Македонска Еспорт Федерација

Македонска Еспорт Федерација Македонската еспорт федерација е непрофитна организација одговорна за еспорт натпревари и лиги.

Македонската еспорт федерација е непрофитна организација одговорна за еспорт натпревари и лиги. Нашата мисија е развојот на еспортот и соодветен систем на натпреварување во Република Северна Македонија. Регистрирана во централниот регистар на Република Македонија во 2009 година, ние сме најстарата еспорт федерација во регионот.

На 27 јануари 2022 година, Македонската еспорт федерација го доби решението за вршење дејност спорт од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт и со тоа Република Северна Македонија стана првата држава во поширокиот регион која го признава еспортот како полноправен спорт.

Федерацијата ја сочинуваат 5 постојани клубови како основачи и повеќе од 120 тимови кои учествуваат на официјалните лиги и турнири.

Дел сме од интернационални натпревари уште од 2005 година. До сега сме учествувале на единаесет Светски првенства каде што имаме освоено два златни медали (2021,2022) во дисциплината „Counter-Strike: Global Offensive“, на два Европски купови на нации каде што имаме освоено два златни медали (2020,2021) во дисциплините „Counter-Strike: Global Offensive“ и „League of Legends“ и на едно Европско првенство каде што имаме освоено еден златен и еден бронзен медал во дисциплините „Counter-Strike: Global Offensive“ и „eFootball™ 2022“.

25/09/2026

Генералното собрание Скопје 2026 низ нашите очи.

Ви благодариме на сите што бевте дел од оваа приказна. До следниот пат! 🤝

x

🇲🇰 Скопје во знакот на европскиот еспорт!Изминатите денови, Скопје беше домаќин на високи претставници на IESF, EEF и по...
19/09/2026

🇲🇰 Скопје во знакот на европскиот еспорт!

Изминатите денови, Скопје беше домаќин на високи претставници на IESF, EEF и повеќе од 30 национални еспорт федерации од Европа, по повод Генералното собрание на Европската еспорт федерација.

На Собранието, за нов претседател на EEF беше избран Горан Кузмиќ, а во рамки на посетата беа реализирани и значајни средби со министерот за спорт Борко Ристовски, Македонскиот олимписки комитет и други спортски институции.

Посетата на претседателот на IESF, Влад Маринеску и европските делегации е уште еден чекор кон посилна меѓународна соработка и отворање нови можности за македонскиот еспорт.

Македонија има свое место на европската еспорт сцена.

Прочитај повеќе: https://bit.ly/skopje26

Еспортот сè повеќе станува дел од пошироката спортска приказна!На Генералното собрание на Европската еспорт федерација п...
16/09/2026

Еспортот сè повеќе станува дел од пошироката спортска приказна!

На Генералното собрание на Европската еспорт федерација присуствуваше и Борко Ристовски, министер за спорт, кој им посака добредојде на европските учесници и ја истакна важноста на понатамошниот развој на еспортот.

Кај нас еспортот веќе е признаен како спорт, а со тоа се отвораат и нови можности за негов системски развој и поддршка.

Од Скопје, со повеќе од 40 европски федерации на едно место, продолжуваме да градиме нови можности за еспортот, и кај нас и пошироко. 🇲🇰

Генерално собрание на Европската Еспорт Федерација во Скопје започна со официјално добредојде од Радослав Настасијевиќ В...
16/09/2026

Генерално собрание на Европската Еспорт Федерација во Скопје започна со официјално добредојде од Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација.

Во своето обраќање, Варџиски им посака добредојде на претставниците на европските национални еспорт федерации и ја истакна сè поголемата улога на еспортот во дигиталниот свет, особено за младите и новите генерации.

За нас како Македонска еспорт федерација, ваквата поддршка е важна. Развојот на еспортот бара соработка, меѓу федерациите, институциите и целата заедница.

Денес таа соработка се случуваше токму тука, во Скопје. 🇲🇰

Скопје беше домаќин. Европа избра нов лидер.Денес се одржа Генералното собрание на Европската еспорт федерација, со кое ...
16/09/2026

Скопје беше домаќин. Европа избра нов лидер.

