Special Olympics North Macedonia

Special Olympics North Macedonia Добредојдовте на официјалната страна на Special Olympics North Macedonia - Специјална олимпијада Северна Македонија.

Меѓународна невладина организација Специјална Олимпијада ги сервисира потребите на лицата со пречки во развојот со цел нивна социјализација и интеграција преку спорт и рекреација, а Република Македонија е полноправен член од 2003г., во чии клубови членуваат атлети (возраст 18-26 г) со различни пречки во развојот.

„Специјална Олимпијада Македонија“ во изминативе години постигна врвни резултати со учеството на повеќе меѓународни турнири и Олимписки Игри:
• Две златни медали, две сребрени и еден бронзен - Летните олимписки игри во Даблин, Ирска - 2003год.
• 19 медали - Игрите на Jугоисточна Eвропа во Сараево, Босна и Херцеговина - 2004год.
• Една златна медала и две сребрени на Младински игри во Рим, Италија - 2006 год.
• Две сребрени медали - Летни олимписки игри во Шангај, Кина - 2007 год.
• Две бронзени медали во велеслалом - Зимските олимписки игри во Ајдахо, САД - 2009 год.
• Три златни, две сребрени, две бронзени медали (атлетика, пинг понг, бадминтон)- Европските Летни игри во Полска – 2010 год.
• 2 златни и 2 сребрени медали (aтлетика, пливање,пинг понг)-Светски Летни Олимписки игри, Атина 2011
• Една сребрена и една златна , алпско скијање - Светски Зимски Олимписки игри - Кореа 2013
• Две сребрени медали, бадминтон и атлетика - Европски Летни игри - Белгија
• 12 медали (Јунифајд кошарка, пливање, атлетика и пинг понг) на Летни Олимписки игри на Специјална Олимпијада – Лос Анџелес, САД 2015.
• Два сребрени медали на Зимските олимписки игри на Специјална олимпијада Австрија 2017.
• Три златни медали пливање на еден на 25м и два на 50м, еден сребрен медал на 50 метри атлетика и три бронзени медали на 25, 50 и 100 метри атлетика на Летните олимписки игри на Специјална олимпијада Абу Даби 2019.

Сакаш да направиш разлика и да придонесеш кон поголема инклузија?✔️ Волонтирај.✔️ Сподели објава.✔️ Посети наш настан.✔️...
21/09/2026

Сакаш да направиш разлика и да придонесеш кон поголема инклузија?
✔️ Волонтирај.
✔️ Сподели објава.
✔️ Посети наш настан.
✔️ Бодри ги атлетите.
✔️ Поддржи ја инклузијата.
Што и да направиш, нема да згрешиш. Малите чекори создаваат големи промени.

Секој тренинг, секој нов научен елемент и секој завршен натпревар претставуваат чекор напред. За многу атлети, спортот е...
19/09/2026

Секој тренинг, секој нов научен елемент и секој завршен натпревар претставуваат чекор напред. За многу атлети, спортот е местото каде што откриваат колку навистина можат.
Самодовербата не се создава преку ноќ – таа се гради со поддршка, охрабрување и верба. А токму тоа е една од најголемите вредности што ги носи Специјална Олимпијада.

💙 Инклузијата не е само да направиш простор за некого.Таа значи да го слушнеш.Да го прашаш за мислење.Да му дадеш можнос...
16/09/2026

💙 Инклузијата не е само да направиш простор за некого.
Таа значи да го слушнеш.
Да го прашаш за мислење.
Да му дадеш можност да учествува.
Да го бодриш.
Да го запознаеш.
Малите постапки создаваат големи промени.
Да бидеме генерација која избира почит, прифаќање и еднакви можности за сите.

🏊‍♂️🇲🇰 Малта 2026 – искуство што ќе го паметиме.Неколку денови исполнети со спорт, нови пријателства, заеднички моменти ...
15/09/2026

🏊‍♂️🇲🇰 Малта 2026 – искуство што ќе го паметиме.
Неколку денови исполнети со спорт, нови пријателства, заеднички моменти и многу емоции. Нашите атлети беа дел од Европското првенство во пливање на Специјална Олимпијада во Малта и имаа можност да се натпреваруваат со атлети од различни земји, да стекнат нови искуства и да уживаат во секој момент од натпреварувањето.
Од првиот ден и здравствените прегледи, преку тренинзите и подготовките, до моментот кога застанаа на стартот – секој чекор беше дел од едно важно спортско и лично искуство.
Горди сме на нашите атлети за нивната посветеност, храброст и желба да дадат сè од себе. 🏅
Ова е она што спортот го носи со себе – можност да растеме, да се поврзуваме со другите и да откриваме колку можеме.

💙 Малта ќе остане уште едно убаво поглавје во спортскиот пат на нашите атлети.

