02/01/2026
🎄 ЈОГА ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ 🧘♀️
За време на празниците не ни треба „совршен тренинг“.
Ни треба малку движење, малку дишење и многу почит кон телото.
Овие 3 пози се доволни за да:
✨ го смириш умот
✨ го раздвижиш телото
✨ се вратиш во себе
🧘♀️ Дрво поза – за рамнотежа и внатрешна стабилност
🧘♀️ Странично истегнување – за олеснување во стомакот и половината
🧘♀️ Стол поза – за сила, циркулација и чувство „јас можам“
⏳ Понекогаш се доволни 5 минути, 3 пози и неколку свесни вдишувања.
Телото не бара многу.
Бара да го слушнеме 🤍
Ако сакаш нежна хата јога прилагодена за жени 40+,
со внимание, без брзање и без притисок –
📩 пиши ми или дојди да вежбаме заедно.
🌸 Хата Јога над 40
16/11/2025
Отвораме уште една почетна група за Хата Јога над 40 ✨
18:00 вторник и петок.
Групата од 18:00 понеделник и четврток многу брзо се пополни и од срце ви благодарам за довербата.
Жените кои дојдоа во студиото ми потврдија уште еднаш дека на секоја возраст ни е потребен простор за мир, движење и убаво чувство во телото.
Во новата група ќе работиме со нежни, смирувачки вежби прилагодени за секоја жена – и за оние кои вежбаат прв пат, и за оние кои долго не си подариле време за себе.
Хата јогата за жени е почеток на едно помирно, пофлексибилно и посвесно секојдневие.
А најубавото е што никогаш не е доцна да се започне. 🌿
🧘♀️ Вторник и петок • 18:00
📞 Информации и пријавување: 070263588 – Диана
Се радувам на нови средби, насмевки и многу убави жени што ќе се приклучат. 💗
#јогазазрелижени #внатрешенмир #новагрупа #јогаСкопје #женскаенергија #јогазафлексибилнос
11/11/2025
Не одложувајте 🧘♥️
Местата се ограничени🧘
Слободни места има уште во терминот вторник и петок од 18ч
Останатите термини се пополнети🧘
♥️🧘♥️
04/11/2025
Моето прво телевизиско гостување ✨
Зборував за нешто што е длабоко во моето срце – Хата Јогата над 40, пракса која ја обединува силата, нежноста и свесноста на жената во зрел период од животот.
Интересно е… цел живот мислев дека ќе имам трема.
Како помлада, само помислата да зборувам пред публика ме парализираше – треперев, гласот ми се губеше.
Но со годините, со јогата и со искуството, научив нешто важно –
кога си во мир со себе, стравот исчезнува.
Гостувањето беше мирно, природно и искрено – токму како што е и јогата што ја предавам.
Благодарност до тимот за топлата атмосфера и убавиот разговор.
Интервјуто можете да го погледнете – линкот е на стори и во био на профилот. 🌿
28/10/2025
Отвараме нова почетна група
🕕 Понеделник и четврток од 18:00 часот
Вежбите се нежни, прилагодени,
со внимание кон зглобовите, дишењето и телото што заслужува грижа. 💜
📍Кисела Вода
🧘♀️ Има уште 2 слободни места во групата од 21:00 (понеделник и четврток) НАПРЕДНА ГРУПА
После работа – дојди да се смириш, да се растегнеш,
и да направиш рестарт со љубов кон себе.
27/10/2025
Како и многу жени од мојата генерација, бев посветена на семејството, децата и домот.
Работев како сметководителка и сè изгледаше „во ред“ – додека имаше што да се прави.
Но кога децата пораснаа и си тргнаа по свој пат, нешто во мене се испразни.
Почнаа здравствени проблеми – висок притисок, болки во крстот, трнење во рацете, незадоволство…
И токму тогаш мојата ќерка ми рече:
„Мамо, почни со јога.“
Така и направив. ❤️
Од првите часови почувствував дека нешто се менува – не само во телото, туку и во душата.
После четири години редовна пракса, во 2016 година се обучив за јога инструктор.
