28/05/2026
Првите црни појаси во Таеквондо клубот Помсае. Овој успех е резултат на долгогодишен труд,дисциплина,упорност и голема посветеност кон спортот.
Црниот појас претставува симбол на знаење,сила и карактер,а тие докажаа дека со напорна работа и верба во себе може да се достигнат големи успеси.
Горда сум на нивниот напредок,нивната истрајност и примерот што го даваат на помладите членови во клубот.
Се надевам дека ќе имаат уште многу поголеми успеси ,победи и напредок во спортот.
28/05/2026
Со голема гордост ве известуваме дека нашите теквондости членови на Таеквондо клубот Помсае успешно го положија испитот за повисоки појаси во Таеквондо. Со многу труд,дисциплина,упорност и посветеност,тие покажаа одлично знаење и вештини,достојни за новото звање. Секој нов појас претставува чекор напред кон поголем успех,самодоверба и спортски дух.
Продолжуваме понатака со уште повеќе енергија,работа и нови успеси.
Честитки до сите🥋💪
15/05/2026
🥋🏆 Уште еден медал од натпреварот во теквондо - Бутел Опен 2026 кој се одржа викендов и 🌍 на кој учествуваа 350 натпреварувачи од 6 држави.
🥇 Ученикот Марко Јанчовски од II-2 одд., член во Теквондо клубот Помсае🥋 под водство на врвниот тренер Сузе Трајковска 👏, освои злато во категорија I до 21кг. 💪🔥
Во иднина му посакуваме уште безброј успешни турнири, медаљи 🏅и пехари 🏆 💙🥋✨
10/05/2026
Janka bronza Butel Open 2026
10/05/2026
Vedran bronza Butel Open 2026
10/05/2026
Jakov bronza Butel Open 2026
10/05/2026
Dacko bronza Butel Open 2026
10/05/2026
Marko zlato Butel Open 2026
01/04/2026
🌏 40 НАЦИИ ОД ЦЕЛ СВЕТ НА SKOPJE OPEN G1!
👉 Светски таеквондо сили како Британија, Кина, Шпанија, Франција, Италија и уште 35 држави ќе учествуваат на еден од најголемите спортски настани во Македонија во последниве години.
🥋 Skopje Open G1 е турнир со висок ранг, каде се освојуваат бодови за олимписка норма, вистинска можност Македонија конечно да биде домаќин на врвен спорт од светски калибар.
🏟️ Турнирот е во организација на ТК Бутел, Македонската таеквондо федерација и ТК Рамус.
🇲🇰 Генерален поддржувач на настанот е Владата на Република Македонија.
📅 На 4 и 5 април, во спортскиот центар „Борис Трајковски“, дојдете да ги бодриме нашите најдобри таеквондисти!
🎉 Свеченото отворање ќе се одржи на 4 април во 12:00 часот.
Македонското таеквондо го диктира врвниот спорт во државата !
🔥 Посебна вредност на настанот е што македонските репрезентативци се сериозни кандидати за медали, и покрај силната меѓународна конкуренција.