Прва машка кошаркарска лига на Македонија

Прва машка кошаркарска лига на Македонија

Share

Добредојдовте на официјалниот профил на ПЛМ | Welcome to the official page of FLM

Photos from Прва машка кошаркарска лига на Македонија's post 24/05/2026

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ: Во три чекори МЗТ Скопје Аеродром дојде до 13.шампионска титула!

Photos from Прва машка кошаркарска лига на Македонија's post 24/05/2026

Кој друг, ако не тој, Војдан Стојановски е МВП!
Испиша легендарниот македонски кошаркар уште една страница во својата биографија.
Нема крај на серијата на титули на МЗТ Скопј Аеродром, а не е ни блиску крајот на неверојатната кариера на Војдан Стојановски...

Испиша легендарниот македонски кошаркар уште една страница во својата биографија.

Сега ја дополни со наградата – признанието за најкорисен играч на финалната серија на плеј-офот.

Еден од најискусните играчи во ново-стариот шампион одигра уште една одлична партија во третиот и решавачки натпревар, кој им ја донесе на популарните „металци“ и 13. шампионска титула.

Гледано низ бројки, Војдан Стојановски го заврши последниот меч во оваа серија со ефект од 17.поени (3/9 за три, 3/6 за два поени и 2/2 од линијата за слободни фрлања, но и по три скока, три асистенции и три освоени топки за 29:31 минути поминати на паркетот.

Апсолутно заслужено – Војдан Стојановски е МВП!

Photos from Прва машка кошаркарска лига на Македонија's post 24/05/2026

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ: Во три чекори МЗТ Скопје Аеродром дојде до 13.шампионска титула!

Photos from Прва машка кошаркарска лига на Македонија's post 24/05/2026

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ: Во три чекори МЗТ Скопје Аеродром дојде до 13.шампионска титула!
Во третиот натпревар од финалната серија упте еднаш беа подобри од предизвикувачот, Маџари, сега и на гостински терен (80:74) за максимални (3-0)

Photos from Прва машка кошаркарска лига на Македонија's post 18/05/2026

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ: Првиот шампионски поен во финалето за МЗТ Скопје Аеродром
Бранителот на титулатга подобар од Маџари (84:77) во првиот финален натпревар од доигрувањето

Photos from Прва машка кошаркарска лига на Македонија's post 13/05/2026

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА – МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ: МЗТ Скопје ја доби „мајсторката“ со Пелистер, и ќе ја брани титулата!
Во мечот на одлука, „металците“ имаа одлично второ полувреме, и стигнаа до убедлив триумф (87:58), за крајни (2-1) во серијата од полуфиналето
Во третиот натпревар од полуфинапето на Плеј-офот, по израмнетото прво полувреме. кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром експлодираа во третиот период во кој направија скор (29-5), креираа голема предност, доволно за пласман во уште една финална серија каде во одбрана на трофејот за противник ќе го имаат дебитантот – Маџари.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПЕЛИСТЕР 87:58 (2-1)

12/05/2026

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА – МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ: Нов момент за клупска историја, Маџари е финалист, и ќе се бори за титулата!
Драматичен финиш на вториот полуфинален натпревар, и голем триумф на Маџари против ТФТ (71:69) за место во големото финале
Вториот меч од полуфиналето на Плеј-офот донесе нова неизвесност, возбуда, на двете страни од теренот и полното гледалиште во салата „наумо Наумовски – Борче“ во скопската населба Маџари.

На една страна, Маџари „бркаше“ финале, историско за нив, во доигрувањето, од друга, ТФТ форсираше трет натпревар, односно „мајсторка“ која ќе го даде финалистот..

Со среќен крај за екипата дебитант во најсилното клупско натпреварување - Маџари!

МАЏАРИ – ТФТ 71:69 (2-0)

Photos from Прва машка кошаркарска лига на Македонија's post 10/05/2026

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ: Пелистер го победи МЗТ, и ја врати серијата во Скопје
Екипата на Пелистер израмни на (1-1) во полуфиналната серија, на домашен терен го совлада МЗТ Скопје со (81:76)
Битолчани заслужено дојдоа до триумфот бидејќи беа во водство во најголем дел од мечот, но малку недостасуваше да испушти голема предност и да доживее пораз со што ќе ставеше крај на сите надежи за пласман во финалето. МЗТ Скопје во финишот се закани со голем пресврт, но не успеа да го направи финалниот чекор.

ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 81:76 (1-1)

Photos from Прва машка кошаркарска лига на Македонија's post 06/05/2026

Шампионот до првата победа во полуфиналето на плеј-офот против Пелистер(80-75) за водство (1-0) во серијата

Photos from Прва машка кошаркарска лига на Македонија's post 04/05/2026

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ: Маџари продолжува да изненадува, дојде до првата победа во полуфиналето со ТФТ
Во првиот натпревар од полуфиналето на плеј-офот, и продолжение од пет минути славеа гостите со минимални (84:82)

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


Улица „Дебарца“број 28
Skopje
1000