The Yoga Place

The Yoga Place Нашата мисија е да го направиме вашето јога искуство в? Наш предизвик е да го направиме вашето јога искуство во The Yoga Place најдоброто во градот!

Почетокот не секогаш доаѓа со голема одлука. Некогаш доаѓа тивко, со еден здив, еден момент на присуство, една средба со...
09/09/2026

Почетокот не секогаш доаѓа со голема одлука. Некогаш доаѓа тивко, со еден здив, еден момент на присуство, една средба со себе.

Сретни се. Сретни Сѐ. 🧘🏻

На 21 јуни светлината го достигнува својот врв. Денот е најдолг, природата е во полн раскош.Земјата цвета, зрее и нè пот...
16/06/2026

На 21 јуни светлината го достигнува својот врв. Денот е најдолг, природата е во полн раскош.
Земјата цвета, зрее и нè потсетува дека по секој период на влог и раст доаѓа време на изобилие и уживање на плодовите.
Летната долгоденица нѐ повикува надвор, кон движење, кон славење на животот, на светлината околу нас и онаа што ја носиме во себе.
На овој ден светот официјално го слави благословот на постоењето на јогиската наука.
Во таа чест, ве покануваме да го дочекаме овој премин заедно, во магичната природа на Козјак, под отворено небо, во движење и дишење, низ звук и тишина.
Ќе започнеме со традиционалната изведба на 108 поздрави на сонцето, со љубов, нежно и во свое темпо, секој во слух со своето тело и во рамки на своите желби и можности. Ќе создадеме простор за повлекување кон себе со техниките за дишење и медитација, за игра и љубопитност со најмладите, ќе го отвориме умот низ разговор за древната јогиска мудрост и нејзината примена во современото постоење, а денот ќе го испратиме со звучна кундалини и гонг фузија во боите на зајдисонцето.
Придружете ни се, да се потсетиме дека си припаѓаме едни на други исто колку што ѝ припаѓаме на природата. Да споделиме љубов, тишина и смеа и да ја прославиме убавината на летото и заедништвото.

Програма:
* Воведен разговор околу симболиката и означувањето на денот 10:00
* Поздрав на сонце ритуал 10:30
* Техники за дишење, релаксација и медитација 12:00
* Јога за деца 13:00
* Предавање - јогата во современото постоење 16:30
* Гонг кундалини патување 18:00

Со здружени сили, отворени срца и љубов кон јогата, природата и заедништвото:

GRIZZLY IGLOOS & MOUNTAIN CENTER
Искра Србиновска • The Yoga Place
Ивана Батев • Ади Шакти јога центар
Лидија Котевска • Јога клуб "Тара"- Аеродром

Иницијација во Крија Јога • 15–17 мај 2026 Отворено за почетници и напредни практиканти. Продлабочете ја практиката и ис...
09/05/2026

Иницијација во Крија Јога • 15–17 мај 2026


Отворено за почетници и напредни практиканти. Продлабочете ја практиката и искусете внатрешен мир и тишина.

Пријавување: https://www.eventbrite.at/e/1985553514010

[email protected]

Kriya Yoga Initiation • May 15–17, 2026
The Yoga Place, Skopje

Open to beginners and advanced practitioners. Deepen your practice, experience inner stillness, and reconnect with your true self.

Register:
https://www.eventbrite.at/e/1985553514010 [email protected]

Оваа недела те каниме на патување кон себе, со звукот кој исцелува, продира во есенцијата и те враќа кон целоста којашто...
23/03/2026

Оваа недела те каниме на патување кон себе, со звукот кој исцелува, продира во есенцијата и те враќа кон целоста којашто си.
Вибрацијата нежно но прецизно ги одврзува јазлите, ги топи блокадите, ги смирува внатрешните бранови и отвара простор за она што сака да се ослободи.
Подготви се да се препуштиш.
Да се опуштиш.
Да отпуштиш.

