Yoga House - Куќа на јогата

Yoga House - Куќа на јогата

Share

Find peace and balance at Yoga House—a space to move, breathe, and reconnect with yourself in harmony of body, mind, and spirit.

Scroll down for English version

Добредојдовте во Куќа на јогата, светилиште за љубителите на јога и сите кои бараат позитивни промени во својот живот. Нашето свето место е добредојдено за луѓето на нивниот пат за раст и развој, и гради заедница која расте преку убавината на јога праксата и разменa на мудрост. Заедно, тргнуваме на бескрајното патување на самооткривање, инспирирани од уникатните ж

Photos from Yoga House - Куќа на јогата's post 12/02/2026

Распоред за март 2026.
Отворени се две нови групи во вторник и четврток.
Двете групи се погодни за почетници и за напредни практиканти.

Часовите ги водат:
Gordana Mihajlovska


Пријави во порака или на е-маил.

27/01/2026

Јогата ќе ја почувствуваш само кога ќе научиш да се опушташ во секоја асана (јога положба).
До тогаш јога праксата е во фаза на физички вежби.
Сè што треба да правиш е свесно да го опушташ телото при секое издишување, задржувајќи стабилна и безбедна варијација на асаната.

Со тек на време ќе сфатиш дека поентата не е колку далеку ќе стигнеш во положбата, туку како се чувствуваш додека си во неа.

Напнатоста постепено ќе попушти.
Движењата ќе станат полесни и поприродни.
А дишењето се смирува.
Телото само си го наоѓа својот ритам.

Дури тогаш јогата преоѓа од обичен тренинг во посветена пракса што носи смиреност, сила и внатрешна рамнотежа.
И тоа не само на простирката, туку и во секојдневието. Делува и на телото и на умот, носи повеќе мир, леснотија и свесност во сè што правиш.

#јога #јогапракса #свеснодишење #опуштање #внатрешенмир #свесност #здравоживеење #спокојство #куќанајогата

20/01/2026

Јога во февруари.
Понеделник и среда од 18.00 и од 19.30 часот.

Пријави во порака или на телефон +38970346376

19/01/2026

Куќа на јогата бара инструктор по јога кој ќе може да преземе и да води групи.

Бараме личност со искуство, љубов и желба за работа со луѓе.
Нудиме пријатна атмосфера, поддршка и можност за долгорочна соработка.

Ако си заинтересиран/а, пиши ни во порака и испрати кратко инфо за себе.
Со нетрпение чекаме да се запознаеме!

13/01/2026

Кога не брзаш — стигнуваш на време

Светот нè учи дека мора да трчаме.

Побрзо да одговориме.

Побрзо да одлучиме.

Побрзо да бидеме „некој“.

Ама животот не се мери во брзина.

Се мери во рамнотежа.

Има луѓе што постојано се движат,

ама никаде не стигнуваат.

Има и такви што чекаат

но точно знаат кога да зачекорат.

Разликата не е во храброста.

Туку во внатрешниот мир.

Кога сме напнати, умот се стеснува.

Го гледаме само она што најмногу се истакнува.

Реагираме, наместо да чувствуваме.

Трчаме, наместо да слушаме.

Но кога телото е смирено,

умот почнува да гледа пошироко.

Ги забележува знаците што не викаат,

туку шепотат.

Мудроста не е во брзината,

туку во препознавањето на моментот.

Има моменти кога најхрабро е да не направиш ништо.

Да не се мешаш.

Да не докажуваш.

Да не се споредуваш.

Чекањето не е слабост.

Тоа е доверба.

Доверба дека животот има свој ритам.

И дека кога си поврзан со себе,

го препознаваш тој тек без напор.

Тогаш одлуките не доаѓаат од страв,

туку од внатрешна сигурност.

Не од притисок,

туку од внатрешна тишина.

И баш таа тишина знае

кога е време да се стои,

а кога е време да се тргне.

Брзината импресионира.

А чекањето трансформира.

Photos from Yoga House - Куќа на јогата's post 23/12/2025

Јогата најчесто ја доживуваме како нешто лично. Како мала оддишка од светот, тивок простор, време само за себе.

Со тек на време ќе сфатиме дека таа не останува само таму, на подлогата.
Јогата многу тивко влегува и во секојдневието на работа. Не наеднаш и не наметливо, туку како нешто што полека се провлекува низ работниот ден – во начинот на кој реагираме под притисок, како зборуваме кога сме уморни и како ги носиме одлуките кога не ни е јасно што понатаму.

Во работна средина сите зборуваат за продуктивност, резултати, рокови. Ретко кој зборува за внатрешниот товар што луѓето го носат со себе секој ден. За заморот што не се решава со слободен викенд. За анксиозноста што се крие зад „се е во ред“. За исцрпеноста што тивко станува нормала.

Јогата тука не доаѓа како решение, туку како поддршка. Таа те учи да застанеш пред да изгориш. Да го препознаеш моментот кога телото и умот веќе викаат „доста“, и да не го игнорираш тоа. Те учи дека стабилноста не значи секогаш цврстина, туку и способност да попуштиш, да се приспособиш и да останеш присутен.