🥇🥈🥉 ИСТОРИСКИ УСПЕХ ВО МАЛТА ЗА НАШИТЕ АТЛЕТИ! 🇲🇰Нашиот национален тим се враќа од Европското првенство во пливање на Сп...
14/09/2026

🥇🥈🥉 ИСТОРИСКИ УСПЕХ ВО МАЛТА ЗА НАШИТЕ АТЛЕТИ! 🇲🇰
Нашиот национален тим се враќа од Европското првенство во пливање на Специјална Олимпијада Малта 2026 со бројни медали и резултати за гордост! 🏊‍♂️💙

🥇 Матеј Аларов – златен медал на 50 м пливање во слободен стил
🥉 бронзен медал – штафета 4 × 50 м пливање во слободен стил

🥈 Јулијана Петровска – сребрен медал на 50 м пливање во слободен стил
🥉 бронзен медал – 50 м грбно пливање
🥉 бронзен медал – 50 м пливање во слободен стил

🥉 Стефан Трпковски – бронзен медал на 50 м грбно пливање
🥉 бронзен медал – штафета 4 × 50 м пливање во слободен стил

🥉 Јана Кацарска - бронзен медал – штафета 4 × 50 м пливање во слободен стил

Посебно значаен момент е историскиот настап во штафетата 4 × 50 м пливање во слободен стил. За првпат националниот тим настапи во штафетна дисциплина и веднаш се закити со бронзен медал! 🥉🇲🇰

Зад овие резултати стојат месеци тренинзи, посветеност, дисциплина и многу работа. Но, пред сè, стојат четворица атлети кои во Малта покажаа храброст, истрајност и желба да дадат сè од себе.

👏 Честитки до Матеј, Јулијана, Стефан и Јана!

Ова е успех на целиот тим и момент на кој сите можеме да бидеме горди. 🇲🇰💙

🏊‍♂️🇲🇰 Зад секое учество стои тим од луѓе кои веруваат во можностите на нашите атлети.Нашиот тим во Малта има денови исп...
13/09/2026

🏊‍♂️🇲🇰 Зад секое учество стои тим од луѓе кои веруваат во можностите на нашите атлети.
Нашиот тим во Малта има денови исполнети со спорт, нови искуства, дружење и убави моменти од Европските натпревари во пливање!
За да стигнат до базените во Малта, зад нашите атлети стојат многу тренинзи, подготовки и особено, поддршка од луѓе, организации и општествено одговорни компании кои веруваат дека секој атлет треба да има можност да се натпреварува, да напредува и да го покаже својот потенцијал.
💙 Голема благодарност до сите наши партнери, поддржувачи и пријатели кои помогнаа ова патување да стане реалност.
Вашата поддршка значи можност повеќе. Искуство повеќе. Една нова победа – за секој наш атлет.
🇲🇰 Благодарни сме што сте дел од нашите спортски подвизи и успеси!

💙🏊 Грижата за здравјето е дел од секој спортски патПред да започнат со припремите и загревањето во базен, нашите атлети ...
12/09/2026

💙🏊 Грижата за здравјето е дел од секој спортски пат
Пред да започнат со припремите и загревањето во базен, нашите атлети кои учествуваат на Европските натпревари во пливање беа дел од редовниот здравствен преглед, организиран во рамките на натпреварувањето.

Преку овие прегледи, атлетите добиваат можност да го следат своето здравје и да добијат корисни совети и поддршка од здравствени професионалци – затоа што добрата подготовка за натпреварите започнува и со грижата за здравјето. 🩺

Во Македонија, оваа грижа продолжува во текот на целата година. Благодарение на нашиот партнер Аџибадем Систина, атлетите на Специјална Олимпијада имаат континуирана здравствена поддршка, редовни прегледи и консултации со медицински тимови.

Здравјето, спортот и поддршката што ја добиваат нашите атлети се важен дел од нивниот развој и можноста да бидат активни, сигурни и подготвени за нови предизвици.

💙 Грижата за атлетите продолжува – на спортските терени и надвор од нив.

🏃‍♀️💙 Кога трчаме заедно, секој чекор има значење.Клубовите на Специјална Олимпијада од Кавадарци, Штип и Скопје беа дел...
11/09/2026

🏃‍♀️💙 Кога трчаме заедно, секој чекор има значење.

Клубовите на Специјална Олимпијада од Кавадарци, Штип и Скопје беа дел од хуманитарната и инклузивна трка „No Finish Line“ – ден исполнет со движење, дружење и поддршка.
Особено ни е драго што нашите атлети беа дел од настан кој ја обединува заедницата околу важни вредности и уште еднаш покажа дека спортот има место за сите.

Голема благодарност до нашиот партнер, Фондацијата „Ице Бегов“, која стои зад организацијата на оваа инклузивна трка, како и до поддржувачите и сите учесници кои придонесоа таа да биде успешна.

За нашите атлети, секој чекор е важен. А кога чекориме заедно, стигнуваме подалеку. 💙

🏊‍♂️💙 Нашите атлети пристигнаа во Малта!Од денес, до 14 септември 2026, атлетите на Специјална Олимпијада  ќе бидат дел ...
10/09/2026

🏊‍♂️💙 Нашите атлети пристигнаа во Малта!
Од денес, до 14 септември 2026, атлетите на Специјална Олимпијада ќе бидат дел од Европските натпревари во пливање во Малта.
Зад секое учество стојат месеци тренинзи, упорност и многу посветеност. Сега е време сето тоа да го покажат во базенот и да уживаат во можноста да се натпреваруваат рамо до рамо со атлети од Европа. 🌊🏅
Им посакуваме многу среќа, силни настапи и, пред сè, да уживаат во секој момент од ова спортско патување!
🇲🇰 Напред наши!

🇲🇰 Честит 8 Септември!Љубовта кон татковината се покажува и преку грижата за луѓето.Со секоја можност што ја создаваме з...
08/09/2026

🇲🇰 Честит 8 Септември!

Љубовта кон татковината се покажува и преку грижата за луѓето.
Со секоја можност што ја создаваме за нашите атлети, со секое пријателство што се раѓа на спортските терени и со секој чекор кон поголема инклузија, заедно градиме подобра држава.

Нека Денот на независноста биде потсетник дека секој од нас има улога во создавањето општество во кое никој не е изоставен.

💙 Честит празник!

#8Септември

Address

Gjurcin Kokale 7
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Special Olympics North Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category