Taekwondo Klub Feniks-Kik

Taekwondo Klub Feniks-Kik Таеквондо клубот Феникс-Кик се наоѓа во Нас. Драчево во Боклес Фитнес центар.
Информации: 078 248 883

🥋 УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ – ОД 1 СЕПТЕМВРИ! 🔥Таеквондото е повеќе од спорт.Тоа е пат кон дисциплина, самодоверба, координац...
27/08/2026

🥋 УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ – ОД 1 СЕПТЕМВРИ! 🔥

Таеквондото е повеќе од спорт.
Тоа е пат кон дисциплина, самодоверба, координација и силен карактер.

Кај нас децата преку спорт, игра и тренинг учат да веруваат во себе, да бидат истрајни и секој ден да напредуваат. 💪

🥋 Тренирај!
📚 Учи!
🏆 Победувај!

ПОВЕЌЕ ОД СПОРТ. ГРАДИМЕ КАРАКТЕР!

📅 Упис од 1 септември
📍 Нас. Драчево – Боклес
📞 078 248 883

🔥 Стани дел од ТК ФЕНИКС-КИК!

18/08/2026

Фокусот не се гради преку ноќ. Се гради со навика, дисциплина и повторување. 🥋
Во секој тренинг создаваме простор детето да учи, да се концентрира и да напредува.
ТК Феникс Кик – Драчево 🔥

14/08/2026

За нив е игра. За нас – правилен развој. 🥋

Секое движење има своја цел.
Развиваме координација, рамнотежа, агилност, реакција и концентрација – преку спорт, движење и предизвик.

Растеме. Учиме. Се развиваме. 💪

🥋 ТК Феникс Кик – Драчево

12/08/2026

📍Во ТК Феникс Кик тренингот е повеќе од спорт.
🛎️ Градиме дисциплина, самодоверба, моторика, почит и здрави навики.

🥋 ЛУКА И ДАВИД – ПОДГОТОВКИ ЗА НОВИ ПОБЕДИ! 🇲🇰🔥Нашите сениори Лука и Давид се дел од престижниот High Performance Camp в...
04/08/2026

🥋 ЛУКА И ДАВИД – ПОДГОТОВКИ ЗА НОВИ ПОБЕДИ! 🇲🇰🔥

Нашите сениори Лука и Давид се дел од престижниот High Performance Camp во Врњачка Бања, каде во периодот 30.07 – 06.08.2026 работат напорно и се подготвуваат за предизвиците кои следуваат.

По кампот, подготовките продолжуваат уште 5 дена во ТК Галеб на Extra Days camp- со дополнителни тренинзи и финална подготовка пред продолжението на сезоната.

🎯 Овие подготовки се важен дел од планот за вториот дел од сезоната, во кој Лука и Давид ги очекуваат 5 силни меѓународни турнири, на кои ќе се борат за нови резултати и вредни бодови на патот кон Олимписките игри – Лос Анџелес 2028! 🇺🇸🥋

Со посветеност, дисциплина и напорна работа – чекор по чекор кон најголемите цели! 💪🔥

Изминатиот викенд учествувавме на два меѓународни натпревари – Астерикс Е3 и Астерикс Куп.На Астерикс Е3 настапивме со д...
19/05/2026

Изминатиот викенд учествувавме на два меѓународни натпревари – Астерикс Е3 и Астерикс Куп.

На Астерикс Е3 настапивме со двајца натпреварувачи во јуниорска конкуренција – Антонио и Костадин.
Антонио прикажа одлични борби, но за жал беше поразен во борбата за медал.
Костадин (Коки), по пауза од 6 месеци поради повреда на коленото, се врати на татамито во одлично издание и покажа дека повторно се враќа во својот препознатлив ритам.

На Астерикс Куп настапивме со четворица натпреварувачи.
Браќата Марко и Андреј Станковски освоија бронзени медали и уште еднаш покажаа борбеност и квалитет.
Димитриј и Борјан имаа одлични настапи и прикажаа квалитетни борби, но овој пат останаа без медал.

