29/01/2022
Dve poranesni legendi i odlicni fudbaleri
Goce Aleksovski i Jakim Bakuleski na fotografijata kako clenovi na ekipata na
FK Bregalnica od Stip
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Sportski srca, Sport & recreation, Skopje.
29/01/2022
Dve poranesni legendi i odlicni fudbaleri
Goce Aleksovski i Jakim Bakuleski na fotografijata kako clenovi na ekipata na
FK Bregalnica od Stip
02/05/2021
Христос воскресна!!!
За многу години.
Среќен празник на сите кои денес го прославуваат Велигден.
08/03/2021
Честит 8-ми Март почитувани дами!
Srecan 8-mi Mart postovane dame!
07/02/2021
ДАРКО ПАНЧЕВ
Неговите успешни настапи ќе останат секогаш запаметени и испишани со златни букви во фудбалската историја .
Блесна во македонската гордост Вардар , потоа продолжи во Црвена Звезда од Белград со која стана европски шампион и воедно ја доби титулата Златна Копачка .
Секако останува да се одбележи и настапот за Интер од Милано како и успешните настапи и прекрасни погодоци со репрезентацијата на Југославија со која учествуваше 1990 година на Светското првенство во фудбал што се одржа во Италија .
Имаше солидни настапи и за македонската репрезентацијата по осамостојувањето , а го доби и епитетот фудбалер на векот на нашата Македонија .
Успесите и вистинските мајстории уште долго ќе се паметат и пренесуваат на идните генерации.
11/01/2021
ФК ,, Беласица од Струмица ги започна подготовките за пролетната сезона притоа ангажираше четворица одлични таленти од Србија кои доаѓаат од екипата на Инџија и тоа:
Александар Вулиќ- голман
Страхиња Шево - штопер
Дамир Аврамовиќ - заден везен
Миленко Мијатовиќ - напад
Заедно со останатите засилувања кои пристапија на клубот младинските репрезентативци на Македонија Бесар Гуџуфи У17 и Дамјан Трајаноски У19 кои дојдоа од екипата на ФК Вардар од Скопје, како и искусните Оливер Пеев и Бенјамин Демир предводени од искусниот и одличен тренер Ѓоре Јовановски се очекува да водат тешка битка за опстанок во првата лига .
Во екипата остануваат и неколку искусни фудбалери од досегашниот состав предводени од досегашниот капитен Милушев , надополнети со младите таленти членови на младинските селкции на Македонија Калпачки и Ивановски .
Се очекува екипата на Беласица да биде хит на пролетната сезона .
07/01/2021
За многу години!!!
Почитувани спортски пријатели,
Честит Божиќ и весела Бадникова вечер ви посакуваме од се срце!
Да сте ни живи и здрави.
25/10/2020
Еден од најдобрите напаѓачки тандеми во историјата на ФК Вардар од Скопје секако се
имињата на Васил Рингов и Дарко Панчев.
Двајцата имаа блескави игри во црвено црниот дрес и беа членови на шампионската генерација која во 1987 год го освои шампионатот во поранешна Југославија играјќи во купот на европски шампиони.
Во својата богата кариера настапуваа за повеќе клубови а Дарко Панчев со екипата на Црвена Звезда од Белград стана и европски и светски шампион и воедно беше и златна копачка истата година кога ја освои титулата . Од Црвена Звезда премина во Интер од Милано .
Беше и член на репрезентацијата на Југославија со која настапи на Светското првенство во Италија во 1990 , а значајно е да се напомене дека беше и првиот капитен на репрезентацијата на Македонија .
По завршувањето на кариерите Рингов и Панчев работеа во ФК Вардар во повеќе наврати и на повеќе функции .
Навивачите секогаш ќе ги паметат нивните успешни игри и убави постигнати погодоци .
24/10/2020
Лазар Лечиќ е човекот кој целиот живот го посвети на кошарката ,несебично залагајќи се за создавање плејада играчи кои оставија силен белег во македонската кошарка но и на просторите на Југославија .
Мотиватор, учител, педагог, искрен пријател и голем другар , човек со широко срце отворено за секого .
Како тренер важи за еден од најдобрите на просторите на поранешна Југославија кои со екипита на КК Работнички од Скопје направи огромни успеси радувајќи ја верната публика на која беше и сеуште е миленик .
Во својата богата кариера работеше и со огромен успех и во тимот на Арис од Солун каде играше еден од најдобрите играчи од Грција на сите времиња Никос Галис , беше и во стручниот штаб на Југословенската кошаркарска репрезентација .
Извесен период Лечиќ беше и шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје и извршуваше низа функции во тренерската организација во Македонија како и комисии за развој на млади категории.
Денес апелира и се залага за единство во кошарката и секогаш е спремен со совети и драгоценото свое искуство да помогне на помладите тренери и спортски работници.
Лазар Лечиќ со цело срце е посветен сиот свој живот за доброто на кошарката .
Од име на редакцијата на "Спортски срца " изразуваме респект и голема благодарност за овој кошаркарски великан .