Алпинистички клуб Скопје

Алпинистички клуб Скопје Заедница на спортисти кои ја споделуваме пасијата за качување на карпа на организиран, безбеден и одржлив начин.

Влатчева - една од класиките на јужниот ѕид на Демир Капија. Насоката започнува во левиот дел на кровот над трлото кое е...
21/08/2026

Влатчева - една од класиките на јужниот ѕид на Демир Капија. Насоката започнува во левиот дел на кровот над трлото кое е направено во подножјето на карпата. Најпрво се заобиколува трлото од лево и се стига до карпата. За да влезете во насоката, треба да се искачите право 3-4 метри па да траверсирате десно над кровот, каде ќе го најдете првиот кован клин од првата должина.

Првата должина следи логичен жлеб со ковани клинови, а сидриштето е позади поголемо дрво, десно од излезот на жлебот. Тежината е со оцена V+. Должина ~40/45м

Втората должина продолжува десно од сидриштето и стига до еден превисест дел каде има експанзиони клинови. Откако ќе се премине превисестиот дел, се стига до плочи каде е и тежината на насоката VI-. Се оди право по плочите и се стига второто сидриште од десна страна. Оваа должина е целосно обезбедена со експанзиони клинови, а должината е ~30м.

Третата должина продолжува по полесен терен, гребен (III) со еден превисест скок, должина приближно 30м. Оваа должина завршува над долот со сајлата (кој најчесто се користи за отстап) и има два експанзиони клинови од каде што се прави абзел (~20м).

До продолжението на насоката (означен со црвен натпис) се оди ~20 метри по патеката која води кон кутијата.

Четвртата должина оди по лесен терен кон каминот и стига до полица каде има експанзиони клинови за сидриште. III (~30м) (Има можност да се спои со петтата)

Петтата должина е импозантниот камин, со тежина V+. Најпрво движењата се во каминот, а кованите клинови се од левата страна. Во еден момент каминот се шири и движењето во него станува потешко, па насоката продолжува во левиот жлеб веднаш до него, каде што се и клиновите. По излезот од жлебот се преминува повторно преку каминот за да се стигне до сидриштето лево од големото дрво (фоја). Должина ~25м

Шестата должина повторно нуди логично движење низ жлеб и камин. Се следат ковани клинови, а на некои места има и експанзиони. На излезот од жлебот се стига до сидриште на полица, каде е и крајот на насоката и започнува карпест терен со вегетација. Тежина до V+, ~35m

#ИстражиГоЈужен

Нашиот член Димитар, заедно со уште двајца пријатели од Србија, Марко и Милош, ја искачија насоката “Sam kao u gori vuk”...
18/08/2026

Нашиот член Димитар, заедно со уште двајца пријатели од Србија, Марко и Милош, ја искачија насоката “Sam kao u gori vuk” со техничка тежина до V- и должина до 230 метри.

Насоката се наоѓа на западната карпа на врвот Милошев Ток на Дурмитор, а ова искачување претставува и прво повторување.

Дурмитор е прекрасен планински масив во Црна Гора, лоциран помеѓу реките Тара и Пива кои ја формираат реката Дрина. Нуди неверојатни можности за алпинистички искачувања со сериозни тежини и предизвици.

Првенствена насока "Вертикални приказни" VII-, 175мНасоката се наоѓа на Јужен ѕид во Демир Капија, во левиот дел на карп...
05/08/2026

Првенствена насока "Вертикални приказни" VII-, 175м
Насоката се наоѓа на Јужен ѕид во Демир Капија, во левиот дел на карпата под Козја пештера. Пристапот е по фератата од кањонот до самиот раб на реката најлево, последниот жлеб.
За прв пат линијата ја воочивме лани и тогаш ја пробавме, стигајќи до превисниот дел на втората должина по што отстапивме.
На 20.03.2026 повторно влеговме во насоката и ја искачивме во водство напредувајќи слободно. Први качувачи Радомир Набаков и Радован Џ.

Првата должина се движи по рампа до полица (сидриште 2к) лево под големо дрво. 25м, III+
Втората продолжува нагоре по превисен жлеб кој по црната плоча излегува нагоре и продолжува во следниот жлеб до дрво за сидриште на 50м, тежина VII-, оставени 7клина in situ.
Третата продолжува десно од дрвото до излез од карпата и се префрла преку патека до црниот камин. Должина 55м, II-III, сидриште на дрво.
Четвртата го следи каминот до излез на врв, сидриште на дрво, должина 45м, тежина IV.
За качување ни беше потребно биколори 60м, лична опрема, 12 комплети, сет чокови и френдови, чекан, клинови и куки.
Отстапот е во десно преку абзелот над кутијата па надолу по фератата. Може да се отстапи и по патеката лево преку сектор Сахара.

Насоката е логичен и доволно обезбеден алпинистички систем на жлебови и камин која нуди убави движења и вреди да се искуси.

