01/11/2022
По 6 недели Online Coaching имаме одлични резултати иако заборава да се слика и е повеќекратен шампион во правење лоши progress pics 😅 може да се забележи видна разлика од почетокот до сега. За 6 недели го постигнавме следново:
✅ Од мек и воденаст изглед го зајакнавме мускулниот тонус и добивме посув изглед
✅ Килажата не варира премногу а соодносот на мускул и вода е сменет
✅ Го изедначивме мускулниот дисбаланс (долниот дел беше значително послаб)
Иако моментално работи 2 работи истовремено,и имаше повреда која ја спречуваше да ги изведува сите вежби,и покрај тоа наоѓа време да извежба 4 пати во неделата,така да девојки еве ви еден пример дека вашите обврски не се причина да започнете да вежбате и да смените нешто кај вашиот изглед.Се гледаме за скоро со нов update 💪🏻😎
04/10/2022
A perfectly good example of Quality over Quantity ✅
Еве уште еден пример кога станува збор за вакви драстични трансформации зошто секогаш е поважно да обрнеме внимание на прогресивно оптоварување на мускулот да го доведеме во поголема фаза на хипертрофија.
⛔️ Клучен фактор е и исхраната која беше балансирана,без да се оптоваруваме со броење на калории.
✅ За 12 недели зголемивме релативно чиста муслулна маса
✅ Го намаливме процентот на масни наслаги (bodyfat) ♨️
✅ Без непотребно и нездраво дебелеење. (dirty bulk)🧘🏻
Сево ова допринесе да се дојде до солиден резултат за периодот од 12 недели,а пред да почнеме да измислуваме изговори како на другите им е полесно,морам да напоменам дека клиентот има 43 години и е медицинско лице кое работи и по 24 часовни смени.
30/08/2022
Ако ги погледнеме и споредиме резултатите на оваа трансформација,а нешто ни е чудно околу килажата (before и after),еве еден типичен пример зошто не треба да се опседнуваме со броевите на вагата бидејќи тие не се секогаш мерило за добар изглед.
Кога целта е јасна од почеток, еден успешен 12 week transformation треба да изгледа вака.Притоа истовремено успеавме
✅ Да го тонираме телото.
✅ Да ја зголемиме мускулната маса 💪🏻
✅ Да го намалиме процентот на масни наслаги (bodyfat) ♨️
✅ Без екстремен пад на килажата и нездраво слабеење. 🧘🏻
Сево ова даде резултат кој не беше баш лесен да се постигне, но сепак испадна една успешна трансформација која вреди да се сподели.
04/08/2022
Иако добрата генетика многу допринесува кон побрзи и подобри резултати на прогресот при нашето вежбање,сепак не е пресуден фактор кога станува збор за нашата финална форма.
Колку и да сме добро генетски надарени,ако немаме контрола над тоа што го внесуваме и немаме правилна насока кон типот на тренингот и вежбите кои треба да ги изведуваме,ако само се ослониме кон нашата генетика,таа нема да ви допринесе со помал труд да имате значителна разлика при постигнување на посакуваниот резултат.
Со мојата ONLINE COACHING програма за само 4 недели,иако визуелно нема премногу видлива разлика успеа да намали 7 килограми, да го постигне својот максимум за овој период и притоа:
✅ Без да гладува 🥦 🍳 🥩
✅ Да нема пад на силата при намалување на калориите додека е во калориски дефицит 💪🏻😌
✅ Да нема преголеми рестрикции при изборот на храна 🥕🍠🥒🍗
✅ Да не користи анаболици ❌💉
✅ Повремено и да ужива и во алкохол 🥂
✅ И секако да не претерува со секојднени исцрпувачки кардио тренизи 💆🏻♂️ 🏃🏻
Посебно сум горд и благодарен на овој успех како и за неговиот карактер со кој за волку краток период направи фантастични резултати,и покрај самиот факт дека претходно никогаш не бил под никаков режим на исхрана,ниту пак користел некаква програма за вежбање.
