02/07/2026
⚡ Ласерско пукање, олимписки дух и многу млади шампиони!
Пентатлон асоцијацијата беше дел од Мини Олимписките игри 2026, каде преку спорт, едукација и дружење, учениците имаа можност да се запознаат со ласерското пукање – модерен, безбеден и динамичен спорт кој е дел од модерниот петобој.
Мини Олимписките игри се реализираа во четири градови:
📍 Гевгелија, општина Стојаково – над 150 ученици од Ѓавото, Стојаково и Богданци
📍 Кавадарци – над 150 ученици
📍 Куманово – 240 ученици и 20 наставници од ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „11 Октомври“, ООУ „Толи Зурдумис“ и ПООУ „Христијан Карпош“ – с. Драгоманце
📍 Скопје – 480 ученици и 40 наставници од ООУ „Ацо Шопов“, ООУ „Рајко Жинзифов“, ООУ „Дитурија“ и ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“
Со над 1.000 ученици вклучени во активностите, овие игри беа вистинска промоција на спортот, фер-плејот, тимската работа, почитта и олимписките вредности.
За нас е особено важно што ласерското пукање беше претставено пред младите како спорт кој развива концентрација, прецизност, самодисциплина и фокус – вредности кои се важни и во спортот и во секојдневниот живот.
Продолжуваме да го доближуваме модерниот петобој до новите генерации! 🎯