09/09/2026
ОФИЦИЈАЛНО ИЗВЕСТУВАЊЕ‼️
Со големо жалење ве информираме дека 15-тото јубилејно издание на Меѓународниот пливачки натпревар „13-ти Ноември“, во чест на Градот Скопје, во организација на ПК Бета Шаркс Скопје, оваа година нема да се одржи.
Причина за откажувањето е затворањето на базенот Карпош при Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде традиционално се одржува нашиот митинг.
Искрено жалиме што, по долгогодишна традиција, токму јубилејното 15-то издание нема да можеме да го реализираме. Низ годините, овој натпревар прерасна во значаен пливачки настан - место каде беа соборени бројни државни рекорди, каде настапуваа светски и европски шампиони и рекордери, и каде се среќаваа пливачи од Македонија и од странство, натпреварувајќи се и создавајќи нови пријателства во вистински спортски дух.
Ви благодариме за разбирањето, довербата и континуираната поддршка, со силна верба дека следната сезона ќе го надополниме пропуштеното со достојно организирано 15-то јубилејно издание.
Со почит,
ПК Бета Шаркс Скопје