14/07/2022
Ако подетално ги разгледаме слајдовите, можеме да забележиме дека овие двајца луѓе се всушност истиот човек,иако човекот на фотографијата од левата страна изгледа како да може да го изеде за појадок човекот од десната страна.🤔
✅ разликата е во симнати вкупно 35 килограми САЛО и зголемување на МУСКУЛНА МАСА која е скоро НЕПОСТОЕЧКА во почетната фаза.💪🏻😎
✅ Ова е 6 месечен резултат и природна трансформација без користење на анаболици и стимуланси. ⚠️🚫💉✖️
✅0 cheat days (без разлика дали сме на одмор или не)
✅ 0 пропуштени тренинзи.🏋🏻♂️
✅ 0 пропуштени оброци. 🥑
и што е најважно:
✅ Без гладување.💆🏻♂️
Горд сум на оваа трансформација и од карактерот на кој го издржа овој цел процес без ниту еден прекршок,без ниту една поплака,а овој процес не е едноставен за човек што нема кренато ништо потешко од маусот и тастатурата,се нема помрднато од каучот за гејмање,а и воедно се заморуваше по 50м пешачење.
18/06/2021
Почитувани,
Ве известуваме дека на ден Сабота, 19ти и Недела, 20ти Јуни клубот нема да работи поради празникот.
Се гледаме од Понеделник.
Со почит,
Тимот на Lifestyle
01/06/2021
Почитувани,
Со тешко срце морам да ви соопштам, по 12 години работење, дојдовме во безизлезна позиција во која сме принудени да го затвориме нашиот фитнес центар. Се осеќам должен да појаснам дека причината се фактори што не зависат од нас (себични индивидуи кои немаат интегритет, за време на општа пандемија и криза ветуваат едно, зборат друго и прават сосема трето).
Во текот на овие години пробавме да најдеме адекватен простор и локација во кој би се релоцирале и би ви го пружиле истото искуство и позитивна енергија, нештото по коешто е најпрепознатливо Lifestyle Fitness Studio, меѓутоа опциите ни се исцрпени и одлучивме дека нашето затворање би било најразумна и најдобра опција за нас како и за вас.
Lifestyle Fitness Studio ќе продолжи да фунционира до крајот на месецот, сите годишни и 6 месечни чланарини по барање на клиентите ќе можат да се сторнираат. Секој член што сака да ги користи нашите услуги ќе може да ги користи до крајот на месецот.
Цела оваа приказна започна со ентузијазам и љубов кон спортот, односно фитнесот и бодибилдингот а прерасна во дом и стартна точка на шампиони и многу идивидуи кои денес се успешни и препознатливи во фитнес индустријата во нашата држава. Во изминативе 12 години, во нашиот фитнес центар се создадоа многу пријателства, прекрасни моменти и преубава енергија, нешто по коешто нашиот клуб е најпрепознатлив во државата и тоа ни беше најголем мотив и ни даваше волја и енергија за да функционираме сите овие изминати години.
Lifestyle Fitness Studio нема повеќе да функционира како комерцијален фитнес центар, меѓутоа ќе продолжи да функционира со нов концепт на работа, нешто што ќе биде ново и уникатно во нашата држава, на нова локација во населбата Карпош.
Oд се' срце сакам да му заблагодарам на секој член што влегол, направил тренинг и бил дел од оваа наша приказна.❤️
06/04/2021
Почитувани,
Согласно Владината одлука за затворање на фитнес центрите, ве известуваме дека Lifestlye Fitness Studio Skopje нема да работи во периодот од 6ти до 20ти Април.
Моментално активните чланарини ќе бидат продолжени по отварањето.
Поздрав,
Тимот на
Lifestyle Fitness Studio Skopje
25/01/2021
Почитувани,
Ве известуваме дека од Понеделник, 25.01.2021 фитнес клубот ќе работи во следното работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 21:00
Саб: 10:00 - 21:00
Нед: Затворено
Со почит,
Тимот на Lifestyle Fitness Studio
18/01/2021
Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 19.01.21 (Вторник) фитнес клубот нема да работи поради празникот Богојавление (Водици).
Со почит,
Тимот на Lifestlye
30/12/2020
Почитувани,
Ве известуваме дека поради Новогодишните и Божиќни празници, фитнес клубот нема да работи на следниве датуми: 31.12.20, 01.01.21, 02.01.21, 03.01.20, 06.01.21 и 07.01.21.
Среќни Празници и се гледаме во Новата 2021!
Со почит,
Тимот на Lifestlye