ИЗВЕСТУВАЊЕ
Ве известуваме дека поради технички причини, се откажува првата трка по скали Cevahir Tower Run, која беше планирана да се одржи на 20 ноември 2022 година во висококатниците на Скај Сити.
Cevahir Tower Run се роди како соработка помеѓу АК Работнички и Cevahir Sky City, по пример на популарните трки по скали во светските метрополи, како што се трката во Ајфеловата кула во Париз и Емпаер Стејт Билдинг во Њу Јорк, а со цел овој вид на спортска дисциплина да ја донесеме и во Македонија.
Ние како организатори Ве информираме дека првата трка по скали во Македонија ќе се одржи во подобри времиња кога сите фактори за одржување ќе бидат во согласност со засегнатите страни.
АК Работнички како организатор на трката Ви благодари на искажаниот интерес на сите кои се пријавивте да бидете дел од првата трка по скали Cevahir Tower Run под мотото „Освој го врвот на Џевахир кулите“. Дополнително ги известуваме сите пријавени учесници дека средствата уплатени за котизација за учество на трката на сите учесници ќе им бидат целосно рефундирани.
За повеќе информации околу начинот на рефундирање ве молиме обратете се на [email protected]
Ви благодариме на разбирањето.
Cevahir Tower Run
Освој го врвот на Cevahir Sky City! MK
Cevahir Tower Run е првата oфицијална македонска tower run трка.
Tower run трките се одвиваат ширум светот во највисоките кули, а единственото место коешто ги задоволува стандардите е токму Cevahir Sky City.
АК Работнички ја органзира оваа трка за прв пат оваа година, а се надеваме дека од следната година ќе станеме и официјален дел од World Tower Run Association, ќе успееме да ги привлечеме најдобрите таленти во овој спорт, и да ја направиме Cevahir Tower Run
Уште 5 дена до Cevahir Tower Run
Најава за првата трка по скали во Македонија.
Трката ќе се одржи на 20 ноември 2022.
Cevahir Sky City
https://cevahirtowerrun.com/
Уште 7 дена до Cevahir Tower Run
10/11/2022
На врвот на кулата, секој учесник на Cevahir Tower Run ќе го чека овој прекрасен медал. Доколку сè уште не сте се пријавиле, сторете го тоа веднаш! Пријавувањето е отворено до 17 ноември на www.cevahirtowerrun.com
Be очекуваме!
Cevahir Tower Run Во организација на АК Работнички во партнерство со Cevahir Sky City во Скопје за прв пат ќе се организира трка по скали во кулата Ц на Cevahir Sky City со наслов Cevahir Tower Run под мотот...
Имаш уште 7 дена да се пријавиш!
Пријавувањето за првата вертикална трка во Македонија Cevahir Tower Run завршува на 17 ноември. Побрзај, пријави се на www.cevahirtowerrun.com и освој го врвот на Џевахир кулите!
08/11/2022
Трчањето по скали сепак се одвива во затворен простор и може да стане задушливо. Затоа треба да носиш лесна облека и патики со тенок ѓон за добар баланс.
07/11/2022
Искусните тркачи по скали велат дека трката повеќе е брзо одење отколку трчање. За добар резултат, најважно е одржувањето на темпото, затоа не започнувај пребрзо!
Уште две недели до Cevahir Tower Run.
04/11/2022
Брзото искачување скали многу повеќе помага да согорите калории отколку класичниот џогинг.
03/11/2022
Вежбите како што се склекови, стомачни и сквотови ќе ти помогнат да ја постигнеш потребната кондиција за трката по скали.
01/11/2022
Дишењето станува сè подлабоко и потешко додека трчаш по скали. За време на тренингот, пронајди го твојот идеален ритам на дишење. Совет од експерти: издиши долго, вдиши кратко.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Website
Address
Skopje