Фк Вардар Гордост Македонска

Фк Вардар Гордост Македонска

Share

Страна за сите приврзаници на ВАРДАР.

04/04/2025

[ФК ВАРДАР - ФК ЦРВЕНА ЅВЕЗДА]

Подготовките на групата за хуманитарниот натпревар против Црвена Ѕвезда, кој ќе се одигра на 16 април 2025 - започнуваат!

Најавуваме најголема продажба на маички, а целта е и повеќе од јасна - ЦЕЛ СТАДИОН ВО ИСТА МАИЧКА!

Цена: 500 ден. [Црна/црвена варијанта]
•Величините се и за деца и за возрасни!

Со купување на маичката, ја помагате изработката на најголемата кореографија досега, посветена на трагично загинатите и настраданите во пожарот во Кочани!

Покрај тоа ќе бидат поставени и кутии за донации, а секако - првиот чекор кој треба да го направиме е да купиме билет!

ПРОДАЖБА НА МАИЧКИ ќе се врши веќе во вторник на Фонтана во Градски парк, во период од 18:00 - 20:00ч.

Клубот на народот е семејна традиција, љубов на генерации навивачи и јасен став!

ФОТО ВЕСТ: Вардарците Шарко и Диме навиваа за Вардар на ракометното дерби! - sportsport.mk 03/04/2025

А, Матиќ? Или врска немате дека и Матиќ е на сликата.. :)

ФОТО ВЕСТ: Вардарците Шарко и Диме навиваа за Вардар на ракометното дерби! - sportsport.mk Вчера во салата “Јане Сандански“ во Скопје се одигра големото ракометно дерби меѓу РК Вардар и Алкалоид. Фаворитот славеше против младиот состав на Кире Лазаров, ....

22/02/2025

ДОМИНАНТЕН ВАРДАР: „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ СЛАВАТ ВО СТРУГА (0:2)

16/02/2025

Искрено не ни очекував бодови со Шкендија. За жал, не памтам кога последен пат сме ги тепале.

Прво полувреме добра игра. Пресинг, трчање. Штета што немаме гол играч. Второ очекуван пад. Шкендија е преискусна екипа. Знае како да ни врзе контра и ете.

Тотално лоши 2 стартни измени у второ. Мите мораше да го руши при 2 гол. Очигледно е дека ни фалеа Спахиу и Маневски. И тоа многу, посебно Едиз.

Одиме понатаму. Притисок имаат, но ова е Вардар, треба да им е јасно уште на старт.

15/02/2025

ИНФОРМАЦИИ ЗА НАТПРЕВАРОТ!

Во недела, собирот пред натпреварот ќе започне во 12:00ч. пред југозападниот влез на Градскиот стадион.

На собирот ќе се врши продажба на:
•Билети [100 ден. со членска/ 200 ден. без]
•Налепници [100 ден. пакетче - едиција]
•Пијалоци [50 ден. / 100 денари]

Упатуваме апел до сите членови и Вардарци - СИТЕ НА ЗАПАД!

14/02/2025
14/02/2025

🔴⚫️🙏

13/02/2025

🔴⚫️

СО ГОСПОД НАПРЕД - НАШ Е ВАРДАР!

Наближува втората полусезона, второто полувреме од борбата за клубот!

Седењето дома или на јужна, грицкањето семки и водењето празни муабети кои не водат никаде, не помагаат - напротив!

Само сплотена западна трибина може да го надмине предизвикот, само обединети за клубот и водени од ставот кој останува јасен и непроменет, можеме да успееме!

Во недела, да покажеме дека досегашната борба не била залудна, дека никој не може да успее во намерата да го сруши сето она кое крваво сме го граделе со години и дека над сите нас, над секој проблем со кој се соочуваме се наоѓа ВАРДАР, клубот и идеалот за кого живееме!

Ќе минат сите зла, но нема сами од себе. Затоа сме потребни сите ние - ЗАЕДНО!

Затоа подготви се за борба, за уште едно пеколно издание и да... ЗА РЕПЕТЕ затоа што Шкендија ,,го сака тоа"!

Наскоро повеќе информации.

12/02/2025

Зарем му доликува на ФК Вардар, на четири дена пред дуелот со Шкендија, да нема никаква најава, едноставно маркетинг 0 во 21 век...

Вака ли ќе ја враќате публиката на Градски?
Ваков ли ви е проектот за враќање на навивачите на Градски?
Срамота.

31/01/2025

Немаме дадено гол од игра се уште.

Вардар одигра 0:0 против Чаквар од Унгарија.

28/01/2025

Добредојде за Мато во Вардар.

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address


Арена ''Филип II''
Skopje
1230