05/05/2016
Што ги чека во Автокоманда !!!
(Видео) Како заврши дуелот меѓу Дејан Манасков и младиот голман Томовски
Вчера Металург одигра извонреден натпревар против Вардар, кому му покажа дека разликата во квалитетот е значително намалена и дека и натаму ќе се намалува. Свој ден имаше младиот и талентиран голман на Металург Мартин Томовски, а еве како заврши неговата пресметка со Дејан Манасков. .
22/04/2016
ЖРК Металург го одбрани својот паркет
Дуелите меѓу ЖРК Металург и Вардар Јуниор останаа единственото вистинско дерби во македонскиот женски ракомет, бидејќи се работи за рамноправни екипи, кои се далеку од квалитетот на првиот тим на Вардар, но и се надмоќни во однос на сите останати. За само дваесетина дена, Металург по вторпат го совл…
17/04/2016
Повторно момците од Автокоманда најефикасни дури 24 погодоци за нив. Браво
Петто место за кадетската репрезентација во Бугојно
Македонската кадетска репрезентација заврши на петтото место на меѓународниот турнир “Ракометот е мојата иднина“ во Бугојно. Во борбата за петтото место, повторно е совладана селекцијата на Катар, со минимални 29:28 (11:13). Катар го доби првото полувреме, но Македонија најде сили и, со пресврт во в…
01/03/2016
Браво Вуги !!!
Ниту 15-те гола на Вугринец не го спасија Макаби од пораз во финалето на Купот на Израел
Во Израел се одигра финалната средба на Купот на Израел, во која копјата ги вкрстија двете најдобри израелски екипи, Хапоел Ришон-Цион и Макаби Ришон-Цион, за која настапува поранешниот ракометар на Металург и поранешен репрезентативец на Македонија, Ренато Вугринец. Токму тој беше и најдобриот рако…
01/03/2016
Нови ракометари во Автокоманда
Металург се засили со четворица ракометари
Според регистрацијата во РФМ, по завршувањето на преодниот рок, Металург пред почетокот на вториот дел од сезоната се засили со четворица ракометари. Обезбеден е потписот на средниот бек на Амичитија Стеван Вујовиќ, кој е и поранешен ракометар на Вардар од времето на Вујовиќ. Од Вардар доаѓаат и кад…
29/01/2016
Миркуловски на својот ФБ профил добро се нашали
(Фото) Филип Миркуловски: Данке Дојчланд!
Бекот на македонската репрезентација Филип Миркуловски преку својот профил на Фејсбук им се заблагодари на Германците што ни помогнаа да се пласираме во квалификациите за Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Норвешка денеска загуби од Германија и не стигна до финалето на Европското првенство, на наше…
22/01/2016
Видео од сите голови на Македонскиот суперталент, Филип Кузмановски, кој веќе им “влезе во око“ на бројните менаџери присутни во Полска.
(Видео) Сите голови на Филип Кузмановски, македонскиот талент што веќе го бара Европа
Македонскиот суперталент Филип Кузмановски, кој веќе им “влезе во око“ на бројните менаџери присутни во Полска, вчера беше најсветлата точка во лошото издание на Македонија на средбата со Хрватска. Кузмановски постигна четири гола, а ние ги ставивме во едно видео. Па, погледајте.