Стрелачки клуб "Стрелец" Скопје

Стрелачки клуб "Стрелец" Скопје

Share

Тренинзите се оддржуваат во Понеделник, Среда и Петок од 18:00 до 20:00 часот

Стрелачкиот клуб "Стрелец" од Скопје постои од 1985 година, во 2002 година е преименуван во сегашното име на клубот и активно функционира до денес. Прогласуван е 10 години по ред за најуспешен клуб во Р. Македонија и брои повеќе од 100 активни членови. Дел од членовите на клубот се Државни репрезентативци учесници на европски, светски првенства и олимписки игри, а дел од нив се корисници на стипен

Покана и информации за 20-от јубилеен GRAND PRIX SKOPJE 2026 најмасовниот и најстар во континуитет меѓународен натпревар во спортско стрелаштво – 22/04/2026

Македонската Спортска Стрелачка Федерација ги известува и поканува своите активни членови, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво да земат учество или да бидат гости на јубилејниот 20-th International Open Shooting Tournament GRAND PRIX SKOPJE 2026 кој е најмасовниот и најстар во континуитет меѓународен натпревар за спортско стрелаштво во Македонија.

Покана и информации за 20-от јубилеен GRAND PRIX SKOPJE 2026 најмасовниот и најстар во континуитет меѓународен натпревар во спортско стрелаштво – Македонската Спортска Стрелачка Федерација ги известува и поканува своите активни членови, рекреативци, пријатели и љубители на спортското стрелаштво да земат уч...

Photos from Стрелачки клуб "Стрелец" Скопје's post 17/04/2026

Во текот на денешниот ден во Националниот центар за спортско стрелаштво во Скопје се одржува Државното универзитетско првенство на Македонија во поединечна конкуренција за студентки и студенти во стрелаштво со воздушна пушка.

Државното првенство го отворија Претседателот на Универзитетската спортска федерација на Македонија и Декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, проф. д-р Влатко Неделковски, како и Претседателот на Македонската спортска стрелачка федерација, Јордан Тасевски.

Овој настан традиционално се одржува со години и претставува значаен дел од развојот на универзитетскиот спорт во земјата. Интересот оваа година е особено голем, пред сè од студенти, а се очекува учество на над 400 натпреварувачи, што говори за растечката популарност на стрелаштвото кај младите и студентите и студентките генерално.

Државното првенство е во организација на Македонската спортска стрелачка федерација во соработка со Универзитетската спортска федерација на Македонија и Стрелачки клуб Стрелец Скопје со цел поттикнување на спортскиот дух, натпреварувачката култура и развојот на младите спортисти.

Учеството на 366 студенти на денешниот натпревар од кои мнозинството жени е показател дека спортското стрелаштво е еден од најмасовните поединечни олимписки спортови во Македонија со најголем интерес кај младата популација.

Натпреварот исто така е дел од проектот „Мета на промена: Родова еднаквост во стрелаштвото“ кој што е во соработка со Олимписки комитет на Северна Македонија.

-fundedByEU

Photos from Стрелачки клуб "Стрелец" Скопје's post 15/04/2026

Со задоволство ве покануваме на ден 26 април 2026 година да земете учество на првиот Стрелец куп во 2026 година, наменет за сите љубители на спортското стрелаштво единствено во дисциплините со пиштол и револвер на 25 метри.

Photos from Mikei Internacional STORE's post 07/03/2026
18/11/2025

Стрелаштвото – спорт кој заслужува посебно внимание.
Покрај физичката подготовка, овој спорт особено ги развива менталната сила, дисциплината и прецизноста – вредности кои се важни за секој млад спортист.

Денес, во просториите на новиот Национален центар за спортско стрелаштво со воздушно оружје, во спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ во Карпош, заедно со претседателот на Стрелачката федерација, г. Јордан Тасевски, официјално склучивме Меморандум за соработка помеѓу двете федерации.

Овој чекор претставува силна поддршка за развој на стрелаштвото како спорт кој навистина го заслужува тоа.

Со особено задоволство го најавуваме Државното првенство во стрелаштво за основни и средни училишта, кое ќе се одржи на 28.11.2025 година, во најсовремената стрелана согласно светски стандарди, токму тука – во нашата држава.

За време на ЕYOF Скопје 2025 раководството на МССФ покажа и докажа дека има европски вредности за организација и на најголеми спортски наст 11/09/2025

За време на ЕYOF Скопје 2025 раководството на МССФ покажа и докажа дека има европски вредности за организација и на најголеми спортски наст По многу години Стрелачкиот спорт повторно дебитираше на престижниот Европски Младински Олимписки Фестивал и тоа во Скопје, Македонија. Овој настан беше еден од н....

ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ и фотографии од спектакуларниот 19-ти Интернационален отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2025 – Македонска Спор 29/05/2025

ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ и фотографии од спектакуларниот 19-ти Интернационален отворен турнир во стрелаштво Grand Prix SKOPJE 2025 – Македонска Спор Македонската Спортска Стрелачка Федерација им се заблагодарува на сите учесници како натпреварувачи, а и гости пријатели на федерацијата и љубители на спортското...

Апсолутен Државен рекорд со светски висок резултат за Ангелески на II -от Куп со воздушно оружје за 2025 г. – Македонска Спортска Стрелачка 17/04/2025

Апсолутен Државен рекорд со светски висок резултат за Ангелески на II -от Куп со воздушно оружје за 2025 г. – Македонска Спортска Стрелачка Почитувани стрелци и љубители на спортското стрелаштво, На ден 12.04.2025 година во воздушното стрелиште во Битола во организација на МССФ, а како домаќини С.К РЕК Битол...

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Address


Ulica Ljubljanska Br. 1-1 Sportska Sala Naum N. Borche, (Partizan) Karposh
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 18:00 - 20:00
Wednesday 18:00 - 20:00
Friday 18:00 - 20:00