Продолжуваме посветено да работиме и да напредуваме, а новите генерации полека созреваат и најавуваат уште поголеми успеси за клубот.

✊✊  3️⃣ ✊✊
12/05/2026

✊✊ 3️⃣ ✊✊

🥋 Уште еден успешен викенд за нашиот клуб! 🏆Овој викенд учествувавме на меѓународниот турнир Бутел Опен на кој настапија...
10/05/2026

🥋 Уште еден успешен викенд за нашиот клуб! 🏆

Овој викенд учествувавме на меѓународниот турнир Бутел Опен на кој настапија околу 350 натпреварувачи.

Нашиот клуб настапи со 21 натпреварувач и успеавме да освоиме вкупно 19 медали:
🥇 5 златни
🥈 7 сребрени
🥉 7 бронзени медали

Иако на овој турнир не настапивме комплетни поради неколку повреди, сепак покажавме квалитет, борбеност и одлични резултати. 💪

Особено радува фактот што во клубот доаѓаат нови генерации на талентирани натпреварувачи кои со напорна работа и посветеност во иднина ќе постигнуваат уште поголеми резултати. 🔥

Горди сме на сите наши натпреварувачи за прикажаните борби, дисциплина и срце на татамите. Продолжуваме уште посилно! 👊

Изминатиот викенд нашиот клуб учествуваше на два силни меѓународни турнири во Бугарија – „Хереја Е3“ и „Хереја Опен“.Во ...
28/04/2026

Изминатиот викенд нашиот клуб учествуваше на два силни меѓународни турнири во Бугарија – „Хереја Е3“ и „Хереја Опен“.

Во саботата, на турнирот „Хереја Е3“, на кој настапија повеќе од 500 натпреварувачи, наши претставници беа:

* Илина Гулабовска (-59 кг, јуниорки) – победа во првото коло против натпреварувачка од Грција, а во второто коло, во борба за медал, претрпе пораз од претставничка на Србија.
* Антонио Негријевски (-48 кг, јуниори)

Во неделата, на „Хереја Опен“, турнир со над 600 натпреварувачи, настапија:

* Борјан Стојчевски (-48 кг, јуниори) – 🥈 сребрен медал
* Димитриј Василевски (-33 кг, пионери) – 🥉 бронзен медал, со две маестрални победи и пораз во полуфиналето по контроверзна судиска одлука, во борба за влез во финале.

Честитки за одличните настапи и достојното претставување!

➡️ Викендов во Скопје се одржа еден од најсилните таеквондо турнири во Европа – Скопје Опен G1, на кој настапија повеќе ...
06/04/2026

➡️ Викендов во Скопје се одржа еден од најсилните таеквондо турнири во Европа – Скопје Опен G1, на кој настапија повеќе од 1000 натпреварувачи од 41 држава. Главниот град беше домаќин на светската таеквондо елита и уште еднаш потврди дека Македонија е значаен организатор на врвни меѓународни натпреварувања. 🥋

✅ Нашиот клуб настапи со седум натпреварувачи во категориите кадети, јуниори и сениори и оствари забележителен резултат:

🥉 Антонио Негријовски – бронзен медал, јуниори -48 кг
🥉 Дамјан Василевски – бронзен медал, јуниори -48 кг

➡️ Останатите натпреварувачи Лука, Давид, Илина, Мартина и Ангел прикажаа квалитетни и борбени настапи, достојно претставувајќи го клубот на силна меѓународна конкуренција.

✅ Изразуваме благодарност до Македонската Таеквондо Федерација и до сите домашни клубови за континуираната поддршка и заедничката посветеност во развојот на таеквондо спортот. 🤝

➡️ Дополнителна вредност на турнирот даде и успехот на нашиот олимписки вицешампион Дејан Георгиевски, кој освои златен медал и претставува вистински пример за младите спортисти и патоказ кон врвни резултати. 🥇

Продолжуваме посветено и мотивирано кон нови предизвици и успеси. 🇲🇰

Address

Skopje
1000

Telephone

078248883

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Taekwondo Klub Feniks-Kik posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share