Bujinkan Macedonia - Ninja Kids

Bujinkan Macedonia - Ninja Kids

Share

Bujinkan Macedonia is a noncommercial institution which is devoted at studying the traditional Japanese warrior arts (koryu bujutsu).

11/05/2026

Се прашувате ли како започнува секое утро на Летниот Детски Нинџа Камп?

Секој ден во 08:00 часот започнува со свечено кревање на македонското знаме — момент што претставува најголемата чест за секој учесник на кампот.

Можноста да го крене знамето му се доверува на детето кое во текот на претходниот ден покажало најголема дисциплина, упорност, посветеност и правилен однос кон тренинзите и останатите учесници.

Додека знамето се издигнува, сите деца мирно стојат подредени во линија и со достоинство ја пеат македонската химна.

Преку ваквите моменти, децата учат почит, одговорност, заедништво и љубов кон татковината — вредности што остануваат со нив долго по завршувањето на кампот.

06/05/2026

10 ЛЕТЕН ДЕТСКИ НИНЏА КАМП

Со особена чест и радост Ве покануваме и оваа година да бидете дел од Детскиот Нинџа Камп на Буџинкан Македонија — место каде децата низ игра, дисциплина, тренинг и дружење растат во посамоуверени, посилни и посамостојни личности.

Кампот е наменет за деца од 5 до 12 години и е отворен за сите дечиња, без разлика на нивното претходно боречко искуство.

Во текот на седумте дена, децата ќе престојуваат во безбедна средина, под постојан надзор на искусни инструктори, каде ќе учат:
- дисциплина и одговорност
- грижа за себе и за другите
- тимска работа и самодоверба
- почит кон природата и луѓето
- основи на традиционалните боречки вештини
- љубов кон татковината

Покрај тренинзите, кампот е исполнет со авантури, игри, експедиции, вечерни активности и незаборавни моменти кои децата ги паметат со години.

Нашата цел не е децата само да поминат седум убави дена, туку од кампот да си заминат со искуства, вредности и спомени што ќе ги носат со себе целиот живот.

За нас, најголемата вредност отсекогаш била довербата што родителите ни ја даваат веќе цели 10 години.

Буџинкан Македонија - Мој Живот, Моја Приказна!

📅 27.07 – 02.08.2026
📞 071 358 226

Photos from Bujinkan Macedonia - Ninja Kids's post 04/05/2026

Летниот Детски Нинџа Камп е повеќе од авантура — тоа е простор каде децата растат, учат и се зацврстуваат како личности. Во безбедна, природна средина и под постојан надзор на искусни инструктори, тие развиваат дисциплина, самодоверба и чувство за заедништво. Искуството што го носат од кампот останува со нив засекогаш.

За пријавување и повеќе информации во врска со кампот јавете се на: 071358226.

30/04/2026

Нашето големо искуство со организирање кампови за возрасни, но и стекнатата доверба кај родителите, нè охрабри во 2017-та година да им понудиме на Нинџа Клинците едно незаборавно искуство кое ќе го паметат во текот на целиот свој живот.
По урнекот на постарите членови, оттогаш па наваму најмладите Нинџа воинчиња од детската Нинџа Клинци група, уживаат во големата авантура наречена „Детски Нинџа Камп“.

Првото прашање гласи: „Каде се наоѓа кампот?“
Сместен во идеално чиста и еколошка средина, 25 километри до најблискиот град, во подножјето на планината Липац, на 150 метри од Крива Река.

Bujinkan Macedonia 28/04/2026

Започнуваме со пријавување за летниот детски нинџа камп на Буџинкан Македонија!

Со големо задоволство Ве информираме дека пријавувањето е официјално отворено. Кампот е наменет за деца кои сакаат да се развиваат низ дисциплина, движење и вистински вредности.

Веќе имаме 5 пријавени учесници – интересот расте, затоа обезбедете го вашето место навреме.

За повеќе информации и пријавување обратете се на 071358226.

Настанот е отворен за сите дечиња без разлика на нивното претходно боречко искуство.

Bujinkan Macedonia 9 likes. "Ninja Kidѕ Ѕummer Camp Adventure"

03/04/2026
27/03/2026

Со чекорење по Патот на боречките вештини се постигнува внатрешен мир и хармонија, кои се пренесуваат и на луѓето околу нас.

Photos from Bujinkan Macedonia - Ninja Kids's post 23/03/2026
Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


БУлица Јане Сандански бб
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 18:00 - 19:00
Tuesday 18:00 - 19:00
Wednesday 18:00 - 19:00
Thursday 18:00 - 19:00