Oxygen Mountain Bike Club

Oxygen Mountain Bike Club Oxygen, #1 cycling club in Macedonia

40°C? Никаков проблем!На денешното државно првенство во дисциплина крос кантри олимпик кое се одржа во Куманово во техни...
19/07/2026

40°C? Никаков проблем!

На денешното државно првенство во дисциплина крос кантри олимпик кое се одржа во Куманово во техничка реализација на клубот Крос Сајклинг нашите возачи беа крајно предизвикани од жешката и прашлива патека во Студена Вода, но и покрај суровите услови тие се стекнаа со одлични резултати меѓу кои и две шампионски титули.

Сениори мажи: Алексеј Атанасовски 3то место 🥉
Сениори жени: Марија Савковска 1во место 🥇
Мастерс: Денис Ѓорѓиевски 3то место 🥉
У13: Никола Кљанков 1во место 🥇

Честитики до сите натпреварувачи на остварените резултати!

XCO Крушево 2026 албум  #3
07/07/2026

XCO Крушево 2026 албум #3

Денес се одржа петтата по ред крос кантри олимпик трка во Крушево во рамки на македонската велосипедска федерација во ор...
04/07/2026

Денес се одржа петтата по ред крос кантри олимпик трка во Крушево во рамки на македонската велосипедска федерација во организација на ВК Оксижен.

Трката се одвиваше во одлични временски услови, а учество зазедоа лиценцирани и хоби натпреварувачи од сите категории кои ги покажаа своите физички и технички способности.

Нашите членови се стекнаа со следните резултати:
Мастерс:
Денис Ѓорѓиевски 2ро место 🥈
Сениори мажи:
Алексеј Атанасовски 3то место 🥉
Благој Митрески 5то место
Сениори жени:
Марија Савковска 1во место 🥇
У13:
Никола Кљанков 1во место 🥇

Голема благодарност до сите натпреварувачи и честитики за остварените резултатите!

На 1.2.2026 во Куманово се одржа првата трка од новата сезона, во категоријата вело крос, со техничка реализација на Вк ...
03/02/2026

На 1.2.2026 во Куманово се одржа првата трка од новата сезона, во категоријата вело крос, со техничка реализација на Вк Инвиктус и велосипедска федерација на Македонија.
Нашиот велосипедист Алексеј Атансовски зема учество во категоријата сениори и забележа пласман на 4-то место.
Со ова се означува старт на новата натпреварувачка сезона и им посакуваме среќна и успешна сезона на сите велосипедисти. 🚵‍♂️

31/12/2025
Во свечена церемонија, изминатиот петок се доделија годишните награди за најдобрите велосипедисти и клубови за 2025 годи...
14/12/2025

Во свечена церемонија, изминатиот петок се доделија годишните награди за најдобрите велосипедисти и клубови за 2025 година во рамки на македонската велосипедска федерација. Им честитаме на сите наградени и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина како на домашно, така и на интернационално ниво. 🚴‍♂️🚵‍♂️

ВК Оксижен прво место за најдобар клуб во планински велосипедизам 🥇
ВК Оксижен трето место за развој на млади друмски велосипедизам 🥉

Марко Поповски прво место планински велосипедизам, категорија у13🥇
Андреј Поповски второ место планински велосипедизам, категорија у13🥈
Никола Кљанков трето место планински велосипедизам, категорија у13🥉
Анита Величковска трето место планински велосипедизам, категорија жени🥉
Игор Трпковски второ место планински велосипедизам, категорија мастерс🥈
Кирил Марковски второ место планински велосипедизам, категорија сениори🥈
Дарјан Цветановски прво место дисциплина спуст, категорија јуниори 🥇
Виктор Торков второ место дисциплина спуст, категорија јуниори 🥈
Михаил Чичевалиев трето место дисциплина спуст, категорија јуниори 🥉
ВК Оксижен трето место планински велосипедизам, категорија кадети 🥉
ВК Оксижен прво место друмски велосипедизам, категорија кадети 🥇
ВК Оксижен прво место друмски велосипедизам, категорија у15 🥇

Мало внимание и за најмалите и најхрабрите од трката во Кучково 2025 и едно големо браво за Дамјан, Давор и Миха кој маш...
15/09/2025

Мало внимание и за најмалите и најхрабрите од трката во Кучково 2025 и едно големо браво за Дамјан, Давор и Миха кој машки се бореа до крај кој ќе биде прв. Паѓаа стануваа и дадоа се од себе за да стигнат до целта. До следна трка Ви посакуваме уште многу извозени километри и само храбро.

ВК Оксижен

Покрај велосипедската трка во сабота на 13.09 во Кучково нашите натпреварувачи Мартин Спасевски и Марко Чекеровски наред...
15/09/2025

Покрај велосипедската трка во сабота на 13.09 во Кучково нашите натпреварувачи Мартин Спасевски и Марко Чекеровски наредниот ден во недела на 14.09 земаа учество и во државното ридско првенство кое се одржа во Битола каде и двајцата во своите категории остварија одлични резултати го завзедоа првото место и се стекнаа со титулата македонски државен првак во ридско во друмски велосипедизам. Им честитаме на успехот и им посакуваме и понатаму да остваруваат одлични резултати.

🇲🇰

ВК Оксижен

Address

Blagoj Davkov 3
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Oxygen Mountain Bike Club posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Oxygen Mountain Bike Club:

Shortcuts

Share