Со јогата се стабилизираше мојот притисок, се зајакна кичмата, болките исчезнаа, а јас повторно се почувствував жива.
Инспирирана од тоа искуство, отворив свое студио во Ново Лисиче.
Но за време на короната го затворивме студиото – и тоа беше вистински тест за мене.
Како ќе изгледа животот без јога две години?
Дали ќе продолжам со тоа што го сакам, или ќе се вратам на старото?
Продолжив. 🙏
И тоа не само со часови, туку со нешто поголемо – ново студио и ново поглавје.
Во 2023 година, заедно со повторно го отворивме студиото – овојпат во склоп на центар за психолошка и терапевтска работа, каде што се спојуваат телото, умот и енергијата. 🌿
Сакам да апелирам до секоја жена која се чувствува изгубено, празно или без насока – ве разбирам.
Сите го минуваме тој период.
Но верувајте – токму тогаш може да започне нешто прекрасно.
Денес не работам ништо друго освен јога.
И често си велам – да не почнав тогаш, денес ќе останев без ништо.
А вака, имам се што ми треба – мир, смисла и луѓе со кои дишеме заедно. 💜
✨ Од ноември започнуваме и нова група од 18:00 часот – понеделник и четврток.
📅 Првиот час е на 03.11 (понеделник).
Ако чувствуваш дека е време да се вратиш кон себе – ова е твојот знак. 🌸
15/10/2025
5 научно докажани начини како јогата го намалува стресот 🌿
Телото има своја мудрост.
Кога се движиме свесно и дишеме длабоко,
нервниот систем добива сигнал дека е безбедно.
Јогата не е само истегнување –
таа го смирува хормонот на стресот (кортизол),
ја зголемува природната хемија на мирот (GABA),
и ја враќа рамнотежата меѓу телото и умот.
Со секоја пракса – помалку напнатост,
повеќе леснотија, стабилност и присутност. ✨
📍 Хата Јога над 40
Придружи ни се во просторот во Кисела Вода
и подари си 60 минути мир и енергија.
#хатајога #јога #јоганад40 #женскаенергија #здраважена #баланс #стрес #опуштање #мир
06/10/2025
Ова морам да го споделам 😍
Јогините инсистираа а и зборовите се нивни😍
Ние вежбаме во Хата јога над 40 но ова е јога и за над 60 😀 Во групата има јогини и под 40 и ние заедно одиме кон подобро ние.
Дали сте спремни и вие🧘
#хатајоганад40 #хатајога #јога #
03/09/2025
🍀Дел од првиот час од оваа сезона🧘
🍀Пред час возбудени од повторната средба 🥰
🍀На час смирени и опуштени 😌
27/08/2025
✨ Благодарна сум за секој збор од моите вежбачки – тие најдобро ја кажуваат приказната за јогата.
Хата јога не е само вежба за телото – тоа е патување кон себе, начин да ги оставиме болките, да ја вратиме флексибилноста и да ја наполнеме душата со мир и енергија. 🌸
💜 Прекрасно е кога гледам како јогата станува дел од вашиот живот, и кога заедно ја делиме таа убавина на простирка.
👉 Ако и ти сакаш да почувствуваш промена – враќање на леснотијата во телото и мирот во умот – вратата е отворена.
Добредојде на нашата заедница. 🧘♀️
#јога #јогаскопје #јогапосле40
26/08/2025
✨ Септември е време за нов почеток – а твоето тело заслужува внимание и мир.
Ако чувствуваш болки во грбот, вкочанетост во зглобовите, замор или немирен ум – јогата е твојот најдобар сојузник. 🧘♀️
Со нежни, но мудри вежби, ќе му дадеш простор на телото да се движи полесно, а на умот да се смири.
📍 Локација: Вера Јоциќ 4а
🗓️ Термини:
– понеделник и четврток: 19:30 и 21:00
– вторник и петок: 19:30 и 21:00
📞 070 263 588
📲 Instagram: .joga.nad40
💜 Време е за тебе – твоето тело ќе ти биде благодарно.