10/05/2021
Во поериодот од 09.05.21 па се до 16.05.21 на терените на Тенниспарк Скопје во СЦ Јане Сандански ќе се одигрува тениски турнир организиран под капата на Светска Тениска Федерација. Денеска на распоред се квалификационите мечеви, а веќе од втроник започнува со главниот дел од турнирот. На сите учесници им посакуваме успех!
22/04/2021
Повторно одличен успех за Тенниспарк Скопје!
На Отвореното Првенство на С.Македонија до 18г во машка конкуренција Марко Стоилковски беше поуспешен од Мал Агуши со 7:6/0 6:0.
Во женска конкуренција во финалето нашата тенисерка Анастасија Стојановска загуби од Ива Данева со 6:4 6:3 во сетови.
Честитки за Марко и Анастасија и секако до нивните соиграчи!
12/04/2021
Успешна завршница на Отвореното Првенство на С.Македонија до16г кое се одигра од 10-12.04.21 во ТК Тенниспарк Скопје. Нашиот член Марко Стоилковски беше посуспешен од Лука Јанкуловски со 6:3 6:2.
Честитки Марко, со желби за уште повеќе успеси!
10/04/2021
Овој викенд Тенниспарк Скопје е домаќин на Отвореното Првенство ма С. Македонија до 16г. Финалните мечеви се закажани за во понеделник кога и ќе бидат прогласени победниците.
На учесниците им посакуваме успех!
01/04/2021
Пролетната сезона започна, овој пат на професионално подготвени тениски терени...закажете го Вашиот термин на 071376992 🎾
23/02/2021
Поради проширување на тимот имаме потреба од работник во авто пералната на СЦ ,,Јане Сандански''. Сите заинтересирани пратете CV на [email protected]
18/11/2020
Промотивни понуди за месец ноември, декември и јануари‼️
Се враќаме на вежбање во малку поразлични услови за работа, но со исто темпо и врвев квалитет 💪
➡️ Месечен ваучер за секој ден до 17:00 часот - 1500 мкд
➡️ Месечен ваучер за во текот на целиот ден - 1800 мкд
👉 За повеќе информации ☎️ 071/235 841
Ве очекуваме 💪
*Нашиот тим е безрезервно посветен, подготвен за целосно имплементирање на сите мерки за безбедност !!!
14/10/2020
Уживајте во вкусната храна на Хотел Русија на новата тераса на Tennispark Skopje 🥰
28/09/2020
ТК ТеннисПарк е апсолутен освојувач на Државното Сениорско Првенство на С. Македонија во машка и женска категорија.
Нашите членови Горазд Србљак и Александра Симева, ги освоија титулите во своите категории, и уште еднаш покажаа дека најдобрите сениорски тенисери се дел од нашиот клуб.
Во машка категорија, Горазд Србљак, во финалето беше поуспешен од Калин Ивановски со резултат од 2-1 во сетови (3-6, 6-3, 6-4).
Со оваа победа, Србљак, останува најдобар сениор на С.Македонија, откако веќе четири години по ред, ја освојува титулата.
Александра Симева пак, до својата титула стигна откако беше поуспешна од Ива Кузмановска со резултат од 2-0 во сетови (7-5, 6-1).
Со оваа победа, Александра Симева, веќе втота година по ред, е освојвач на Државното Првенство на С. Македонија во женска конкуренција.
24/09/2020
Почитувани вежбачи сакаме да ве известиме дека теретаната работи со ново работно време👇
Понеделник - Петок од 10:00 до 22:00
Викенди од 12:00 до 20:00
Ве очекуваме 💪
17/09/2020
Почнувајќи од утре 18.09 па се до недела 20.09 сме домаќини на тениски турнир, Државното Првенство на С.Македонија, за Јуниори и Јуниорки до 16 години 🎾