07/06/2026
💫Најмладите кошаркарки на Бадел 1862 беа дел од 11-тото издание на ФИБА Европската Минибаскет конвенција во организација на ФИБА и КФМ.
🏀На Мини-баскет фестивалот земаа учество седум наши најмлади кошаркарки.
👉Целта е стекнување нови сознанија и зголемување на љубовта и посветеноста кон кошарката, нешто што Бадел 1862 го негува со години.
29/05/2026
💫Бадел 1862 ја заврши натпреварувачката сезона 2025/26 година, во која имаше екипи во сите можни возрасни категории.
👉Одигравме вкупно 87 натпревари, од нив најмногу во сениорска конкуренција, вкупно 30 натпревари, додека 18 во младинска, 16 во кадетска,12 во јуниорска и 11 во пионерска конкуренција.
Во сите одиграни 87 натпревари, имаме остварено 52 победи (60%).
💬Во за нас јубилејната година,кога славиме 50 години од постоење на клубот,во три конкуренции игравме финалиња, сениорска, кадетска и пионерска конкуренција. Освоивме шампионска титула во пионерска конкуренција, втора сезона по ред, во трето последователно финале.
Лично за мене ова се исклучителни постигнувања и резултати со што и понатаму сме на врвот на женската кошарка.
Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на стручниот тим, Дарко Димитријевиќ и Жаклина Стојановска за постигнатите резултати во една за нив предизвикувачка и напорна сезона.
Благодарност до сите кошаркарки, од најмладите до највозрасните категории, за достојно бранење на боите на клубот.
Секако не смееме да ги заборавиме и Даниел од Мој тренер elite fitness, Кинестеки-Центар за масажа и кинезитерапија, медицинскиот тим Ангела Алексова и доктор Димитар Тануровски, кои во својот домен придонесоа за резултатите на клубот.
Наредната сезона ќе целиме на уште подобри резултати", изјави претседателот на Бадел 1862, Љупчо Павловски.
28/05/2026
📍Со реванш натпреварот од четвртфиналето за пласман на фајнл-фор завршницата во М18 лигата, Бадел 1862 и официјално ја заврши сезоната.
Нашите кошаркарки беа совладани од Пробаскет со 41:52.
🏀Димитријевиќ и Анастасова постигнаа по 13 поени.
🫶Ви благодариме за поддршката оваа сезона. Се гледаме следната, посакуваме да славиме поголеми успеси.
💙💛Секогаш со срце за Бадел 1862
Не застануваме тука
Ние сме Бадел 1862
27/05/2026
📍Бадел 1862 утре на домашен терен против Пробаскет го игра вториот четвртфинален натпревар во М18 лига за пласман на фајнл-фор завршницата.
🗓28.05.2026 (четврток)
🕐19:00 часот
🏟Сала "Независна Македонија"
🙏Вашата поддршка секогаш е добредојдена.
💙💛Секогаш со срце за Бадел 1862
Не застануваме тука
Ние сме Бадел 1862
24/05/2026
✈️Прва титула за Бадел 1862 оваа сезона 🏆
🥇Бадел 1862 ја одбрани шампионската титула во М12-лига. Нашите кошаркарки во финалето беа подобри од Вардар со 40-44.
👉Резултат по четвртини: 9-22; 14-2; 6-9; 11-11.
💫Во неизвесна завршница, Бадел 1862 успеа да дојде до нова титула во оваа конкуренција, клучни беа поените на Серафимовска и Трајковска.
🏀Серафимовска беше прв стрелец со 26 поени, додека Саздовска запиша девет поени.
🫶Честитки до сите во тимот!
🙏Ви благодариме за поддршката.
💙💛Секогаш со срце за Бадел 1862
Не застануваме тука
Ние сме Бадел 1862
23/05/2026
🫶Не заборавајте утре во салата на Вардар играме финале против истоимениот тим.
📍М12 - фајнл-фор
🏀Вардар vs Бадел 1862
🕐15:00 часот
🏟Сала на Вардар - Скопје
💙💛Секогаш со срце за Бадел 1862
Не застануваме тука
Ние сме Бадел 1862
23/05/2026
💫Нашите најмлади кошаркарки се пласираа во финалето на завршницата во М12 лигата. Бадел 1862 славеше против Петровски со 20:63.
👉Противник на тренерот Жаклина Стојановска и нејзините избранички е екипата на Вардар.
🏟Финалето се игра во салата на Вардар, утре во 15 часот.
🙏Вашата поддршка секогаш е добредојдена, се гледаме во сала.
💙💛Секогаш со срце за Бадел 1862
Не застануваме тука
Ние сме Бадел 1862
22/05/2026
💫Екипата на Бадел 1862 е дел од фајнл-фор завршницата во М12.
Нашите најмлади кошаркарки во полуфиналето ќе играат против Петровски.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Вардар и Струга 2009.
👉Натпреварите се играат во салата на КК Вардар во Скопје.
ПОЛУФИНАЛЕ
🏀Петровски vs Бадел 1862
🗓23.05.2026
🕐15 часот
🏟Сала Вардар - Скопје
🙏Вашата поддршка секогаш е добредојдена.
💛💙Секогаш со срце за Бадел 1862
Не застануваме тука
Ние сме Бадел 1862
21/05/2026
📍Бадел 1862 беше поразен на првиот четвртфинален натпревар од Пробаскет со 78:58 во М18 лигата за пласман на фајнл-фор завршницата.
🏀Димитријевиќ со 18 поени беше прв стрелец, зад неа беше Стевановска со 16 поени, Анастасова 9, Стојановска 8, Огнанов 5, Станковиќ 2.
💛💙Секогаш со срце за Бадел 1862
Не застануваме тука
Ние сме Бадел 1862