31/05/2021
🔥 5 НЕДЕЛЕН BODYBURN ФИТНЕС ПРЕДИЗВИК 🔥
•
Девојки запишете во календарот дека стартот на BODYBURN фитнес предизвикот е 14ти Јуни 🥳
•
Пријави се и биди дел од една огромна фитнес заедница!
•
Со твојата регистрација добиваш:
🔥 25 различни тренинзи
🔥 мени исполнето со брзи и вкусни здрави рецепти
🔥 едукација на различни теми: исхрана, вежбање, мотивација, поставување на цели и многу други
🔥 facebook група за меѓусебна поддршка, инспирација и вмрежување
🔥 3 главни награди за 3те најголеми трансформации
•
Не ја пропуштај оваа шанса и кликни на линкот кај мене во био за повеќе детали 🤗
•
24/05/2021
🔥 BODYBURN CHALLENGE 🔥
•
Не заборавај да си резервираш место и да бидеш дел од bodyburn фитнес предизвикот 🤗
•
Не чекаат 5 недели исполнети со забава, вежбање, едукација и многу многу подароци 🤗
•
За сите дополнителни детали кликни на линкот кај мене во био 🔥
•
06/04/2021
6ти Април - Интернационален ден за Спорт за Развој и Мир 📣
Ден кој ја слави моќта на спортот
•
Спортот може да направи големи промени најпрво лични (индивидуални), а потоа групни/тимски и на крај општествени.
•
Јас лично го славам овој ден поради се она што спортот го има направено за мене и за луѓето околу мене.
✔ Со спортот пораснав
✔ Со спортот работам и секојдневно се градам и се спознавам како личност
✔ Со спортот запознав огромен број на луѓе кои се фанатастични, позитивни, успешни, амбициозни и инспиративни, луѓе кои никогаш не би помислила и не би имала можност да ги запознаам доколку не беше спортот
📣 Затоа го славиме овој ден и работиме и се трудиме да допринесеме преку спортот до сите деца, млади и возрасни.
•
Сликите се само дел од сите наши патувања, дружења, обуки, едукации и убави моменти ❤
•
Се надевам за брзо ќе се дружиме пак сите 👐🤗
23/02/2021
📣ПРИРАЧНИК ЗА СПОРТ ЗА РАЗВОЈ📣
•
После,
• 2 ипол години едукација, истражување и обуки (национални и интернационални)
• 2 години активна работа на терен со деца и со други тренери
конечно го креирав првиот прирачник за спорт за развој ❣
Прирачник кој ги опфаќа основите на оваа методологија, разликата помеѓу спортот и спорт за развој, практични совети за сите тренери и голем број на мали игри 🤸♀️🤸
•
Целиот прирачник е креиран во рамки на проектот "Спорт за сите" - и истиот цели кон социјална инклузија на деца и млади од ранливи категории преку примена на спорт ❣
•
Тука не застанува мојата и едукацијата на нашата организација , продолжуваме напред кон нови практики и нови искуства благодарение на нашите партнери ГИЗ ❣
•
12/01/2021
📣 ATTENTION 📣
•
Со огромна љубов, посветеност и пасија заедно со работевме на ова изненадување за вас 🤗
•
Burn It Up онлајн програма 🤗
•
Сега веќе ставаме крај на сите изговори 💪
Вежбаме каде и кога сакаме❕
•
Единствено што треба да направиш е да го отвориш линкот кој се наоѓа кај мене во bio и нашето заедничко фитнес патување може да започне 🤗
•
17/12/2020
Некои моменти едноставно остануваат засекогаш во нас 💫
•
За мене оваа година направи огромен осврт на мојата кариера.
На почетокот на годината имав комплетно друга слика за тоа каде ќе бидам до почеток на 2021 🙄
Толку брзо се променија моите планови, имав многу време да се посветам на мој личен развој, да си земам време за себе и да размислам точно на тоа каде сакам да се движам 🙂
•
Овие слики се дел од еден настан кој оваа година се одржа, а ми беше желба веќе со години 💫 според мене доколку не дојдеше до една ваква ситуација која сите не натера на некој начин да успориме и да посветиме повеќе време за себе не би го организирале ова!!
•
2020 е година која можеби повеќето ќе ја памтат по тоа што многу нивни идеи, цели и очекувања биле срушени со појавување на Ковид-19, но сепак според мене оваа година не научи на многу лекции за животот и за нас 🕊
•
Гледај ја позитивата во секоја ситуација од животот 💫 и едноставно уживај 💫
•
20/10/2020
Спорт и спортска инфраструктура во мојот Карпош.
Инсерти од снимање за кампањата „Карпош - дом за сите генерации.
📸
04/10/2020
Оваа година #скопскимаратон завршен со подобрен личен рекорд 1:55:27 💪🏃♀️