Кошаркарска Федерација на Македонија

Кошаркарска Федерација на Македонија Официјална страница на Македонска кошаркарска федерација
http://www.mkd.basketball

ИСТОРИЈАТ

Колевката на македонската кошарка е во Штип, откако еден Американец, ентузијаст за овој спорт одлучил да го сподели своето знаење со членовите на соколските друштва во далечната 1926 година. Играта има забавувачки карактер во наредните пет години, а ’најзагреани’ за овој нов спорт биле штипјани.

Петмина најзаинтересирани за овој спорт заминале на курс во Марибор каде за првпат се запознале со играта ’баскетбол’ која потекнува од државите ’преку океанот’. Трајко Кошевалиски, Лазо Каламатиев, Перо Сарев, Миле Севтимов и Перо Средзимов се амбициозните штипјани кои ги слушале предавањата на професорите од САД Мачус, а потоа информациите ги споделиле со пријателите од штипските соколски друштва.

Кошничка, без дно, прицврстена на бандера во дворот на соколскиот дом – описот на првиот кошаркарски обрач пред повеќе од 80 години. Двете страни имале по шест играчи, а гумената топка со која се играло била со големина на фудбалската топка.

Првиот официјален натпревар на територијата на Македонија се одиграл на 27. Август 1933 година. Теренот бил поставен непосредно до училиштето „Ванчо Прке“, а мрежичката на кошот ја изработил Петре Топликлиев. Петре Кавраков, Славе Кикиритков, Лазо Каламатиев, Киро Савев, Илија Гoчев, Ѓорѓи Спасков, Никола Гакев, Петар Самарџиски, Киро Шалков, Методи Балваналиев и ’судијата’ Трајко Кошевалиски биле актерите на првиот кошаркарски натпревар.

Интересот за овој нов спорт расте како што одминува времето, со краток прекин поради Втората светска војна. Потоа, се формираат и првите клубови - Ванчо Прке, Македонија, Работнички, 11 Октомври, Работник, Беласица, ГД Куманово, Студент, Локомотива, Железничар...
Првото републичко натпреварување во женска конкуренција е помеѓу Вардар и Работник во 1948 година.

На 22. јануари 1950 година, во Куманово, Кошаркарскиот сојуз на Македонија стана самостоен на основачкото Собрание. Прв претседател на КСМ е Ацо Петровски, а прв секретар Драган Мандичевски.

Активностите на клупски план кулминираат со првата репрезентација која добива доверба да го организира Светското првенство за мажи (група Ц) во 1970 година.

Најистакнати кошаркари во тоа време се Георгиевски, Андоновски, Боцевски, Гешоски, Кацарски, Радуловиќ, Радосавлевиќ, Ј. Луковски, Горчевски, Георгиев, Лазов, Јовановски, Вангеловска, Књазев и Ж. Ѓуковиќ потоа тренерите Тодоровски, Лазиќ, Књазев, Андоновски, М. Луковски, Ј. Луковски, Матевски, Саздов, Ефтимовски, Цицимов, Наумчевски, Спировски како и Лазар Лечиќ кој го носи епитетот ’татко на македонската модерна кошарка’.

ОСАМОСТОЈУВАЊЕ НА КСМ

На 21. декември 1991 година, Кошаркарскиот Сојуз на Македонија побара од Конгресот во Спрингфилд прием со полноправно членство во ФИБА. Барањето доби верификација на 30. април 1993 година, на седницата на Извршниот комитет на ФИБА во Порторико, Сан Хуан. Одлуката е потврдена на годишната Европска конференција на ФИБА во Осло, Норвешка на 22. мај 1993 година.

Денес, Македонската кошаркарска федерација брои 85 членки (регистрирани клубови) со 3.500 регистрирани кошаркари во сите категории, сениорски или младински.

Првите официјални натпревари на македонската сениорска репрезентација се забележани на квалификациите за континенталното првенство (1993 година) во Вроцлав, Полска во периодот од 30. мај до 1. јуни. Оттогаш почнува пишувањето нова страница во историјата на кошарката на самостојната Република Македонија.