Денес се одржа Генералното собрание на Европската еспорт федерација, со кое Македонија уште еднаш покажа дека има свое место на европската еспорт сцена.

Горан Кузмиќ, од Босна и Херцеговина, е избран за нов претседател на EEF со 55% од гласовите.

За нас ова беше особено значаен настан. Горди сме што за првпат бевме домаќини на Генералното собрание и што во Скопје ги пречекавме претставниците на повеќе од 40 национални еспорт федерации од Европа 🙌

Честитки до Горан Кузмиќ и новиот член на управниот одбор Ото Такала, од Финска!

Продолжуваме да работиме, да соработуваме и да го развиваме еспортот заедно.

x

Историски момент за еспортот во Македонија!Денес МЕСФ, заедно со претседателот на Светската еспорт федерација Влад Марин...
15/09/2026

Историски момент за еспортот во Македонија!

Денес МЕСФ, заедно со претседателот на Светската еспорт федерација Влад Маринеску, беше во посета на Македонскиот олимписки комитет!

Разговаравме за иднината на еспортот, едукација, интегритет и поврзување на младите со олимписките вредности преку светот на гејмингот.

Традицијата и дигиталната иднина, рака под рака. 💪🇲🇰

x

СКОПЈЕ СТАНУВА ЦЕНТАР НА ЕВРОПСКИОТ ЕСПОРТ. 🇲🇰🇪🇺На 16 септември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на Генералното собра...
31/08/2026

СКОПЈЕ СТАНУВА ЦЕНТАР НА ЕВРОПСКИОТ ЕСПОРТ. 🇲🇰🇪🇺

На 16 септември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на Генералното собрание на Европската еспорт федерација.

За Македонската еспорт федерација, ова е можност да ги потврдиме нашите способности како држава и да ги пречекаме делегатите од повеќе од 30 европски држави.

Еден град. Една Европа. Една заедничка визија.

📅 16 септември 2026
📍 Скопје, Северна Македонија

ЕВРОПА СЕ СОБИРА ВО СКОПЈЕ.

x

МЕСФ х ФФМПотпишан Меморандум за соработка за FIFAe World Cup 2026🤝⚽🎮Со ова партнерство започнуваме ново поглавје во раз...
25/05/2026

МЕСФ х ФФМ

Потпишан Меморандум за соработка за FIFAe World Cup 2026🤝⚽🎮

Со ова партнерство започнуваме ново поглавје во развојот на македонскиот eFootball и еспорт, со заедничка поддршка за нашата репрезентација на меѓународната FIFAe сцена.

Заедно градиме посилна, попрофесионална и подобро организирана иднина за македонскиот еспорт.

x

🇲🇰 Македонија ја продолжува својата eFIFA Nations League кампања во Knockout фазата против Холандија.За Македонија наста...
13/05/2026

🇲🇰 Македонија ја продолжува својата eFIFA Nations League кампања во Knockout фазата против Холандија.

За Македонија настапуваат Antonio и Andrej, и натпреварот започнува е во тек!

📺 Следете во живо на MESF_TV.

MESF x

Недела 2 eFIFA Nations League 2026! ⚽Македонија заврши со 3 победи:✔️ 1:0 против Унгарија 🇭🇺✔️ 3:0 против Швајцарија 🇨🇭✔...
13/05/2026

Недела 2 eFIFA Nations League 2026! ⚽

Македонија заврши со 3 победи:
✔️ 1:0 против Унгарија 🇭🇺
✔️ 3:0 против Швајцарија 🇨🇭
✔️ 2:0 против Литванија 🇱🇹

Поразот од Полска 🇵🇱 не го спречи тимот да обезбеди место во Knockout фазата!

Денес продолжуваат натпреварите со елиминациската фаза. 🎮

x

Address

Atinska 1-3/1
Skopje
1000

Telephone

+38970330600

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Македонска Еспорт Федерација posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Македонска Еспорт Федерација:

Shortcuts

Share

Category