SG LOVEC

SG LOVEC

Share

Hunting

26/08/2025

SE PRODAVA EPANJOL BRETON (zensko)
Info 075204323

21/08/2025

Лов на прелетен дивеч 2025

Photos from SG LOVEC's post 01/04/2025

Успешно завршена ловна сезона 2024/25. Голема благодарност до сите учесници на хајките на штетен дивеч.
Добар поглед.
Мирна рака.

Photos from SG LOVEC's post 17/03/2025

Пролетната миграција е во полн ек, а илјадници птици се обидуваат успешно да го завршат своето патување. 🌍🐦

Со доаѓањето на пролетта, птиците преселници ги напуштаат топлите и предизвикувачки предели на Африка и се упатуваат кон Европа и Азија. Таму ги очекуваат поповолни услови за размножување, изобилство на храна и безбедни засолништа.

Во нашето ловиште, меѓу најпознатите преселници се грлицата и препелицата – видови кои секоја година верно се враќаат по своите добро познати миграциски патеки.

Нивната патека е вистинско природно чудо, а тие се несомнени херои на миграцијата – симбол на упорност, сила и природна хармонија.

02/03/2025
10/01/2025

Почитувани Ловци
15.01.25 Среда
ќе биде ловен ден
Добар поглед!!!

30/09/2024

СГ ЛОВЕЦ



ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЛОВ ВО ЛОВИШТЕ МИРКОВЦИ

Ловни денови за лов на дива свиња од 15.09.2024 до 15.01.2025 год. се:
• сабота,
• недела и
• државни празници​
*се лови во групи од мин.5 ловци

Ловни денови за зајак и полка еребица се : 11/10 ; 27/10 ; 03/11; 17/11

Терени дозволен за лов на зајак, фазан и еребица полка се:
*бр.1 Кучевачка Бара (Патот од Бутел – Мирковци, десно Кучевиште -Побожје, десно по патот за Радишани) за деновите 11/10 и 27/10.
*бр.2 Стенковец (лево од патот за Бразда потоа лево по сртот до Бел Камен па лево надолу до Стрелиште Стенковец) за деновите 03/11 и 17/11.
Неколку битни точки:
• Поради епидемијата која е прогласена на територијата на СРМ секој ловец има обврска од секоја застрелана дива свиња да даде мостри за испитување(крв ,слезина, диафрагма, крајници).
• Застреланите диви свињи кои ќе се дадат на испитување нема да се наплаќаат!
• Задолжително е носење на флоросцентно елече!
• Забрането е ловење со гоничи во Кучевачка Бара!
• Забрането е ловење на ЕРЕБИЦА КАМЕЊАРКА!
• Дозволи ќе се издаваат вторник (од 09 до 12 часот) и петок (од 15 до 17 часот) во канцеларијата во Бутел
• Телефон за контакт 075/870-351 (Јошко)

07/09/2024

Почитувани ловци.
Ве известуваме дека ловот на дива двиња започнува на 15.09.24 и ќе трае до 15.01.25
Во ловиштето Симница терен дозволен за лов е левата страна од магистралниот пат Гостивар до Сртража, се до границите со соседните ловишта.
Денови дозволени за лов се сабота, недела и државни празници.
Дневни дозволи ќе се издваат за групи од минимум 5 ловци.
Задолжително е носење на флоросцентен елек.
Инфо Кристијан 071 696 678

24/07/2024

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ СО ЛОВ ВО ЛОВИШТЕ МИРКОВЦИ OД 02.08.2024

Ловни денови за прелетен дивеч за 2024 год. се среда, сабота, недела и државни празници.
Дивеч дозволен за лов е следниот: Потполошка, Грлица, Гулаб, Патка

Терен дозволен за лов е место викано (Стенковец). Границата е десната страна на обиколницата гледано од правец Радишани која движи кон магистралата за Косово до исклучувањето за с.Бразда на асфалтниот пат. Од тука се лови десната страна во правец кон с.Бразда па се до Оризарски рид, од Оризарки пат до обиколницата.

Неколку битни точки:
• Задолжително е носење на флоросцентно елече!
• Забрането е носење на ранци и торби!
• Дозволи ќе се издаваат вторник (од 09 до 12 часот) и петок (од 15 до 17 часот) во канцеларијата во Бутел
• Телефон за контакт - 075 870 351 Јошко

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Website

Address


Mirkovci/Skopje I Simnica/Gostivar
Skopje
1000