PVK "Vardar 8" - Skopje

PVK "Vardar 8" - Skopje

Share

Пливачки и Ватерполо Клуб „ВАРДАР 8„ - Скопје
Базен Б

15/07/2026

Вардар со дури 9 играчи во составот на македонската репрезентација У16 која ја претставува Македонија на престојното Балканско првенство кое се оддржува во Солун, Грција од 16 до 19 Јули.

🇲🇰 НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА МАКЕДОНСКОТО ВАТЕРПОЛО! 🤽‍♂️

По повеќе од 14 години, машката У16 ватерполо репрезентација на Македонија повторно ќе настапи на официјално меѓународно првенство.
Во периодот од 16 до 19 јули, нашите млади ватерполисти ќе ја претставуваат државата на Балканското првенство во Солун, Грција 🇬🇷

Овој настап има историско значење бидејќи претставува враќање на македонското ватерполо на меѓународната сцена и важен чекор во развојот на новите генерации репрезентативци.

Иако станува збор за У16 првенство, македонската репрезентација на овој турнир ќе настапи со значително помлад состав, составен претежно од играчи родени 2011 и 2012 година.
Целта на стручниот штаб е овие млади ватерполисти уште сега да стекнат драгоцено меѓународно искуство, да се развиваат низ силни натпревари и да изградат генерација која во наредните години ќе биде носител на македонското ватерполо.

На првенството ќе настапат и едни од најсилните ватерполо репрезентации во Европа:
🇷🇸 Србија
🇬🇷 Грција
🇲🇪 Црна Гора
🇭🇺 Унгарија
🇧🇬 Бугарија
🇷🇴 Романија
🇹🇷 Турција

За нашите репрезентативци ова ќе биде можност да се натпреваруваат против европски ватерполо велесили, да стекнат искуство кое не може да се добие на домашната сцена и достоинствено да ја претставуваат Република Македонија.

На целата репрезентација, стручниот штаб и делегацијата им посакуваме успешен настап, многу спортска среќа.

Ова е уште еден значаен чекор кон враќањето на македонското ватерполо таму каде што припаѓа!

Вардар без конкуренција во македонското ватерполо: „Црвено-црните“ апсолутни шампиони во младински категории 03/07/2026

Нешто околу македонското ватерполо и Вардар! 🦾🔥🇲🇰

Вардар без конкуренција во македонското ватерполо: „Црвено-црните“ апсолутни шампиони во младински категории Македонското ватерполо добива јасен лидер, а тоа е екипата на Вардар. По доминацијата на зимското национално првенство, „црвено-црните“ ја потврдија

Вардар останува на тронот: „Црвено-црните“ апсолутни шампиони во сите младински категории - sportsport.mk 01/07/2026

🦾💥

Вардар останува на тронот: „Црвено-црните“ апсолутни шампиони во сите младински категории - sportsport.mk Ватерполо клубот Вардар уште еднаш ја потврди својата доминација на домашната сцена, освојувајќи ги шампионските титули во сите младински категории на летното на....

Photos from PVK "Vardar 8" - Skopje's post 29/06/2026
Photos from PVK "Vardar 8" - Skopje's post 29/06/2026

That look says we’re gonna win🔥

Photos from PVK "Vardar 8" - Skopje's post 29/06/2026

ВАРДАР Е СЕУШТЕ НА ТРОНОТ! 🏆🤽🏼‍♂️

По апослутната победа на предходното односно зимското национално првенство, Вардар е повторно апсолутен шампион во сите категории односно:
🔺У12 (2014 и помлади) 🥇
🔺У14 (2012 и помлади) 🥇
🔺У16 (2010 и помлади) 🥇
🔺У18 (2008 и помлади) 🥇

Поставуваме нови стандарди во македонското ватерполо.
Со професионални и меѓународно искусни тренери но и со многу напорна работа, систем, услови и дисциплина.
Но и со целосна посветеност на сите три клучни страни а тоа се: клубот, децата и родителите!

Покрај тимскиот успех се закитивме и со 7 од вкупно 12 индивидуални награди и тоа во:

У12
🔺Павел Цветковски - најдобар голман
🔺Матео Ѓуравчевиќ - најдобар играч

У14
🔺Огнен Ивановски - најдобар играч

У16
🔺Антонио Ѓуравчевиќ - најдобар играч
🔺Марко Маџоски - најдобар стрелец

У18
🔺Михаил Влахов - најдобар играч
🔺Видан Јакимовски - најдобар голман

Поставуваме нови цел, а тоа се регионалните натпреварувања, очекувајте не на некои од високите регионални и надворешни табели, а ние ќе се бориме уште повеќе за што побрзо да не гледате во врвот на истите!

ЗА ВАРДАР! 🔴⚫️

Photos from PVK "Vardar 8" - Skopje's post 21/06/2026

Оддржавме оодлични летни подготовки во Џеновичи 🇲🇪 кои за прв пат беа во трање од 10 дена каде што нашата екипа покрај тренинзите имаше голем број на натпревари со нашите пријатели од PVK Mladost Bijela 🇲🇪во 2 категории, со Jadran m:tel Herceg Novi 🇲🇪 и со Леотар 🇧🇦.

Покрај напорните тренинзи и натпревари присуствувавме и на официјалниот пријателски натпревар помеѓу У16 репрезентациите на Црна Гора и Хрватска.

Со овие подготовки го затвораме тренажниот циклус за оваа полу сезона.
Ни следува државното првенство кое ќе се оддржи од 27 до 29 Јуни во кое влегуваме целосно подготвени🤽🏼‍♂️🦾

29/03/2026

Штотуку заврши уште една нова и прекрасан дружба 🤽🏼‍♂️

Имено, викендов бевме домаќини на нашите пријатели од Ниш 🇷🇸 со кој остваривме дружба и во најмладите категории за деца родени 2014 и помлади!

Овој тип на дружба веќе прерасна во убава традиција кога ја практикуваме веќе преку 4-5 години во различни категории, што на нас ни значи многу!

Се надеваме дека бевме добри донаќини, до некое следно гледање 👋

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Address


Булевар 8-ми Септември бр. 13
Skopje