09/07/2024
🎾 Започнете го денот на тенискиот терен! 🎾
🕗 08:00 - 12:00 | 300 ден за 1 час 🕗
Доколку немате тениски рекети и топчиња, бесплатно ќе ви позајмиме!
Предизвикај ги пријателите и резервирај термин на 071 376 992
Понудата трае од 10-14.07.2024
16/05/2024
🎾🏆 Уште еден одлично завршен турнир во Тенис Парк Поинтер! 🏆🎾
Честитки до сите играчи кои учествуваа на ИТФ Поинтер Опен 2024 тенискиот турнир за јуниори и јуниорки до 18год. од календарот на светската тениска федерација.
Во финалето на момчињата во сингл, гледавме интензивна битка помеѓу Освалдо Рејес од Мексико 🇲🇽 и Калин Апостол од Романија 🇷🇴 кој воедно излезе како победник од битката.
Финалето во сингл кај девојките беше исто така возбудливо, каде Теа Ковачевиќ од Босна и Херцеговина 🇧🇦 ja освои титулата по напорен меч против Лидија Панајотиду од Грција 🇬🇷.
Во финалниот меч во категоријата двојки кај момчињата Кетер Нареш Гонзалез и Освалдо Рејес од Мексико 🇲🇽 ја издоминираа победата против Ангелос Авгерис и Стефанос Пурнаропулос од Грција 🇬🇷.
Во женското финале на двојките, Јана Божиновска и Катја Ивановска од Македонија 🇲🇰, покажаа неверојатна тимска игра и за малку им избега титулата кај нивните противнички Александра Панајотиду и Лидија Панајотиду од Грција 🇬🇷.
Голема благодарност до сите играчи за нивната посветеност и страста кон тенисот како спорт, како и до Меѓународната тениска федерација, Македонската тениска федерација, многубројните спонзори, волонтери и подржувачи што го овозможија овој настан.
Честитки уште еднаш на сите победници и ви најавуваме многу повеќе возбудливи турнири во иднина! 🎉👏 🏆
14/01/2024
Winter tennis
Tennis Park Pointer
Тениски терени, игралишта за падел, кафетерија и прода?
05/09/2023
Нашиот млад тенисер Дамјан Стефанов е победник🏆 и освои прво место 🥇на турнирот за момчиња до 11 години (зелен тенис) кој викендов се играше на тениските терени на ТК Неготино во Неготино.🎾
Турнирот беше во организација на Македонската Тениска Федерација, а настапија натпреварувачи од различни градови во државата.
Горди сме на успехот на Дамјан!🎊
Нека ни се множат наградите и клупските успеси!🏆🔥🎾
21/07/2023
Без разлика дали сте почетник или професионалец спремете го рекетот и придружи ни се овој викенд
22-23.07.23 од 09:00-22:00
по промотивна цена од 400ден цел ден.
Доколку немате рекет и топчиња со задоволство бесплатно ќе Ви позајмиме!
17/07/2023
Нашиот Дамјан Стефанов избори финале на Отвореното првенство на Македонија во зелен тенис за момчиња кое викендов (15 и 16 јули 2023) се одржуваше на терените на тенискиот клуб “Југ” во Скопје и во финалната средба го освои второто место 🥈🎊🎾
Честитки за нашиот млад тенисер!
Браво Дамјан! 👏🏻👏🏻👏🏻
12/07/2023
🎾 Заврши и натпреварувањето во Македонската тениска лига! 🎾
Честитки до тимовите за нивните извонредни настапи на турнирот! По голема борба и извонредни мечеви еве краток преглед на крајното рангирање:
🏆 Прво место: ТК Југ 🏆
Голем аплауз за ТК Југ, кој покажа одлични способности и го освои првото место во лигата. Браво, ТК Југ!
🥈 Второ место: ТК Поинтер 🥈
ТК Поинтер се бореше смело и го освои заслуженото второ место. Нивниот настап беше извонреден во текот на целиот турнир, со 100% домашна екипа со исклучително посветени и верни играчи успеа да стигне до финалето. Честитки, ТК Поинтер!
🥉Трето место: ТК Неготино 🥉
ТК Неготино покажа голема тактика на теренот и заврши на третото место со впечатливи настапи. Нивниот труд и преданост се исплатија. Честитки, ТК Неготино!
🏅 Четврто место: ТК МТП 🏅
ТК МТП покажа неверојатна издржливост и талент и го освои четвртото место. Се бореа фантастично и можат да бидат горди на својот успех. Браво, ТК МТП!
