21/06/2026
Вчера учествувавме на “Европското Клубско Првенство” во Сарајево каде нашите сениори покрај преголемата конкуренција имаа добар настап и освоија нови поени за Олимписката Ранг Листа.
-Христијан Симоновски победа прво коло против претставник од Полска,второ коло пораз од противник од “Refugee Team”
-Давид Божиновски пораз во последните секунди од првото коло со противник од Португалија
Ова е знак дека сме на вистинскиот пат и мотивација за уште понапорна работа 🧨
18/05/2026
Викендов настапивме на два меѓународни натпревари со 7 натпреварувачи “Астерикс Е3” и “Астерикс Куп 2026”
Првиот ден на Е3 турнирот настапија:
-Филип Симоновски 3-то место и нови 10 бода на европската ранг листа 🥉
-Давид Петковски 2 победи и пораз во борбата за медал,5-то место
-Андреа Ѓорѓевска и Аника Анастасов загубија во првото коло и останаа без пласман
Вториот ден настапија:
-Давид Божиновски со 2 победи го освои златниот медал во сениорска конкуренција до 74 кг 🥇
-Меланија Тимевска со две победи и пораз во финалето се закити со сребрен медал 🥈
-Ангел Блинџов победа во полуфинале и тесен пораз во финале освои сребрен медал 🥈
Ова е доказ за нашата посветеност и макотрпна работа на тренинзите и надвор од нив 💪🏻
08/03/2026
Вчера настапивме на “Охрид Опен” прв натпревар за оваа година во Македонската Теквондо Лига 🥋
Освоивме 9 златни🥇,11 сребрени🥈и 8 бронзени🥉медали 🔥
🏆Најдобар сениор Христијан Симоновски
🏆Најдобра кадетка Андреа Ѓорѓевска
🏆Најдобар кадет Филип Симоновски
Ова е одличен старт на натпреварувачката сезона за нашиот клуб !
Благодарност до МТФ и ТК Хваранг за одличната организација
24/12/2025
Христијан Симоновски 🏆
Плакета за еден од најуспешните спортисти во Македонската Таеквондо Лига организирана од МТФ 🇲🇰
Благодарност до Д-р Борче Костовски и МТФ за нивната визија Таеквондото да биде најуспешен спорт во Македонија 👏
15/12/2025
Викендов заедно со Македонска Tаеквондо Федерација, го организиравме меѓународниот натпревар “Илинден Опен” кој оваа година собра повеќе од 350 натпреварувачи од целиот Балкан
Трофеи за екипен пласман
1.ТК Корио
2.ТК Младост
3.ТК Астерикс
Голема благодарност до сите што помогнаа во организација на турнир од овие размери🇲🇰🇲🇰🇲🇰