Голманска Школа Тасевски

Голманска Школа Тасевски

Share

Голманска школа ТАСЕВСКИ

Станете и вие дел од школата што создава шампиони 🧤

01/07/2026

Тренингот трае 2 часа.
Професионалец се станува во преостанатите 22.

Сите сакаат детето да биде побрзо. Посилно. Подобро од другите.

Но детето спие премалку, се храни лошо, поминува часови пред екран и прескокнува тренинзи.

Нема врвни резултати без врвни навики.

Ниту еден спортист не може да ги надмине навиките што ги повторува секој ден.

Талентот отвора врати.

Но навиките одлучуваат колку далеку ќе стигне тој талент.

12/04/2026
31/12/2025

🎄✨️ Нова година – нови цели, исти соништа! ⚽🥅🧤

Во пресрет на 2026та, со гордост се навраќаме на сè што постигнавме заедно. Ви благодариме што сте дел од нашето патување.

Голманска школа Тасевски Ви посакува
Среќни празници и успешна нова година! 🎉🥳🎆

#СреќниПразници
#ГолманскаШколаТасевски
#НоваГодина2026

Photos from Голманска Школа Тасевски's post 25/11/2025
17/10/2025

Две години со вас,
Голманска школа Тасевски!
По повод нашиот втор роденден, сакаме да ви се заблагодариме на сите што ни се придруживте на ова патување. Вашата поддршка, ентузијазам
и желба за усовршуваье ни се мотивација да
продолжиме да создаваме инспиративна и позитивна средина за учење и напредуванье.
Се радуваме на новите искуства и предизвици што следат, и заедно ке продолжиме да растеме и да се развиваме!
Благодариме што сте дел од нашата приказна!🧤

08/07/2025

Голманска Школа Тасевски е првата и единствена во регионот која системски го имплементира НТЦ програмот за учење и развој, во комбинација со современи принципи на невропластика и ментален тренинг – сè со цел да создаде не само вешти, туку и интелигентни, самосвесни и брзи голмани.

🔹 Првиот столб на тренингот се активностите за развој на комплексни моторички способности – фокусирани на фини движења, ротација, баланс и координација. Тоа се основите што овозможуваат автоматизирани, брзи и стабилни движења на голманот дури и под екстремен притисок.

🔹 Вториот столб е посветен на когнитивна и ментална стимулација:
Преку НТЦ принципите, работиме на дивергентно размислување, односно градење на способноста да се решаваат проблеми во реално време, креативно и ефикасно. Голманите учат како да размислуваат брзо, да читаат ситуација, и да реагираат – не по инерција, туку со целосна свесност.

🔹 Визуелизација, ментални симулации и двојни задачи (dual-task тренинг) се редовен дел од програмата – што овозможува мозокот и телото да работат како едно. Овие методи го зголемуваат капацитетот за фокус, донесување одлуки и самодоверба – клучни елементи за секој модерен голман.

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address


Debarska Bb
Skopje
1000