Ракомет За Секое Дете

Ракомет За Секое Дете Добредојдовте на официјалната страница на проектот Ракомет За Секое Дете ❤️🤾‍♂️🏐🇲🇰

21/07/2026

Се гледаме од септември во сала 😀🤾‍♂️♥️🇲🇰

15/07/2026

Филип, Софија и Михаил, заедно со основачот на проектот Ракомет За Секое Дете, Горан Ѓоргоноски беа гости на Македонија наутро - утринска програма на МТВ 📺

Целиот прилог гледај го тука 👇

https://youtu.be/7NzvMaEJW5Q?si=kP3mSNnrS6-iV3y3

#Македонија 🇲🇰

Нашите пријатели од Alpsko MK секогаш се со нас во  #Охрид 🙏♥️
09/07/2026

Нашите пријатели од Alpsko MK секогаш се со нас во #Охрид 🙏♥️

10/06/2026

Шанса за секое дете, создавање услови за секое дете - #СертификатЗаСекоеДете 🎓🤾‍♂️🇲🇰

Со големо задоволство и гордост на сѐ што беше направено во текот на оваа сезона, ја затвораме 2025/26 и веќе со нетрпение го очекуваме септември, убедени дека ќе бидеме уште подобри, уште побројни и уште поуспешни✊

Огромна благодарност до нашите златни членови ❤️, нивните родители 🙏, нашите професори и тренери 👨‍🏫🤾‍♂️, како и до сите партнери и поддржувачи на школата, кои помогнаа оваа приказна да расте од ден во ден.

Заедно создаваме средина во која секое дете има можност да учи, да се развива, да спортува и да сонува големи соништа💙💛
🙏
#СеГледамеВоСала #Ракомет #МакРакомет #Македонија 🇲🇰
#ДецатаВоСала

📸 ФОТОГАЛЕРИЈА📸Повеќе од 4️⃣0️⃣0️⃣ македонски деца сезонава продефилираа низ школата за ракомет 🏐Традиционално, веќе 5️⃣...
09/06/2026

📸 ФОТОГАЛЕРИЈА📸
Повеќе од 4️⃣0️⃣0️⃣ македонски деца сезонава продефилираа низ школата за ракомет 🏐
Традиционално, веќе 5️⃣-та година по ред, крајот на сезоната го одбележуваме со завршниот #ЈуниорКуп и доделувањето на #СертификатЗаСекоеДете 🎓
Сезоната 2025/26 ја завршивме со рекордни 3️⃣3️⃣0️⃣ момчиња и девојчиња на возраст од 6 до 13 години, како и уште 80-100 деца кои во текот на годината влегоа и излегоа од нашиот систем.
И тоа е сосема нормално.
Децата треба да имаат можност да се запознаат со различни спортови, да откријат каде лежат нивните афинитети, таленти и предиспозиции, а потоа да го пронајдат спортот што ќе стане дел од нивното растење во најважните години од развојот.
Им честитаме на сите деца кои оваа сезона ја поминаа во сала, на тренинзи, на натпревари и на турнирите во Скопје и Велес 👏
✊ Вие сите сте победници✊
Во меѓувреме, привршуваат подготовките за 5️⃣-тото издание на Handball Camp 40x20 Macedonia ☀️🤾
Се гледаме во Охрид, а потоа повторно од септември во сала 😀❤️
#СертификатЗаСекоеДете #СеГледамеВоСала #Ракомет #МакРакомет #Македонија
#ДецатаВоСала

Проектот  #РакометЗаСекоеДете, преку школата за ракомет Топка, беше дел од вчерашниот настан „Национален ден на ракомето...
18/05/2026

Проектот #РакометЗаСекоеДете, преку школата за ракомет Топка, беше дел од вчерашниот настан „Национален ден на ракометот“, во организација на Ракометна Федерација на Македонија - официјална страница , на кој 20 екипи од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово одиграа вкупно 40 натпревари во мини-ракомет 🤾‍♂️

