27/04/2026
🪷 Слободни места - Хата Јога
Понеделник и Среда | 20:15 ч.
📍 Тафталиџе, ТЦЦ Плаза
Ако барате мир, рамнотежа и движење кое го слуша телото - ова е вашето место. Пријавете се и резервирајте на 078 239 680
Love all ❤️ Serve all 🙏
#хатајога #јога #садана #јогаскопје
25/04/2026
Во изминатите три месеци, Љупка, Теодора, Благица, Вера, Ана Марија и Тања тргнаа на едно заедничко патување.
Некои веќе чекореа по патот како инструктори.
Некои беа посветени практиканти.
Но овде…сите беа еднакви и со иста цел - да продлабочат и да живеат јога.
Ова не беше само обука, туку и процес на истражување, соочување, раст и присуство.
Моменти на сигурност и моменти на сомнеж.
Моменти кога телото знае и моменти кога умот прашува. И токму во тие моменти се случува вистинската јога.
Со гордост, Јога центар Садана –
акредитирана школа од Yoga Alliance International India – им ги додели сертификатите за Yoga Teacher 200HR на осмата генерација инструктори.
Но ова не е крај.
Ова е почеток на нивниот глас како инструктори.
Почеток на нивниот пат во споделување на праксата.
Со благодарност за довербата, процесот и заедничкото искуство,
Ваша Марија
Јога центар Садана 🌿
Love all ❤️ Serve all 🙏
#јога
05/04/2026
🌸 Пролетта нѐ повикува да се вратиме кон себе
Ослободи простор за мир, движење и нова енергија ✨
🧘♀️ Понеделник и среда 20:15 - 21:15
📍 ТЦЦ Плаза, Тафталиџе
🧘🏻 часови во сала и онлајн
Две слободни места се отворени 🤍
📩 Резервирај на 078 239 680
#јога #онлајнјога #јогаскопје
03/01/2026
🪷 Врати се кон здивот. Врати се кон себе.
Јога часови од 12 јануари 2026
🧘♀️ Сала & онлајн
📍 Тафталиџе
📞 078 239 680
Тишината зборува. Телото памети. ✨
#Садана #Јога #Свесност #ВнатрешенМир #ЈогаСкопје
31/12/2025
Во тишината меѓу два здивa,
се раѓа нов почеток.
Божиќ нè потсетува на светлината што тивко се пали во срцето,
а Новата година нè повикува да ѝ направиме простор.
Нека 2026 не биде година на брзање,
туку година на свесност.
Не на повеќе –
туку на подлабоко.
Да чекориме со нежност кон себе,
со стабилност во телото,
јасност во умот
и мир во срцето.
Од срце ви посакуваме
здив што смирува,
движење што лечи
и тишина што ве враќа дома 🙏
Среќни Божиќни празници и благословена 2026
Со љубов,
Јога центар Садана 🧘♀️✨
27/12/2025
Еднаш, јогата беше тишина.
Не форма, не бренд, не понуда.
Туку состојба на битието – враќање дома во телото, здивот и свесноста.
А потоа почна полека да се губи.
Не кога се рашири, туку кога се поедностави.
Кога се сведе на „истегнување“, на убаво тело, на фотогенична асана.
Кога здивот стана секундарен, а присуството непотребен луксуз.
Кога прашањето „кој сум јас?“ беше заменето со „како изгледам?“.
Јогата не се уништи од луѓето што дојдоа да вежбаат.
Се наруши кога почна да се користи како средство за егзистенција без етика.
Кога стана пазар, а не пат.
Кога некои почнаа да продаваат светлина, а никогаш не се соочиле со сопствената сенка.
Во современиот свет никнаа безброј „нови стилови“ –
со звучни имиња, брзи ветувања и празна содржина.
Форми без корен. Движења без смисла.
Јога отсечена од својата филозофија, од ахимса, од сатја, од внатрешна дисциплина.
Останаа само обвивките, а суштината се изгуби некаде меѓу маркетингот и егото.
Но има и подлабока, потивка деградација.
Јога-просторите понекогаш станаа засолниште за оние
што не се осмелиле да се соочат со животот.
За оние што не успеале да изградат релации, одговорност, зрелост –
па духовноста ја користат како алиби.