📅 29 март | 18:00
📍 The Yoga Place
🎟️ Местата се ограничени - пријави се во DM

Оваа сабота ве покануваме на малку поинаков валентајнс дејт, на средбапреку допир, игра, отпуштање и препуштање.Ќе се дв...
09/02/2026

Оваа сабота ве покануваме на малку поинаков валентајнс дејт, на средба
преку допир, игра, отпуштање и препуштање.
Ќе се движиме (за)едно - со телото, со здивот, со вниманието.
Низ партнерските асани ќе забележиме
каде пристапуваме, а каде се повлекуваме,
колку силно ја држиме контролата
и колку слободно се препуштаме низ доверба.
Ќе им дозволиме на телата да се сретнат, на срцата да зборуваат без умот да се вмеша.
Ова е простор за свесна размена, простор за срце до срце, за слушање и присуство, за препознавање и соединување.

Поканата е за парови, пријатели
и за секој што сака
да ја искуси љубовта
како жива пракса,
а не како идеја.
🫶🏻

Back to school! 🤍Се враќаме во студио, се враќаме кон себе.Find your flow. 🧘🏻
20/01/2026

Back to school! 🤍
Се враќаме во студио, се враќаме кон себе.
Find your flow. 🧘🏻

Есента нѐ повикува да забавиме, да омекнеме и да се вратиме; во себе, во срцето и во заедничкиот дом. Резервирај го свое...
15/09/2025

Есента нѐ повикува да забавиме, да омекнеме и да се вратиме; во себе, во срцето и во заедничкиот дом.

Резервирај го своето место. Почнуваме од утре. 🪷

Во срцето на секој интимен однос постои копнеж - да бидеме сакани, препознаени и прифатени.Но љубовта не е доволна ако н...
22/07/2025

Во срцето на секој интимен однос постои копнеж - да бидеме сакани, препознаени и прифатени.
Но љубовта не е доволна ако не ја храниме со присуство, отвореност и будност.

Од 18 до 21 септември, ве повикуваме на ритрит за двојки; на средба каде што јас и ти се враќаат Дома - заЕдно.
Ќе се сретнеме со Себе низ партнерот, со партнерот низ Јас.
Ќе се потсетиме дека љубовта не се дава и прима - Љубовта е, Љубовта сме.

Ако го чувствуваш повикот, исконтактирај нѐ директно за повеќе информации.

🪷

Во енергетскиот зенит на Луна, те покануваме на звучно патување, на враќање кон себе, кон целоста која што си. Звукот не...
24/05/2025

Во енергетскиот зенит на Луна, те покануваме на звучно патување, на враќање кон себе, кон целоста која што си.

Звукот не само што опушта - тој вибрира со нашата телесна интелигенција. Поттикнува регенерација на клетките, го балансира нервниот систем и ги ослободува енергетските блакади и потиснатите емоции.

Во единство со полната месечина, ни овозможува продорно внатрешно чистење и длабоки увиди, расплеткување на јазлите, растопување и отпуштање на сѐ што нѐ држи заковани во прангите на умот.

Подготви се да се препуштиш, да се посведочиш, да се сетиш. 🤍

📅 11 јуни | 19:30
📍 The Yoga Place
🎟 Местата се ограничени - пријави се во DM

As the season shifts, so does your yoga journey. Flow with the change. 🧘‍♂️ 🍂Tuesday & Thursday• Rise & Shine – 08:00 - ...
13/09/2024

As the season shifts, so does your yoga journey. Flow with the change. 🧘‍♂️ 🍂

Tuesday & Thursday

• Rise & Shine – 08:00 - 09:10
• Power Vinyasa Flow – 09:15 - 10:30
• Afterwork Yoga – 17:25 - 18:40
• Flex n Relax – 18:45 - 19:55
• Gentle Evening Flow – 20:00 - 21:10

Monday & Wednesday

• Prenatal Yoga – 17:30 - 18:40

See you on the mat! 🤍

Address

Majakovski 28
Skopje

Telephone

+38978246656

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when The Yoga Place posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to The Yoga Place:

Shortcuts

Share

Category