Adventure Park Skopje

Adventure Park Skopje

Share

Adventure Park Skopje

15/03/2026

‼️Warning: SERIOUS FUN AHEAD 🌳🚀

Adventure Park Skopje is officially open for the new season!Time to test your balance, your courage… and your friendship 😂🧗‍♂️🎢

Because someone will definitely be screaming on the rope courses👀🤟

Tag the friend who is brave enough ( or the one who’s afraid to try ) 👇🥷

⏰ Saturday/ Sunday : 11:00-18:00h
☎️ Book your adventure at 077500439

27/02/2026

Авантурата започнува! 🚀🔥

Преубавиот сончев викенд кој следи, најавува одлична адреналинска сезона. ☀️🧗‍♂️

Почнуваме викендов, сабота и недела Ве чекаме од ⏰11:00 до 18:00ч во Адреналинскиот парк заедно, со многу забава, адреналин и дружба да се разбудиме од зимскиот сон. 🎢🙌🌳

Дали сте спремни🤟⁉️

18/08/2025

🎢 ЈАВЕН ДЕМАНТ – АДРЕНАЛИНСКИ ПАРК СКОПЈЕ: ФАКТИ НАСПРОТИ ШПЕКУЛАЦИИ

Почитувани вљубеници во адреналинот, наши следачи и посетители,

Во свет каде што дезинформациите се шират побрзо од вистината, чувствуваме обврска да реагираме на неодамнешниот Facebook пост од наш посетител, кој во ниту еден случај не е експерт за адреналински паркови, висински операции или безбедност и работа на висина, а пост кој содржи сериозни невистини ❌ за Адреналинскиот Парк искажани јавно без никаква поткрепа и факти – при што, без проверка или консултација со релевантно тело или нас, беше пренесен од некои медиуми во форма на вест.

Би сакале да истакнеме дека:

📍 Нашиот парк не е само урбана атракција – тој е единствен во регионот.
Изграден по највисоки европски стандарди, каде од штраф до носечки столб е вградена најмодерна и сертифицирана безбедносна опрема според ЕН 15567, Адреналинскиот Парк Карпош е симбол на иновација, безбедност и професионализам Тој е место каде најмладите, семејствата и љубителите на авантурата добиваат искуство кое не може да се спореди со ништо друго во градот, па до сега сите кои дошле заминале насмеани 😊, вклучувајќи го и посетителот кој го напиша невистинитиот статус.

🛡️ Безбедноста кај нас не е само збор – таа е систем.
Секоја година, паркот поминува ригорозна тип Б инспекција, извршена директно од производителот од Словенија – водечка европски компанија за адреналински паркови, при што со најмодерни алати, ласери и софтвери се тестира целокупната опрема. Во пет години работа, немаме регистрирано ниту еден инцидент ✅. Сите елементи се во одлична техничка состојба, потврдена со официјални документи и валиден сертификат за безбедна употреба издадена директно од производителот. Целокупната опрема и персонал се обучени на ниво на Евро норматив предвиден за овој тип паркови.

📣 Загрижувачки е што овие невистини се шират без никој да побара наше мислење или да побара факти.
Ниту еден од порталите кои го споделија статусот како вест, не се обрати до нас за проверка, разговор или увид во документацијата. Наместо тоа, се пласираат шпекулации кои директно ја нарушуваат нашата репутација и довербата на посетителите, што е тенденциозно и доаѓа во клучен момент, што остава сомнеж за следново.

📌 Ваквите напади не се случајни – тие се појавуваат токму во моментот кога се обновува договорот за закуп на паркот.
Зад нив стојат интереси на поединци кои, без никаква експертиза или визија, се обидуваат да го добијат просторот и да изградат угостителски објект во срцето на паркот. Тоа би значело крај за единствениот урбан простор наменет за активна рекреација, здрав развој и авантура 🏞️.

