17/03/2026
Македонскиот ракомет остана без уште еден свој вреден работник.
Денес, ненадејно, почина Сашо Србиновски на 61-годишна возраст. Ќе остане запаметен како човек кој даде значаен придонес во успешната организација на Струшкиот ракометен турнир.
Некогашен ракометар на РК Струга, а подоцна и тренер на истиот клуб, Сашо Србиновски ќе остане запаметен и како прв селектор на репрезентацијата во ракомет на плажа.
Почивај во мир Сале🖤
Сочувство до семејството🙏
31/12/2025
Последно збогум на големиот пријател на РК Металург, човек со големо срце, човек што беше поддршка и покрај сопствената борба, во убави и тешки денови Stojkovic Le Petit Boban
Патувај насмеан на некое поубаво место за живот! Металург никогаш нема да те заборави🖤
13/10/2025
🖤Македонскиот ракомет остана без човекот кој го посвети својот живот на овој спорт и беше дел од најголемите успеси како селектор.
На 72-годишна возраст почина поранешниот селектор на Македонија, Илија Темелковски.
Ќе остане запаметен по 11-тото место на Светското првенство во Хрватска, но и по полуфиналето на младинското Европско првенство во 2002 и шестата позиција на младинското Светско првенство во Алжир во 2017 година.
Искрено сочувство до семејството!
Почивај во мир Иле🙏
18/05/2025
💙🤍💪 РК АЛКАЛОИД ПОБЕДИ СРЕДЕ АТИНА И ВО СКОПЈЕ ЌЕ ИГРА ЗА ЕВРОПСКА ТИТУЛА!
🔥 РК АЛКАЛОИД славеше во првото полуфинале во Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК Атина (29:25).
🚀 Најдобар стрелец на мечот беше Мартин Серафимов со шест гола. Честитки Мартин👏
Честитки за селекторот Лазаров и момците!
📅👉 Реваншот во Скопје за трофејот во Европскиот Куп на ЕХФ ќе се игра на 25 мај во СЦ „Борис Трајковски“
Поддршка за трофеј во Скопје!
17/05/2025
🤾♀️🤾♀️🤾♀️🥈🥈🥈
Пионерките на ЖРК МЕТАЛУРГ го освоија второто место во домашното првенство - пионерска лига.
Честитки за девојките и тренерот Мери Арсениевска.
Девојки за нас вие сте златни🏆🏆🏆
🎉🎉🎉
За најкорисен играч на Ф4 е прогласена ракометарката на Металург Евгенија Смиљковска
Meri Arsenievska
17/05/2025
🤾♀️🤾♀️🤾♀️Пионерките на ЖРК Металург во завршницата на пионерското првенство ја совладаа екипата на РК Астибо Штип и се пласираа во финалето🎉🎉🎉
СРЕЌНО УБАВИЦИ - ЛАВИЦИ🍀🍀🍀
11/05/2025
🤾♀️🤾♀️🤾♀️ПИОНЕРКИТЕ НА МЕТАЛУРГ ВО ИГРА ЗА ТИТУЛАТА!🏆🏆🏆
Девојчињата на Металург го одиграа вториот натпревар во разигрувањето за пласман на Ф4 завршницата и остварија убедлива победа.На домашен терен,пред својата публика убедливо ја поразија екипата на ЖРК Чаир со што обезбедија место на завршниот турнир.
Честитки!
💙🤍
28/04/2025
🇲🇰🇲🇰🇲🇰💙🤍 РК АЛКАЛОИД Е ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОПСКИОТ КУП НА ЕХФ!
За европскиот трофеј, РК Алкалоид ќе игра двомеч со грчкиот клуб РК АЕК од Атина
РК Металург им честита за големиот клупски успех, на селекторот Лазаров и момците.
Обединети за македонскиот ракомет да им дадеме поддршка во финалните натпревари
СРЕЌНО🍀🍀🍀
24/04/2025
Почитувани❗️
Ве известуваме🚨дека на датум➡️26.04.2025 (сабота) во СС „Јован Калаузи“ во Битола ќе се оддигра Ф4 во кадетска женска 🤾♀️ конкуренција.
⏰Термини на оддигрување на натпреварите:
🕚11:00 часот ЖРК Пелистер 2012 - ЖРК Вардар
🕐13:00 часот ЖРК Стружанка - ЖРК Металург
🕔17:00 часот Натпревар за 3-то место
🕖19:00 часот Финале
17/04/2025
КАДЕТКИТЕ НА МЕТАЛУРГ КЕ СЕ БОРАТ ЗА ТИТУЛА!
Девојките на Металург обезбедија учество на Ф4 турнирот во женската кадетска лига победувајќи ја екипата на ЖРК Чаир и на вториот бараж натпревар.
Во натпреварот влеговме со позитивен резултат од првиот натпревар. Започнавме со неколку грешки а понатака водството растеше од минута во минута за на крај да запишеме победа од 14 разлика (36:22)
Честитки девојки!
💙🤍