26/12/2025
Денес среќен ден во клубот , посреќен од роденден , ни дојде нашето девојче - фудбалерка Ева Конева на посета во клубот, која порасна со нас 5 години од 2017-2022 и дадовме знаење и сила за да продолжи понатаму фудбалски да чекори во светот., моментално е фудбалерка на United FC Малта и Репрезентативка на У-19 репрезентација,
Дојде и им врачи пакетчиња на нашите млади фудбалерки донирани од Стокомак Stokomak market и подарени од нашиот потпретседател на клубот Ѓорѓи Миновски -Џоле.Како што кажавме среќен ден и
донација имавме и од ФФМ Детска ЛИГА за сите клубови, и торбички за копачки подарени од наш пријател на клубот. Искусната Ева Конева им сподели свое искуство на малите фудбалерки и им посочи дека треба да бидат истрајни , редовни на тренинзи и натпревари да го слушаат тренерот и да не се откажуваат од својот сон како што и таа самата го живее својот . Заедно играа фудбал и ја уживаа својата среќа. Со овој тренинг го одбележавме крајот на оваа полусезона и одиме на заслужен зимски одмор. Се гледаме во новата 2026та
Благодарност на сите кои што помогнаа за да го разубавиме денот во клубот и да предизвикаме насмевка на детските лица
20/10/2025
Влог во младината -иднината
04/06/2025
Почестени сме што ќе бидеме гости на најголемиот турнир кај нас со нашите фудбалерки . Голема благодарност до организаторите на@alexandro cup .Се гледаме во недела
⚽️⚽️⚽️
🩷ЖФК ЏИЏИ СКОПЈЕ🩷
Специјален гостин на Александро Куп 2025!
Нашите деца ќе ги одмерат силите со другарките од ЖФК Џиџи во самата завршница на турнрот!
Овој пат, не се натпреваруваме за бодови – туку за забава, пријателство и добра атмосфера!
📢 Повикајте ги пријателите и семејството – поддржете ги играчите и уживајте во спортот на еден поинаков начин!
31/05/2025
Прекрасна дружба со нашите пријатели од Tiverija Strumica Women's FC , денес покажавме уште еднаш дека фудбалот обединува и создава пријателства .
Безвременското име во женскиот фудбал Aleksandra Terziski , се погрижи да се чувствуваме како дома и што покрај официјалниот натпревар во Кадетската женска фудбалска лига , овозможи и на нашите заеднички најмлади од 8 -11 години да ја почуствуваат магијата на фудбалот и да се радуваат.
Благодарност голема до вас🇲🇰⚽️
31/05/2025
Мечтаеше и сонуваше од мала , да биде дел од А репрезентација и да игра рамо до рамо со најдобрите , таму каде што припаѓа и драго ни е што помогнавме сонот да стане реалност за
Симона Ребека Меијер.
Секој нејзин успех е и наш.
Заедно со најупорните , најхрабрите , најдисциплинираните го знаеме патот кон успехот . Симона честитки
21/05/2025
Среќен роденден Теодора Митревски. Нашата фудбалерка денес полни 13 години.Среќен роденден да си ни здрава и жива , ти посакуваме многу успех во фудбалот и училиштето .Те сакаме💪⚽️❤️
30/04/2025
Среќна 10-ка на нашата челична Неда Митовска💪,Ти посакуваме многу здравје и да си ни среќна и насмеана, успешна на училиште и во фудбалот и те сакаме♥️💪⚽️🇲🇰
08/04/2025
Среќен 11-ти роденден на Лана Ѓорѓевиќ да ни е здрава и жива , голема да расте и да ја гледаме на светска сцена ,те сакаме Лана