Насоката "Јосип Броз" според наши сознанија е најверојатно првата насока која е качена на јужниот ѕид во Демир Kапија. З...
05/08/2026

Насоката "Јосип Броз" според наши сознанија е најверојатно првата насока која е качена на јужниот ѕид во Демир Kапија. За линијата на движење на насоката најдовме информации од една фотографија од Јужен ѕид со нацртани насоки во тој сектор. Со тие информации, желба да ја најдеме и искачиме тргнавме накај ДК.

Качувањето го започнавме по еден обраснат жлеб лево од масата со клупи која се наоѓа кога одиме кон фератата za Јужен, качивме 15тина метри ненаврзани до една поличка каде што се наредивме со опрема и тргнавме нагоре.
Во првата должина сретнавме 3 клина и сидриште кое беше малку подесно и не го искористивме бидејќи директно влеговме во жлебот и се усидривме на дрво над него. Воедно ова беше и технички најтешката должина со оцена V+. Нагоре го следевме гребенот, по некој клин за ориентација, а сидришта правевме самите. Шестата должина оди лево и нагоре кон големото дрво па продолжува право (1клин; не се оди кои црните плочи десно). Следува една кратка должина 20м до следната карпа, па последната е право и нагоре од клинот по столбот. Иако имаше над нас уште малку карпа за качување (оцена II-III, повеќе како "scrambling") ние се одврзавме и тргнавме лево накај абзелот што се наоѓа над кутијата за да отстапиме.

Тоа што го поминавме качувачки беше V+ и близу 330м, во 8 должини. Во насоката следевме стари клинови, а наидовме и на две ковани сидришта. За качување покрај личната опрема имавме биколори, френдови, чокови, клинови и куки.
*Црвената стрелка е од каде почнавме, а сината од каде отстапивме.

#истражигојужен

„Независна VI, ~200м“ насока на Александар З., Раде Н., Стефанија Д. (Сината линија е насоката Независна, а црвената лин...
05/08/2026

„Независна VI, ~200м“ насока на Александар З., Раде Н., Стефанија Д.
(Сината линија е насоката Независна, а црвената линија насоката Милојкова)

Искачена на 08.09.2024, првото повторување беше викендов и сакаме да го споделиме нашето искуство и качувањето. Насоката се наоѓа во десниот дел на ѕидот на Вардар во Демир Капија и може да се пристапи преку ферата од кањонот (започнува под „Ребро без доручек“) или по вториот тунел десно после сектор Плажа.

Првиот дел кој е обраснат го поминавме ненаврзани до една мала полица од каде го започнавме качувањето право нагоре преку еден голем блок (слика од авторот), па десно до бел камин со дрво на излезот, над дрвото се качува во жлеб уште 7-8м, а сидриштето в лево (1кајла и можност за френд) во линија со белиот како раскршен превис од сликата. Втората должина оди малку дијагонално в лево и нагоре по серија пукнатини, кои на моменти доаѓаат како жлебови, многу алпинистички логично, сидриштето е на околу 55м со гуртна околу камен на убава полица. Третата продолжува нагоре прво по малку налегната плоча со пукнатина која погоре станува вертикална и всушност тука е најголемата тежина (VI), има добра можност за обезбедување со френдови и чокови до сидриште (2к – го дели со Милојкова). Четвртата продолжува право нагоре од сидриштето (слика автор), лево од дрвото и низ бело карпестиот раскршен дел до излез на врв, сидриште гуртна околу камен.
За отстап продолживме по гребенот налево до каде што излегува „Ребро без доручек“ и направивме абзел по неа (има 5 сидришта на 30м, со биколори 3 абзели до фератата). За качување понесовме биколори, сет чокови, френдови, клинови,куки и чекан, комплети и лична опрема.

Нека и оваа објава биде мотив плус да ги качуваме оние насоки каде не сме биле и тие кои помалку се качувани. 🌸

*На скицата со црвена стрелка е од каде се наврзавме, а со сина стрелка горе каде се оди за отстап.

#истражигојужен

За насоката Битола на Јужен ѕид во Демир Капија, како и за други, немавме и не можевме да најдеме никакви информации, ко...
05/08/2026

За насоката Битола на Јужен ѕид во Демир Капија, како и за други, немавме и не можевме да најдеме никакви информации, кој ја качил, каде оди, колку должини, која тежина е. Единствено ја најдовме исцртана на слика со црвена линија и според тоа кога качувавме на Јужен и околу таа линија секогаш фрлавме поглед да пробаме да воочиме дали има некое сидриште, клин, каде би можело да поминува. Желбата да ја качиме или да качиме нешто што е можеби варијанта на оригиналната линија се оствари и качивме 6 должини, оцена V+ и должина околу 275м.
Почетокот, бидејќи не е точно означен на карпа, го зедовме произволно од крајот на фератата која води кон Јужен, после насоката „Се нагоре“. Се насочивме кон првото сидриште кое е бушено и го имавме истражено претходно. Од првото сидриште продолживме нагоре и лево од дрвото, па дијагонално десно континуирано под двата превиси до сидриште кое го направивме на помало дрво и заковавме клин. Во првите две должини нема оставени клинови од првите искачувачи. Оттука по столбот се поткачивме до плочестиот дел кој како 3та должина го делат Битола, Се нагоре и Фина насока до сидриште на дрво по излез од плочата. Продолживме по гребенот на чив крај се прави сидриште (до сега имаше 1к и додававме френд или чок, но чим сфативме дека тука конвергираат неколку насоки, решивме да оставиме уште една кајла). Петтата должина се насочува нагоре и малку десно низ еден жлеб за да се стигне до широката полица пред крај, сидриштето е на дрво. Во последната должина се оди по полицата лево и се качува кон дрвото фоја и преку пукнатината и жлебот се излегува на врв, има сидриште на бушени клинови десно.
Отстапот е пешачење до абзелот над кутија, абзел и по фератата назад во кањон.
Опрема која ја користевме за качување беше: лична опрема, биколори, сет френдови и чокови, клинови, куки, чекан..

