Ребис е професионално танцово и аеробик студио, со најдолга традиција во границите на нашата земја. Во текот на нашето триесет и две годишно постоење кај нас минале илјадници деца, млади и возрасни лица, со и без претходно искуство, почетници и идни професионалци. Денес, некои од нашите први членови се професионални танчери кои ги учат нашите нови членови, некои ги носат своите деца кај нас, некои
се едни од најпознатите и најуспешните танчери, кореографи, актери, балерини, спортисти, а некои пак, се занимаваат со сосема различни професии, но до ден денес ја оддржуваат својата форма во нашите простории.
Балетско студио Ребис врши уписи на нови членови од сите возрасти. Часови по, модерен и современ балет, како и акро танц, а наскоро повторно и фит аеробик, пилатес и зумба.
Часовите се раководени од професионални инструктори и педагози, кои имаат завршено висока школа од таа област.
Часовите се одржуваат во целосно опремен простор, вклучувајќи сала, гардероба и тоалети, со сите потребни реквизити и опрема за вежбање.
Сите наши инструктори, како и основачите на студиото, се учени, професионални танчери, со познавање од методологијата и педагогијата за работа со групи на деца, млади и возрасни лица. Постојано работиме на понатамошно обучување и усовршување, како на нашите вработени, така и на самото студио.
Од почетничката група за деца од 3-6 години, до групата за професионалци кои понатаму го продолжуваат своето образование на некој од факултетите за сценски уметности во нашата држава, а и во Европа и САД, сите членови на почетокот на своето членување се запишуваат во група која одговара како на нивната возраст, така и на нивното претходно искуство. Поради ограничениот број на членови во групите, напредокот на секој од членовите се следи постојано и индивидуално - па постепеното префрлање во повисоки групи завршува со станување на дел од професионалната група - група која понатаму, откако ќе покаже извoнреден труд, редовност, дисциплинираност и талент, добива можност да настапува на концерти, натпревари, ТВ-емисии и манифестации.
22/05/2026
Дарување 🍀
„Огледало на времето“ е најновиот балетски перформанс, корео драма на реномираниото балетско студио .mk, проект кој со задоволство го поддржуваме.
Подаруваме 3 х 2 билета за изведбата на 10ти јуни во Македонскиот народен театар. 🎭
- Лајкнете ја објавата
- Лајкнете и заследете ја страницата на Витаминка
- Тагнете ја личноста со која ќе уживате во претставата 🥰
Добитниците ќе ги избереме по случаен избор на 08.06 Со среќа! 🍀
22/05/2026
Со неизмерна благодарност до сите спонзори, поддржувачи и пријатели на Ребис кои помогнаа „Огледало на времето“ да стане реалност. ❤️
Вашата поддршка е поддршка за соништата, трудот и развојот на повеќе од 100 деца кои со месеци вложуваат љубов, посветеност и безброј часови работа за да ја оживеат оваа приказна на сцената.
Благодариме што верувате во младите, во уметноста и во моќта на танцот да допре до срцата на луѓето. Заедно покажуваме дека кога заедницата се обединува околу вистински вредности, се создаваат незаборавни моменти.
Благодариме што сте дел од „Огледало на времето“. Вашата поддршка е дел од секој аплауз што ќе одекне во салата✨🪞
Генерален спонзор .mk
Спонзори @02.design.studio
Поддржувачи .skopje .mk Винарија Rigo
09/05/2026
Наскоро 🤞
Ќе се погледнеме себеси низ спомените, детството, соништата и годините што тивко поминале…
Приказна раскажана низ танц, емоции и моменти во кои секој ќе се пронајде.
Првиот ред не е награда.
Последниот ред не е казна.
29/12/2025
Генерација “Z” Новата година започнува со нашиот ритам! Кореодрамата беше реализирана како резултат на заедничка креативна визија, професионализам и посветеност на целиот тим што стои зад сцената.
Кореографи: .kuzmanovska
Со сигурно и достоинствено водење на настанот, Ели ја поврза сценската приказна со публиката, а визуелниот идентитет на вечерта беше овековечен преку објективот на .rajhl . Музичката атмосфера, креирана од .desh.official , даде дополнителна енергија и ритам на целокупното сценско доживување.
Проектот беше реализиран со поддршка од Општина Ѓорче Петров, на која ѝ упатуваме благодарност за континуираната поддршка на културните и уметничките иницијативи.
22/12/2025
✨ GENERATION Z – Корео драма ✨
Новата година започнува со нашиот ритам, а со оваа претстава симболично ја заокружуваме 2025 година.
Година исполнета со труд, раст, сцена и многу емоции.
Балетско студио РЕБИС ве поканува на
корео-драма „Generation Z“, приказна раскажана преку движење, музика и искрена младинска енергија, во која учествуваат деца и млади од 4 до 17 години.
Настанот е реализиран со поддршка од Општина Ѓорче Петров, со цел промоција на уметноста, здравиот живот и креативниот развој кај децата и младите.
Ви благодариме што бевте дел од нашата приказна во 2025.
🩰Заедно чекориме кон нови сцени, нови соништа и нов ритам💜
15/12/2025
Последниот натпревар за оваа сезона, , ни дојде како убав крај на една работна и успешна година 🫶
Настапите беа силни, децата фокусирани, а атмосферата токму таква каква што ја сакаме. Искрена и полна со енергија. Се враќаме дома со повеќе први места во соло, дуо и групни категории, што ни е уште една потврда дека трудот низ целата година има смисла и резултат.
⭐️ STARS – 1st place (A Contemporary / Modern Formation Mini Kids)
🌹 Team A – 1st place (A Contemporary / Modern Group Children)
Sofija Kostadinoska – 1st place (B Contemporary / Modern Solo Senior)
Sofija Biskova & Iris Shahinovikj – 1st place (Contemporary / Modern Duo Junior)
💜Kids Team – 1st place (B Contemporary / Modern Group Children)
🌕Junior Team – 1st place (B Contemporary / Modern Formation Junior)
❤️🔥Pro Team – 1st place (A Contemporary / Modern Formation Junior)
Горди сме на се што беше прикажано на сцена.
И тука не застануваме 🤭 до крајот на годината не очекуваат завршен годишен концерт и уште еден настап.
15/11/2025
Our younger group is also preparing with full enthusiasm and dedication✨
Proud of each step they take! ❤️🌹