20/04/2026
🌻НОВА УТРИНСКА ПОЧЕТНА
ГРУПА ВО ЈОГА ЛОТОС!
Сакате повеќе енергија,
помалку болки во грбот и подобро расположение уште од наутро?
Сега е вистински момент да започнете со jora!
🪷 Без претходно искуство
🪷 Вежби прилагодени за секого
🪷 Совршен старт на денот со позитивна енергија
Почеток: 05.05.2026, вторник
Месечна претплата: 2000ден
Местата се ограничени - пријави во порака 📩
09/04/2026
Поради велигденските празници двете наши студија нема да работат на - 10.04 петок, 11.04 сабота и 13.04 понеделник.
По празниците продолжуваме повторно со редовните часови.
Ви посакуваме мирни и убави празнични денови🌸🐣
Daniela Manakovska
26/03/2026
Стани дел од тимот на Јога Лотос👇
Поради раст и отворање нови групи,
ЈОГА ЛОТОС ИМА ПОТРЕБА ОД ИНСТРУКТОРИ ПО ЈОГА🧘🏻♀️🧘🏻♂️
Бараме личности кои:
✨ ја практикуваат и живеат јогата
✨ знаат да водат со внимание, присуство и грижа
✨ сакаат работа со групи и создавање убава енергија
Нудиме:
💫 пријатна и поддржувачка средина
💫 работа со оформени групи
💫 флексибилен ангажман со можност за дополнителен приход
💫 можност за долгорочна соработка и раст
Со повеќе од 12 години искуство и заедница што постојано расте,
Јога Лотос е место каде се гради доверба и љубов кон јогата 💚
📩 Ако се пронаоѓаш, испрати ни порака
20/02/2026
☀️🐚🌊 ЛЕТО 2026 🌞🌴🏖️
ЈОГА КАМП СО ЛОТОС
06 - 13.09.2026
- на островот КРФ, Грција
Замислете утро со мирис на море,
релаксирачки јога вежби на изгрејсонце,
вечерни медитации под ѕвезди, денови исполнети со смеа, добра енергија и нови пријателства…
Пријавувањето за летниот јога камп на Јога Лотос се отвора.
Подготвени ли сте да си подарите нешто вистински за себе? 💛
Сместувањето е во хотелски двокреветни соби во:
Sirena Beach Hotel - Gouvia
- 7 ноќевања со појадок.
Во цената е вклучено:
✅ Автобуски превоз
✅ Траект
✅ Јога програма
Цена: 449 евра / 27.838 ден
Местата се ограничени!
Минатата година, двата кампа се пополнија за многу кратко време!
Оваа година, поради приватни обврски на учителот, организираме само еден јога одмор…
Затоа резервирајте си го вашето место на време❗️❗️❗️
Местата се резервираат само со уплата на 7000ден. Остатокот од сумата може да се плаќа на рати, најдоцна до 25.08.2026 сѐ да е исплатено.
Подетални информации и резервации на тел:
📞 076 303 473
Daniela Manakovska
17/02/2026
Наизменично дишење- Nadi Shodhan
- го смирува нервниот систем
- го подобрува спиењето
- ја регулира работата на хормоните
- ги балансира левата и десна хемисфера на мозокот
- го намалува чувството на глад
- ја прочистува енергијата низ енергетските канали во телото
04/02/2026
Слободни места во термините:
- НОВО ЛИСИЧЕ👇
🌸ВТОРНИК-ПЕТОК
- од 18.00-средна група со Нина
- од 19.30-напредна група со Горан
- од 21.00-почетна група со Весна
🌸СРЕДА-САБОТА
- од 18.00-почетна група со Горан
- ПОРТА ВЛАЕ👇
🌸СРЕДА од 19.30-САБОТА од 10.00
Почетна група со Весна Ј.
Местата се ограничени и во секој од наведените термини има слободно по 3-4 места.
Другите денови и термини се сосема пополнети.
Вашата пракса може да почне денес!
31/01/2026
Енергија што се множи кога сме заедно 🫶
Daniela Manakovska
31/12/2025
Драги вежбачи и пријатели,
Ви посакуваме среќни новогодишни и божиќни празници, многу здравје, мир и внатрешна рамнотежа.
Нека новата година ви донесе леснотија во телото, љубов во срцето и спокој во умот ✨🌟✨
21/12/2025
✨Благодарност до сите јогини од Лотос✨
На оние што беа присутни и ja исполнија салата со енергија, смеа и заедништво - и на оние што не беа со нас физички, но се дел од нашата заедница со срце.
Ви посакуваме среќна, здрава и мирна Нова година, исполнета со баланс, радост и љубов!
Се гледаме во нашите студија💛
Тимот на Јога Лотос🙏
Daniela Manakovska