Пивска Конверзација - навивачки фанзин

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Пивска Конверзација - навивачки фанзин

Пивска Конверзација - навивачки фанзин „Пивска Конверзација“ е навивачки фанзин кој започна да се издава од март 2020 година.

„Пивска Конверзација“ е навивачки фанзин, во реализација на Екипа Пиво - ФКВ, којшто за првпат на македонската навивачка сцена се појави во март, 2020 година. Оттогаш до денес издадени се четири публикации: бр.1; бр.2; Специјално Ретро издание; бр.3.

Фанзинот има за цел да презентира текстови поврзани со навивачки теми, како: извештаи од навивачката група „Комити Запад“ и нејзините активности во тековната сезона на ФК Вардар; интервјуа со странски навивачки групи, со цел навивачите кои ќе го читаат фанзинот да се запознаваат и со навивачките сцени надвор од Македонија; теми поврзани со навивачкото движење, култура и менталитет; сето тоа претставено од гледна точка на самата екипа која работи на фанзинот.

„Пивска Конверзација“ излегува најмалку еднаш годишно, односно непосредно по завршетокот на тековната сезона на ФК Вардар, со цел да се даде едно резиме на сите активности на групата додека трае сезоната, дополнето со гореспоменатите навивачки теми.

Редакција: Екипа ПИВО - ФКВ - https://www.facebook.com/PIVO.FKV
Контакт: [email protected]

На 70 годишна возраст, вчера си замина една од најголемите Вардарови легенди кои некогаш ги имал нашиот сакан клуб. Си з...
24/12/2025

На 70 годишна возраст, вчера си замина една од најголемите Вардарови легенди кои некогаш ги имал нашиот сакан клуб. Си замина големиот Васил Рингов. Веднаш по оваа потресителна вест го отворивме последното наше издание, да се потсетиме на честа која ја имавме во 2023. да направиме еден долг и одличен разговор со него. 15 страници посветени на Васе, приказни кои вечно ќе се паметат.

„Толку тешко Ви паѓа за Вардар? – Многу!“

Изразуваме сочувство до најблиските! Вечна му слава! ❤️🖤

Address

Трибина Запад, Градски стадион, Скопје
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Пивска Конверзација - навивачки фанзин posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Пивска Конверзација - навивачки фанзин:

Shortcuts

Share