Специјална пофалба заслужува ТК Поинтер, кој имаше извонредно патување. Тие победија над ТК Црна Река, ТК Тумба и ТК Неготино, стигнувајќи до финалето. Иако не го освоија првото место, можат да бидат горди со својот настап.
Изразуваме искрена благодарност кон целиот тим на ТК Поинтер за нивниот извонреден настап и придонес. Да ги пофалиме неверојатните напори на:
🎾 Илија Мартиноски (капитен) 🎾 Горазд Србљак 🎾 Обрад Марковски 🎾 Михаил Кусески 🎾 Марко Стоилковски 🎾 Максимилијан Алексовски 🎾 Петар Џугоманов
Со нивниот борбен дух и исклучителна дисциплина тие ја покажаа вистинската сила на македонскиот тенис. Браво, за тимот на Поинтер!
Македонската тениска лига без сомнение беше возбудливо искуство за сите љубители на тенисот!
02/07/2023
Нашиот млад тенисер Дамјан Стефанов е победник🥇🏆 на Отвореното првенство на Македонија во зелен тенис за момчиња до 11 години кое викендов се одржуваше на тениските терени на ТК “Топспин” во градот херој - Прилеп.🇲🇰🎊
Дамјан го освои турнирот кој се играше на земјена подлога, а е во организација на Македонската тениска федерација.🎾
Со гордост му честитаме на Стефанов за одлично одиграниот турнир и си посакуваме уште многу први места и клупски успеси.💫
26/06/2023
Честитки до Коста Заевски за второто место на турнирот во Портокалов Тенис! 🎾🥈 Горди сме на неговиот успех! 💪🏆
10/06/2023
Чeститки до сите учесници, победници, подржувачи, тениски судии и стручниот тим на Тенис Парк Поинтер за успешно организирање на тенискиот турнир Поинтер Опен 2023. Турнирот е организиран од Европската тениска федерација, а Тенис Клуб Поинтер е домаќин.
На турнирот учествуваа повеќе од 60 тенисери од цела Европа кои ги покажаа своите вештини и страст за тенисот како спорт.
Во поединечна конкуренција за девојки, Емилија Милкович покажа исклучителни вештини и се искачи на врвот, победувајќи ја Гаја Ѓуричкович со резултат од 6:2 4:6 6:2. Оваа победа е резултат на нејзиниот талент и посветеност на играта.
Во категоријата момчиња, Родион Четвериков ја оствари победата на турнирот, победувајќи го Милан Радојчич во финалниот натпревар, со резултат 3:6 6:2 6:0.
Во категоријата двојки како победници излегоа Теона Андова и Теа Ковачевиц, додека второто место го обезбедија Јана Божиновска и Катја Ивановска со резилтат 6:2 5:7 10:7 Нивната напорна работа како тим ги донесе до победата, а нивниот настап беше извонреден.
Во категоријата двојки момчиња, Јован Бјелобрк и Михајло Илич ја покажаа својата умешност и ги совладаа Солен Аертс и Луис Моуфе со резултат 6:1 3:6 10:4
Уште еднаш, честитки до сите учесници, победници,подржувачи, тениски судии и стручниот тим на Тенис Парк Поинтер за нивните напори во организацијата и успешното завршување на турнирот Поинтер Опен 2023 година.
Настаните како овој ги зближува тенисерите и ги инспирираат идните млади генерации играчи.
07/06/2023
Горазд Србљак демеска се пласираше во второто коло на фјучрс турнирот во Скопје.
Со денешната победа над Томислав Јотовски со резултат од 2-0 сетови. Во првиот сет Србљак покажа исклучителни вештини и доминација со тоа што не загуби ниту еден гем, добивајќи го сетот со 6-0.
Во вториот сет Србљак продолжи со борбениот настап и победи со 6-2, обезбедувајќи си ја победата во мечот.
Србљак во второто коло ќе се соочи со Ерги Киркин од Турција.
Му посакуваме среќа на Горазд Србљак во претстојните натпревари.
07/06/2023
Тенис Парк Поинтер оваа седмица е домаќин на престижниот тениски турнир за јунуори до 16 години, Tennis Europa U16 организиран од Европската Тениска Федерација.
На турнирот учествуваат 70 најталентираните млади тенисери од цела Европа.
Доколку сте љубител или поддржувач на тенисот, Ве покануваме заедно да ги погледнеме возбудливите мечеви!