26/08/2026
КК Работнички АД Скопје ја известува јавноста и сите љубители на Работнички дека нов член на клубот е младинскиот репрезентативец Атанасиј Трајанов.
Атанасиј во Работнички пристигнува од редовите на второлигашот Партизан Водно Санс.
20 годишниот Трајанов е освојувач на златниот медал во 2024 година на европското првенство (Дивизија Б) со младинската репрезентација до 18 години одиграно во Скопје, каде за 21 минута бележе 6,5 поени и 6,5 фатени топки.
Тој исто така ова лето ги бранеше боите на репрезнтацијата на Македонија до 20 години на европското првенство (Дивизија Б) во Братислава.
Атанасиј е висок 2 метра, успешно игра на позициите 3 и 4.
Помеѓу другото, го краси борбена и корисна игра.
Добродојде Атанасиј во црвено-белото семејство!
🔴⚪️