Нашата школа учествуваше со 6 екипи од генерацијата 2016/17 👏

Му благодариме на организаторот за поканата и можноста да бидеме дел од еден ваков убав ракометен ден, исполнет со натпреварување, дружење и детски насмевки 😊

А како „шлаг на тортата“, сите заедно бевме сведоци на уште еден пласман на машката ракометна репрезентација на Македонија на Светско првенство 🇲🇰🔥

Честитки до националниот тим за продолжување на низата настапи на големите натпреварувања и достоинствено претставување на Македонија на светската сцена 💪🤾‍♂️

#СеГледамеВоСала #Ракомет #МакРакомет #Македонија
#ДецатаВоСала

13/05/2026

🎥Децата во сала!!!🤾‍♂️🤾‍♀️
Таму им е местото. Низ натпревари и дружење, да ги стекнат сите придобивки од спортот.
Среќни и исполнети деца, тоа е во овој момент најважно. Резултати ќе се бараат во иднина. Некои ќе останат во нашиот спорт, некои ќе се препознаат во некој друг, трети ќе се насочат кон нешто друго. Сето тоа е нормално, но најважно е на оваа возраст да се запознаат со спортот, дисциплината која ја носи истиот, да научат да прифатат пораз и да знаат да им се радуваат на победите, што и да подразбираме под поимот победа.
Победа е и самото тоа што се во сала ✊
Успешно реализиран 4️⃣-тиот #ЈуниорКуп за сезона 25/26 во рамките на проектот #РакометЗаСекоеДете 👌
Им благодариме на родителите за довербата, на нашите професори за посветеноста и на нашите партнери Sparkasse Bank AD Skopje Ladna Alpsko MK ZAN MITREV за поддршката 🙏
#СеГледамеВоСала #Ракомет #МакРакомет #Македонија 🇲🇰
#ДецатаВоСала

📸 ФОТОГАЛЕРИЈА 📸Рекордни 3️⃣3️⃣ екипи, одиграа 6️⃣6️⃣ натпревари, поделени по генерации од 2018 и помали, 2016/17 и 2014...
11/05/2026

📸 ФОТОГАЛЕРИЈА 📸
Рекордни 3️⃣3️⃣ екипи, одиграа 6️⃣6️⃣ натпревари, поделени по генерации од 2018 и помали, 2016/17 и 2014/15, на 4️⃣-тиот #ЈуниорКуп, како дел од проектот #РакометЗаСекоеДете 🤾‍♂️🤾‍♀️
💙❤️🤾‍♂🏐🇲🇰
#СеГледамеВоСала #Ракомет #МакРакомет #Македонија

🌍 Ден на планетата Земја 🌍Ги учиме децата да бидат подобри спортисти, но и подобри луѓе 💚Љубовта кон ракометот оди рака ...
22/04/2026

🌍 Ден на планетата Земја 🌍
Ги учиме децата да бидат подобри спортисти, но и подобри луѓе 💚
Љубовта кон ракометот оди рака под рака со љубовта кон природата.
Да ја чуваме Земјата - за нивната иднина 🌱🤾‍♀️
#РакометЗаСекоеДете #ШколаЗаРакомет #СеГледамеВоСала #Македонија

Честит Велигден 🐣🌸На децата од нашата школа за ракомет, на нивните родители и на сите православни Македонци им посакувам...
12/04/2026

Честит Велигден 🐣🌸
На децата од нашата школа за ракомет, на нивните родители и на сите православни Македонци им посакуваме здравје, радост и многу насмевки. 🙂
Нека празникот донесе љубов, сплотеност и нова енергија за спортски успеси 🤾‍♂️❤️

Христос Воскресе!✝️

#Македонија 🇲🇰
#МакедонијаВечна

Address

Boulevard Jane Sandanski 7/2 Lokal 18
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ракомет За Секое Дете posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Ракомет За Секое Дете:

Shortcuts

Share