23/11/2025
Нашите девојки повторно блеснаа! ✨.
Со огромна чест и гордост објавуваме дека овие девојки во категорија Latin Style Formation Adults освоија прво место во својата категорија и обезбедија влез во Гала финалето, каде повторно доминираа и го земаа првото место! 🥇🔥
Ова е резултат на посветеност, труд, дисциплина и љубов кон танцот. Бескрајно горди на вас! ❤️
Eat The Beat продолжува да пишува историја!
danceoff ❤️🔥
💃🏆
29/10/2025
🎬 Гостувавме во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5!
Во разговорот зборувавме за тоа како танцот во Eat the Beat не е само движење – туку пат кон самодоверба, дисциплина и психо-физички развој. Преку танцот младите учат да ја слушаат музиката, да го чувствуваат телото и да изградат силен карактер – вредности што остануваат и надвор од сцената.
Се осврнавме и на можноста талентираните танчери од Eat the Beat да ја продолжат својата кариера на големата сцена во кабарето Gold Felicia – Битола, каде што Илија Карадакоски е кореограф. Зборувавме за концептот на кабарето, за спојот на танцот, театарот и уметноста, и за тоа како една идеја може да прерасне во целосно сценско искуство.
Танцот е повеќе од хоби – тоа е начин на живот. Благодарност до Канал 5 за поканата и можноста да ја споделиме оваа приказна.
▶️ Погледнете го гостувањето:
🎥 Прв дел: https://www.youtube.com/watch?v=_4UJXpkn6tc
🎥 Втор дел: https://www.youtube.com/watch?v=41Ppo_YOMM4
📍 Бел Камен 9 – Капиштец, Скопје
📲 070 368 000 |
🔥 Eat The Beat – Танцувај со најдобрите!
Здраво Македонијо - 27.10.2025 - дел 2
Follow Kanal5 on...• FB: https://smarturl.it/fb5• IG: https://smarturl.it/Ig5• ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap• Web: https://kanal5.com.mk/© & ℗ Kanal5 & IN...
30/09/2025
👠 Нашата нова програма High Heels веќе е хит! Благодарност до Женски магазин што ја пренесе приказната 👉
Eat the Beat со нов предизвик: High Heels часови за најсмелите девојки во градот
ЕПП // ЕПП Eat the Beat со нов предизвик: High Heels часови за најсмелите девојки во градот 30 Септември, 2025 11:15 tweet Добивај вести на Viber Танцовото студио Eat the Beat, познато како мест...
26/09/2025
👠 High Heels Dance
Отвараме врата за нови членови 16+ кои ќе стартуваат од ОКТОМВРИ.
✨ High Heels е уникатен танцов стил кој ја комбинира елеганцијата, самодовербата и сензуалноста. На часовите ќе научиш како да се движиш со став, како да ја контролираш сцената и како танцот да го претвориш во најдобрата верзија од себе. Ова не е само кореографија – ова е став и животна енергија.
👉 Резервирај го твоето место уште денес – останати се уште малку слободни места!
📍 Бел Камен 9 – Капиштец, Скопје
📲 070 368 000 | DM за инфо
02/09/2025
Веруваме дека вистинската трансформација започнува тогаш кога танчерот ќе го облече костимот и ќе ја почувствува сцената. Прочитајте ја нашата приказна на Fashionel 👉
Од срамежливи до спектакуларни – сценската облека низ приказната на Eat the Beat - Fashionel
Во светот на танцот, облеката не е само украс. Таа е дел од приказната, дел од движењето и дел од емоцијата која ја чувствува публиката. Токму затоа, во скопското студ...
30/08/2025
🔥 Уписите за Хип Хоп се во тек! 🔥
Време е за ритам, енергија и стил што освојува. Хип хопот е повеќе од танц – тоа е став, слобода и начин на живот.
👉 Групи за деца и тинејџери:
Деца (8–11 г.) – понеделник и среда од 18:00h
Јуниори (12–15 г.) – понеделник и среда од 19:00h
📍 Бел Камен 9 – Капиштец, Скопје
📲 070 368 000 | DM за инфо
🔥 Eat The Beat – Танцувај со најдобрите!