Кога човек е психички стабилен, работите течат поинаку. Комуникацијата станува почиста. Конфликтите помалку лични. Одлуките посмирени. А луѓето – повеќе присутни, а не само физички на работа.

За мене, јогата е начин да останеш човек во систем кој често те турка да бидеш само функција. Потсетник дека успехот нема смисла ако патот до него те испразни одвнатре.

Можеби не им треба на сите јога.
Но на сите ни треба простор да дишеме, да се собереме и да се вратиме кај себе.
А од таму, и работата, и животот течат поинаку.

#јога #јогапракса #менталнадобросостојба #психичкоздравје
#работенден #работнакултура #баланс #присутност
#оддишка #времезасебе #внатрешенмир #човечност

19/12/2025

Денес е Св. Никола. Празник што кај многумина носи мирис на дом, радост и чувство дека не мораш никаде да брзаш.
Свети Никола Чудотворец, еден од најпочитуваните светци, е заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците… Го слават христијаните – и православните и католиците – но и дел од муслиманите, особено во Турција. Тоа само по себе зборува за неговата човечка, универзална димензија.

Денеска ја читав неговата животна приказна и ме допре начинот на кој се спомнува како симбол на трпение, скромност и издржливост. Без потреба од докажување, без наметнување. Само тивко, со дела. Ми дојде како потсетник колку често забораваме дека најдлабоките вредности се тивки, ненаметливи.

И ова, некако ме врати кон себе. Кон она што е едноставно и вистинско. Кон моментот кога не мораш да бидеш ништо повеќе од тоа што си. И тоа е доволно.

Тука некако природно ја чувствувам и врската со јогата. Не како практика, туку како внатрешен став. Јогата нè учи трпение со телото, скромност во очекувањата и издржливост која не доаѓа од силата, туку од присутноста. Да слушаш. Да не форсираш. Да веруваш во процесот.

И постењето како чин (инаку, лично, сум вегетаријанец) денес не го доживувам само како воздржување од храна, туку како можност за прочистување – на мислите, на внатрешниот ритам, на односот кон себе и другите.

И во овие тивки состојби на "бидување", јогата и традицијата се среќаваат.
Не за да се споредуваат, туку да нè потсетат на истото:
да живееме поспоро, посвестно и со повеќе добрина.

Среќна слава на сите што слават.
Вечно име на сите што си го носат (значењето на името Никола е "победник").
И мирен ден за сите нас.

02/12/2025

Just be. A whole new world will open to you.

05/10/2025

Ни треба инструктор/ка да превземе групи во вторник и четврток. Одговорна, педантна и организирана личност со искуство во водење часови по јога. Се работи со мали групи, до 10 практиканти. Стил на јога - хата, винјаса или пауер.
Пишете директна порака доколку сте заинтересирани.

22/09/2025

Денес е рамноденица – денот и ноќта се еднакви. Природата ни покажува совршен пример на рамнотежа.
Светлина и темнина. Движење и одмор. Внатрешно и надворешно.

Јогата нè учи дека хармонијата не значи отсуство на контрасти, туку нивна еднаква вредност.
Здивот се движи при вдишување и издишување, а животот се ткае од спротивности кои создаваат целина.

Каде во себе можеш денес да создадеш повеќе рамнотежа?
Можеби е време за пауза, можеби за акција. Можеби за збор, можеби за тишина.

Денес, дозволи си да бидеш дел од хармонијата што природата ја слави.

#рамноденица #хармонија #дениноќ #баланс #јогафилозофија #есен2025 #внатрешенмир #свесност #природатавонас #куќанајогата

19/09/2025

Промените можат да бидат возбудливи, но и застрашувачки. Нашето тело и ум најчесто бараат стабилност, а токму јогата нуди безбеден простор за тоа.

Преку асаните учиме како да останеме заземјени додека нешто се менува. Преку медитацијата – како да ги набљудуваме мислите без да се изгубиме во нив. Јогата нè учи дека секоја транзиција е мост, а не ѕид.

Наместо отпор, можеш да практикуваш отвореност. Наместо страв, љубопитност.

#куќанајогата #стабилностсојога

18/09/2025

Со секоја смена на сезоната, природата ни покажува дека ништо не е статично. Лисјата паѓаат, деновите се скратуваат, телото чувствува нов ритам. И ние сме дел од истиот циклус – не сме изолирани од природата.

Во јогата, транзициите се клучни: од вдишување во издишување, од една асана во друга, од движење во мирување. Колку сме посвестни во тие „премини“, толку полесно се справуваме и со поголемите промени во животот.

#куќанајогата #есенијога #јогискатранзиција

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address


Ulica Venijamin Machukovski Br 5
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 22:00
Tuesday 08:00 - 22:00
Wednesday 08:00 - 22:00
Thursday 08:00 - 22:00
Friday 08:00 - 22:00