Како маска. Како повисока позиција од која гледаат надолу.
Волци самотњаци, кои не знаат да бидат со луѓе,
но знаат да стојат пред група.
Кои не водат, туку се хранат.
Кои не служат, туку собираат – погледи, восхит, пари.
Луѓе што доаѓаат на час барајќи исцелување,
а наоѓаат нечие его што ги гледа како бројка во група
и уште еден денар плус во новчаникот.
Таму каде што јогата треба да биде простор на понизност,
се насели алчноста.
Таму каде што треба да има сведочење, се појави манипулација.
Таму каде што учителот треба да исчезне, се издигна култ кон личноста.
А сепак…
Јогата не може целосно да се уништи.
Зашто јогата не живее во студио, ниту во сертификат,
ниту во стил, ниту во цена по час.
Таа живее во искреноста.
Во тивкото „да“ кон себеси.
Во учителот што прво е човек.
Во практиката што не ветува ништо, освен вистина.
Сè друго ќе отпадне.
Како лисја што паѓаат кога ќе дојде време.
А јадрото ќе остане – за оние што навистина бараат
и за оние што се доволно храбри
да не ја користат јогата за да се скријат,
туку за да се разголат пред сопствената вистина.
Ваша Марија
15/12/2025
Резервирај јога активности - час, работилница, обука
Отсега достапни и за корпоративни или приватни организирани групи преку Кајак
🔗 https://kajak.mk/luge/usluga/joga-so-marija--iskustvo-avtentichnost-i-vdlabochena-praksa
12/12/2025
Нов термин за обука на јога инструктори – Yoga Teacher Training (CYT 200 HR)
📅 Почеток: февруари 2026 • 7 работни викенди
📍 Јога центар Садана (присуство или онлајн)
Станете меѓународно сертифициран инструктор по јога преку Yoga Alliance International – India.
Обуката вклучува:
🧘♀️ Практика (асани, пранајама, медитација, банди, мудри, шаткарма)
📖 Методологија на настава
🔬 Анатомија и физиологија
🌿 Јога филозофија, етика и начин на живот
👩🏫 Под водство на: Марија С. Михајлоска (Master Yoga Teacher, CYT 500 HR)
💰 Можност за плаќање на 4 рати, 10% попуст при целосна уплата.
📞 Пријави се: 078/239-680
📧 [email protected]
👉 Ограничен број места!
Love All ❤️ Serve All 🙏
21/08/2025
✨ Јога часови во Јога центар Садана! ✨
📅 Старт: 10 септември 2025
📍 Локација: Тафталиџе, тцц Плаза
🕘 Термини: понеделник и среда во 20:15
Часовите ги води Марија – Master Yoga Teacher (500HR, YAI India) со повеќе од 20 години искуство во пракса и предавање.
🌿 Јогата е за секого – дојди, подари си време за себе и твоето тело.
👉 Резервации и информации: 078/239-680
Love All ❤️ Serve All 🙏
#јога #јогамакедонија #јогачасови
20/08/2025
Обука за јога инструктори – Yoga Teacher Training (CYT 200 HR)
📅 Почеток: 18 октомври 2025 • 7 викенди
📍 Јога центар Садана (присуство или онлајн)
Станете меѓународно сертифициран инструктор по јога преку Yoga Alliance International – India.
Обуката вклучува:
🧘♀️ Практика (асани, пранајама, медитација, банди, мудри, шаткарма)
📖 Методологија на настава
🔬 Анатомија и физиологија
🌿 Јога филозофија, етика и начин на живот
👩🏫 Под водство на: Марија С. Михајлоска (Master Yoga Teacher, CYT 500 HR)
💰 Можност за плаќање на 4 рати, 10% попуст при целосна уплата.
📞 Пријави се: 078/239-680
📧 [email protected]
👉 Ограничен број места!
Love All ❤️ Serve All 🙏
17/08/2025
🧘🏻♀️ ОНЛАЈН ЈОГА ЧАСОВИ
Започнуваме од 10 септември
📆 понеделник и среда
🕣 20:15 часот
💻 Од удобноста на твојот дом
📩 Пријави се со порака или 📞078 239 680
👩🏼🦰 Часовите се под водство на Марија - Master Yoga Teacher YAI Inda
Love All ❤️ Serve All 🙏