30/10/2025
Ана, мајка на близначки.
Полно работно време.
1000 секојдневни обврски.
Ова не е само трансформација на физичкиот изглед — ова е победа на дисциплината, трпението и љубовта кон себе.
Coach
30/10/2025
Ана, мајка на близначки.
Полно работно време.
1000 секојдневни обврски.
Ова не е само трансформација на физичкиот изглед — ова е победа на дисциплината, трпението и љубовта кон себе.
16/09/2025
-50 кг.
Гордост. Следните 20 кг. ке ја направат вистинската драма меѓутоа резултатот е предобар и вреди да се сподели и мотивира. Можеме СИТЕ!
06/03/2025
"Коуч немало ден да не ми се доаѓа на тренинг и на памет не ми паднало да одбијам било која вежба и да си ми ја дал!"
За решителните луѓе како целата фитнес приказна е навистина лесна.
Можам само да додадам дека дисциплината што ја покажа низ претходниве 6 месеци е вистинска реткост, а се останато доволно ќе објаснат сликите.
🫡🙌👑
31/08/2024
Запознајте ја Драгана.
Вистински и едиствен пример како 365 дена можат тотално да ти го променат животот.
Трансформација која ги остави без зборови сите оние што ја пратеа низ целиот процес оваа година, меѓутоа најмногу ме воодушеви мене затоа што досега низ моето 12 годинишно искуство како тренер не сум се сретнал со вежбач кој секој ден без исклучок прецизно и целосно се придржува и ги следи сите мои инструкции околу исхрана, тренинг, одмор и овој животен стил.
Успеавме да отстраниме 42 кг, а фотките раскажуваат приказна која јас не би можел само со зборови да ја доловам.
Бескрајно сум благодарен за довербата која ми ја укажа токму мене. Сон е на секој тренер да има толку посветен клиент.
03/03/2024
Ова е Кики.
За нејзината трансформација доволно зборува сликата.
Тоа што мене ме воодушеви е насмевката на нејзиното лице низ целата приказна! Позитивната енергија со која им се спротивстави на сите препреки и ‘шамарчиња’ низ процесот е вистинска реткост. Ова е една од моите омилени трансформации затоа што таа вистински го прифати целиот животен стил и буквално ужива низ него!
17/09/2023
-20 кг.
Огромен респект за кој за 3 месеци дојде, виде и победи.
14/09/2023
Запознајте ја ‘Снеки’ моја инспирација, мотивација и пример за МНОГУ работи во животот, меѓу кои и фитнесот :)
Мајка на 3 деца, сопруга и феноменален кариерист. Жена за која не постои зборот не можам. Жена која не го познава изговорот ‘немам време’ !
Огромно е задоволството за секој тренер да соработува со волку посветен, дисциплиниран и истраен клиент кој толку лесно се приспособува на овој животен стил.
Snezana Kimovska 🙌👑
12/09/2023
Дисциплина.
🙌🎖️
14/06/2023
I hope we find time to be happy.
Not just strong.
Thats my birthday wish.
Much love.
🥂
22/03/2023
100% Дисциплина.
0% Изговори.
🦾
07/03/2023
Запознајте ја Мила која неодамна мораше да се соочи со тешка операција на р’бетот од каде и беше отстранет дел од Л5 дискот. Целиот процес доведе до комплетно атрофирање на мускулите на левата нога по што таа беше принудена повторно да се учи да оди…
И покрај сите животни предизвици кои и се случија во текот на процесот, остана истрајна, храбра, посветена и најважно од се секогаш позитивна, насмеана и полна со живот!
Во моментов таа е способна перфектно да ги изведува сите комплицирани вежби, има зајакната мускулатура на целото тело, не чувствува никакви болки во р’бетот или ногата, а попатно успеавме и да намалиме 15 килограми.
Вистинска чест и задоволство е да се работи со јунак како неа, особено знаејќи ги новопоставените цели кои неминовно ќе ги достигне!