Како оператори на Адреналинскиот Парк, Ве уверуваме дека во ниту еден момент безбедноста на ниту еден посетител не била и не е доведена во прашање. Редовни контроли и сервиси се вршат со цел и ние како оператори да бидеме 100% сигурни дека секој од Вас кој ќе не посети ќе си замине среќен, насмеан и ќе не посети пак 😊. При конзумација на секакви лични ставови на Facebook и останатите социјални мрежи, Ве молиме да внимавате и да го проверите изворот 🔍, затоа што фактите и целокупната документација од сите надлежни тела, вклучително и производителот недвосмислено ја гарантира безбедноста на секој еден посетител на паркот.

Конечно, ги повикуваме сите медиуми кои без никаква консултација побрзаа од лично мислење на посетител лаик споделено на Facebook да направат вест, во законскиот рок од 48 часа да не контактираат со цел увид во документацијата и од истите бараме јавно извинување и демант на објавената вест. Доколку тоа не се случи, приморани сме да поднесеме тужба за клевета и нарушување на углед.

Како тим, ќе продлжиме да се грижиме за паркот максимално посветено како и до сега, а сите Ваши посети да завршат со адреналин, убави спомени и многу насмевки 🎉.

Со почит,
Тимот на Адреналинскиот Парк

#сејфтифрст

09/08/2025

POV: You somehow managed to pass our adventure park and now you think you're Bear Grylls 🚀🎢🤟




06/06/2025

⚠️ ВНИМАНИЕ

Дали сакаш:
🌤️ Да си цел ден надвор, на отворено
🎉 Да работиш со насмеани лица кои слават и се забавуваат
💪 Да бидеш активен, а не зад биро
🕒 И сето тоа – кога тебе ти одговара

… тогаш ова е совршената шанса за тебе! ✨

Во потрага сме по инструктори во адреналинскиот парк 🎢 – млади, насмеани 😄 и енергични ⚡ луѓе што знаат да внесат ведрина и не се плашат од забава и адреналин! 🎯

🕐 Флексибилни смени
🎭 Забавна и динамична атмосфера
📚 Вклучена основна и напредна обука – не ти треба искуство

🎓 Идеално за студенти, авантуристи 🧗‍♀️ и сите што бараат уникатна работа што секој ден е забавна и различна 🔄

📩 Испрати ни порака и приклучи се на тимот што се смее додека работи 😁
👯‍♂️ Или тагни пријател кој мислиш дека е спремен💥

14/05/2025

Крајот на платформата е почеток на нова авантура🚀🌲

Со 33 препреки, 3 нивоа и 60 метри зип лајн, адреналинот и забавата се загарантирани за сите од 6 до 106 години! 🤟🎢 🥷

Спремни да ја напуштите платформата⁉️💥🛝

11/05/2025

Твојата нова авантура започнува тука 🚀🎢

Фокусирај се и најди го вистинскиот начин да ги победиш препреките на секое ниво🎮🧗

Предизвикот те чека на ☎️ 077500439

09/07/2024

Зборот забава во еден reel 🎢🤘

Рекреација, забава и мноооогу многу адреналин на едно место🚀🙌

Во 60 минути потроши околу 600 калории, искуси уникатна забава полна адреналин додека се забавуваш со твоето друштво 🤙, гледаш во најубавиот залез 🌅 и леташ на zip line 🦸‍♀️

⏰Понеделник- Недела : 17:00-22:00
☎️ 077 500 439

Photos from Adventure Park Skopje's post 27/06/2024

Доза адреналин за исполнет ден 🥷🚀🎢

Со добро друштво 🤘одлично кафе ☕️ ладно пиво 🍻 и најубавиот залез 🌅 препреките стануваат забава полна адреналин 🎢

☎️ 077500439
⏰ 17:00-22:00h

30/05/2024

Embrace for an adventure at Adventure Park Skopje! 🚀🌲 🥷

Push your limits and feel the adrenaline🎢💥💪

03/04/2024

Embrace for an adventure 🤘🚀🎢

Влетуваме во уште еден сончев викенд, каде ќе имате прилика да ја тестирате Вашата храброст, фокус, решителност🥷🤸‍♀️

🕰️ Сабота и Недела од 11:00 до 18:00ч
☎️ 077 500 439

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Website

Address


BUlica Ilinden Br. 168
Skopje
1000