19/11/2015
http://sportmedia.mk/drugi-sportovi/ostanato/zimska-idila-vo-sc-boris-trajkovski-lizgalkite-na-noze-i-podgotvete-se-za
Зимска идила во СЦ Борис Трајковски: Лизгалките на нозе и подгответе се за уживање на мразот (ФОТО)
Со доаѓањето на зимата сè попопуларни стануваат зимските спортови, особено рекреативното и уметничкото лизгање, кои покрај тоа што му даваат дополнителна енергија на нашето тело и грациозност, на најдобар можен начин совршено го дефинираат телото, ни ја даваат потребната свежина и го подобруваат наш…
11/11/2015
РАСПОРЕД НА ТРЕНИНЗИТЕ ПО УМЕТНИЧКО ЛИЗГАЊЕ
СУВ ТРЕНИНГ од 4.11 Ноември
Групе за суви тренинзи
Група 1 – школа лизгања, нови членови Група 2 – уметничко лизгање, деца со 1&2 тест
Група 3 – уметничко лизгање, деца со 3 тест + големи од 2.група
*** На 05.11 во Четврток ке се одржи дополнителен тренинг на суво Група 1 & 2 & Група 3 од 17.30 - 18.30 Голема сала/А3
Среда
Група 1 & 2 - од 17:30 до 18:30 часот - сала А3
Група 3 - од 18:30 до 19:30 часот - сала А3
Петок
Група 1 & 2 - од 17:30 до 18:15 часот - Голема сала / А3
Група 3 - од 18:15 до 19:00 часот - Голема сала / А3
Сабота
Група 3 - од 09:30 до 11 часот – Мала сала / Аеробик 1
Група 1 & 2 од 10:30 до 11:30 часот – Мала сала / Аеробик 1
Недела
Група 3 - од 09:30 до 11 часот – Мала сала / Аеробик 1
Група 1 & 2 од 10:30 до 11:30 часот – Мала сала / Аеробик 1
Понеделник
Група 1 & 2 - од 17:30 до 18:30 часот - сала А3
Група 3 - од 18:30 до 19:30 часот - сала А3
05/10/2015
РАСПОРЕД НА ТРЕНИНЗИТЕ ПО УМЕТНИЧКО ЛИЗГАЊЕ
СУВ ТРЕНИНГдо 1. Ноември
*** 17, 18 и 19.10 нема да се одржат тренинзите, поради одсуство на тренер – оди на стручни семинар за Уметничко лизгање (откажаните тренинзи ке се одработат на 11 и 12.10)
Понеделник
Група 1 & 2 & 3 - од18:00до19.30часот- салаА3
Среда
Група 1 & 2 & 3 - од18:00до19:30часот- салаА3
Ролери за уметничко лизгање – 17.15, кај лизгалиште
Петок
Група 1 & 2 & 3 - од18:00до19:30часот- Мала сала / A3
Ролери за уметничко лизгање – 17.15, кај лизгалиште
Сабота
Група 1 & 2 & 3 - од 09:30 до 11:00часот– Мала сала / Аеробик 1
Ролери за уметничко лизгање – 08.30, кај лизгалиште
Недела Група 1 & 2 & 3 - од 09:30 до 11:00часот– Мала сала / Аеробик 1
Ролери за уметничко лизгање – 08.30, кај лизгалиште
26/03/2015
ОЗНАЧУВАЊЕ НА КРАЈ НА СЕЗОНАТА СО НОВИ НАГРАДИ И АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА
СЦ Борис Трајковски ја комплетираше лизгачката сезона на активности со дополнителни награди, стекнати во рамките на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање “Sportland Trophy 2015” одржан во Будимпешта (Унгарија) и Отвореното меѓународно првенство по уметничко лизгање одржано во Нови Сад (Војводина). Со натпреварувачи во сите категории, членовите на клубот се закитија со низа медали, додека новите членови-дебитанти се стекнаа со значително искуство за понатаму. Овие млади луѓе, во силна конкуренција и пред широк аудиториум покажаа голем ентузијазам, спортски дух, борбеност и беспрекорно ги бранеа боите на својата земја.
“Не можевме да посакаме подобар крај на сезоната, се збогуваме со активниот дел, но веќе сме наоружани со многу нови планови и амбиции за сезоната што доаѓа. Дополнително не радува порастот од 12% на вкупниот приход за оваа сезона, како доказ за успешно реализираната програма и визија.”- изјави Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.
Тој исто така, додаде: “Горди сме на се што постигнавме периодов, позади тоа стои еден беспрекорен тим, грижа и поддршка. Посакувам децата да имаат уште повеќе прилики и услови за усовршување и јакнење на своите способности. Продолжуваме понатаму уште поенергично, крајната цел не ни се наградите, туку будење на љубовта кон овој спорт на што повеќе дечиња, се со цел промовирање на здраво општество и спортувањето како здрава и неопходна животна навика”- резимираше Перински
09/01/2015
Ксенија Јасташењски Симиќ: За добар задник, треба лизгање
Првата жена тренер по уметничко лизгање во спортскиот центар Борис Трајковски. Уписите се во тек, а за овој спорт Ксенија ќе каже дека го дефинира телото, му дава дополнителна елеганција и грациозност. На мразот е од свои 5 години за денес да тренира повеќе од 340 љубители на лизгањето кај нас. Одбл…
07/01/2015
Христос се роди! Честит Божик!