Сениорската машка кошаркарска репрезентација има настапувано на:
1993 година во Вроцлав, Полска - Квалификации за Европско првенство
1995 година - Квалификации за ЕП
1997 година - Квалификации за ЕП
1999 година - учество на Европско првенство во Франција
2001 година - Квалификации за ЕП
2003 година - Квалификации за ЕП
2005 година - Квалификации за ЕП
2007 година - Квалификации за ЕП
2009 година - Учество на Европско првенство во Полска
2011 година - Учество на ЕП во Литванија - Најголем успех репрезентацијата со освоено четврто место и право на учество на Квалификации за Олимпијада
2012 година - Квалификации за Олимпијада во Каракас, Венецуела
2013 година - Учество на ЕП во Словенија
2014 година - Квалификации за ЕП 2015
2015 година - Учество на ЕП во Загреб
2016 година - Квалификации за ЕП 2017

Сениорска женска репрезентација:
2000 година - претквалификации
2001 година - квалификации за ЕП
2003 година - квалификации за ЕП
2005 година - квалификации за ЕП
2009 година - квалификации за ЕП
2012 година - Европско првенство за мали држави
2013 година - Квалификации за ЕП

Новата натпреварувачка сезона 2026/2027 стартува и во М16 лига, од 3. октомври ќе се натпреваруваат вкупно 27 екипи, рас...
17/09/2026

Новата натпреварувачка сезона 2026/2027 стартува и во М16 лига, од 3. октомври ќе се натпреваруваат вкупно 27 екипи, распоредени во Прва лига и три групи од Втората лига.

Official website of Basketball Federation of North Macedonia

Дваесет и четири екипи ќе се натпреваруваат во М18 лига во сезоната 2026/2027, распоредени во Прва лига и две групи од В...
17/09/2026

Дваесет и четири екипи ќе се натпреваруваат во М18 лига во сезоната 2026/2027, распоредени во Прва лига и две групи од Втората лига – Исток и Запад.

Official website of Basketball Federation of North Macedonia

Почнувајќи од 10.октомври, десет екипи ќе се натпреваруваат во борбата за пласман на завршниот турнир и титулата државен...
17/09/2026

Почнувајќи од 10.октомври, десет екипи ќе се натпреваруваат во борбата за пласман на завршниот турнир и титулата државен првак

Official website of Basketball Federation of North Macedonia

Четири екипи, два натпреварувачки дена и спомен на човекот кој остави трага во битолската и македонската кошарка
16/09/2026

Четири екипи, два натпреварувачки дена и спомен на човекот кој остави трага во битолската и македонската кошарка

Official website of Basketball Federation of North Macedonia

Во фокусот на состанокот беа теми од значење за непречено организирање и спроведување на натпреварувањето во претстојнат...
11/09/2026

Во фокусот на состанокот беа теми од значење за непречено организирање и спроведување на натпреварувањето во претстојната сезона

Official website of Basketball Federation of North Macedonia

Беа разгледани повеќе прашања поврзани со организацијата и подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/2027
11/09/2026

Беа разгледани повеќе прашања поврзани со организацијата и подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/2027

Official website of Basketball Federation of North Macedonia

КФM продолжува со активности насочени кон континуирана едукација, размена на искуства и унапредување на тренерскиот када...
05/09/2026

КФM продолжува со активности насочени кон континуирана едукација, размена на искуства и унапредување на тренерскиот кадар во македонската кошарка.

Official website of Basketball Federation of North Macedonia

КФM продолжува со активности насочени кон континуирана едукација, размена на искуства и унапредување на тренерскиот када...
03/09/2026

КФM продолжува со активности насочени кон континуирана едукација, размена на искуства и унапредување на тренерскиот кадар во македонската кошарка

Official website of Basketball Federation of North Macedonia

Својот професионален пат го посвети на кошарката, особено на развојот и работата со младите категории.
03/09/2026

Својот професионален пат го посвети на кошарката, особено на развојот и работата со младите категории.

Official website of Basketball Federation of North Macedonia

Постојат победи кои се паметат по резултатот, победи кои се паметат по противникот и победи кои се паметат по начинот на...
02/09/2026

Постојат победи кои се паметат по резултатот, победи кои се паметат по противникот и победи кои се паметат по начинот на кој се остварени...

Official website of Basketball Federation of North Macedonia

Address

Str. Debarca 28
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Кошаркарска Федерација на Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Кошаркарска Федерација на Македонија:

Shortcuts

Share