За да истражуваме, да се забавуваме и секако да искачиме нешто ново и возбудливо не ни треба да одиме некаде многу далеку, напротив нашите игралишта (ѕидови) дома нудат многу можности за тие кои се отворени да го видат тоа.
Да повториме уште еднаш, ако имате некоја информација за насоките кои објавуваме Ве замолуваме да ни се обратите.

#истражигојужен

Нежилови карпи, пролет/лето 2026Наши членови во изминатиов период направија две искачувања на прекрасните Нежилови карпи...
05/08/2026

Нежилови карпи, пролет/лето 2026

Наши членови во изминатиов период направија две искачувања на прекрасните Нежилови карпи под Солунска Глава. Првото искачување беше на 14 јуни по насоката Воскресение, III+ /V+ (900m), а второто искачување беше на 5 јули по насоката Централен Солунски Кулоар, III / V+ (900m)

Снег, изобилство на изворчиња со вода, силен ветар, жешко сонце, бивак под карпа.. Пакувањето за Нежилови опфаќа и зимска јакна но и фактор за сонце и шорц. :)

Ова е најголемиот алпинистички локалитет во нашата земја, со долг и тежок пристап, поради тоа за жал е помалку посетуван. Голем предизвик е и пронаоѓањето на насоките, како и поставување на свое обезбедување во карпата, затоа треба да се пристапува со сериозност при обид за искачување на насока во овој локалитет.

На 01.08.2026 нашите членови Радован и Драган искачија првенствена насока "Желание" 270м, VII- на источната страна под в...
05/08/2026

На 01.08.2026 нашите членови Радован и Драган искачија првенствена насока "Желание" 270м, VII- на источната страна под врвот Парумба, планина Јабланица. 🏔
🚶‍♂️Пристапот е со кола до селото Горна Белица од каде по маркираната патека се насочува кон Црн камен за по околу 30мин штом се здогледаат карпите да се исклучите лево преку реката одкаде што може да се започне качувањето во сенка до еден голем камен.
-> Првата должина започнува по тревест и со сипар терен до вертикален кршлив жлеб каде што оставивме 1клин и го поминавме од десна страна, па се усидривме на малите дрва лево. Должина 85-90м, IV+ незгодно движење во жлебот, останато II-III, после првите 60м движевме паралелно до сидриште.
-> Втората должина го преминува тревестиот дел кон карпа, 55м, II; сидриште на френдови.
-> Третата се движи право нагоре до убава полица каде што има и влез за пештера. Должина 35м, III+/IV, оставена една кајла на сидриште.
-> Четвртата започнува малку в лево и нагоре по што се префрла во жлебот десно кој нуди одлични можности за поставување на осигурување и се следи до сидриште (1кајла+френд/чок) на околу 30-35м, тежина VI+.
-> Петтата оди десно од сидриштето и по излегување од жлебот траверсира во десно 5-6м, тука има плитки хоризонтални пукнатини кои ги искористивме за обезбедување, (начелно сакавме по "широката" пукнатина директ нагоре, но од блиску не испадна пукнатина и тешко ќе беше за обезбедување). Оттука се продолжува нагоре со серија многу убави движења, благо превисно, (оценка околу VII) до излез пред тревестата рампа за лево оставен 1к, а по рампата се следи жлеб десно, кој води до големо дрво за сидриште; 60м, VII- .

⛰️ За излез кон врвот Парумба и планинарската патека за назад до Горна Белица продолживме по гребенот (II-III) околу 100м до широка ливада преку која влеговме во мала шума и се движевме југоисточно некои 400-500м додека се качивме на сртот од каде што се спуштивме надолу.
За искачување користевме биколори, лична опрема, сет френдови, чокови, чекан, клинови.
Според наши сознанија ова е прва алпинистичка насока под Парумба, а воедно и на Јабланица.

Успешно завршена уште една обука за почетници за качување на сува карпа. Како за крај повеќето од групата имаа можност з...
03/12/2025

Успешно завршена уште една обука за почетници за качување на сува карпа. Како за крај повеќето од групата имаа можност за првпат да влезат во долги насоки и со тоа се стекнаа и со искуство за качување во наврска. Им посакуваме уште многу успешни искачувања и да продолжат со истиот ентузијазам и енергија која ја имаа во текот на обуката!

Address

Skopje

Telephone

+38970337489

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Алпинистички клуб Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Алпинистички клуб Скопје:

Shortcuts

Share

Category