclid=IwAR0LmHqMtpaCJCAgm23XqGD7uTC3vzR3S3ginOg5EeyjSmmcGRABwXXS5hQ
24/09/2023
Полека ја заокружуваме до сега најуспешната сезона на Велосипедската федерација со уште еден медал. Александар Милошевски во Романија го освои третото место на Балкансиот шампионат во планински велосипедизам во категоријата елит.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Website
Address
Skopje
1000